На 21/22.02.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода А.Б.(39), Г.С.(40) и Д.Б.(18) сите од Скопје, затоа што кај нив е пронајдена и одземена прашкаста материја, марихуана и дробилка. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
На 21.02.2026 во 20.00 часот, во населба Дреновец, Тетово полициски службеници од СВР Тетово, врз основа на судска наредба, го привеле М.А.(42) од с. Порој за издржување затворска казна од четири месеци за сторено кривично дело “насилство” казниво по чл. 386 од КЗ. Тој е спроведен во КПУ Затвор Тетово за издржување на казната.
На 21.02.2026 во СВР Струмица е пријавено дека во времето од 19:30 до 19:45 часот настанал пожар на паркирано патничко возило „ланд ровер“ со струмички регистарски ознаки сопственост на Н.М.(51) од Струмица, кој се проширил и зафатил и друго паркирано возило „форд“ со струмички регистарски ознаки сопственост на В.Т.(53) од Струмица. Возилата биле паркирани на паркинг простор пред зграда на ул. „Браќа Миладинови“ во Струмица. Од страна на Територијалната противпожарна единица Струмица пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. За случајот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, а увид на местото извршија инспектор за пожари и екипа на СВР Струмица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 21.02.2026 во 23:15 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија од слобода И.С.(18) од Скопје по претходна пријава дека откако двајца малолетници физички нападнале 13-годишник истиот со патничко возило “мерцедес“ се обидел да го удри. За настанот е известен јавен обвинител. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот по што ќе следи соодветен поднесок.
На 21.02.2026 во 22:20 часот во Скопје во трговски центар на подрачјето на Карпош полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода М.Н.(20) од Скопје поради тоа што физички нападнал лице вработено како обезбедување, а откако претходно се обидел да украде производ од продажен објект. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 21.02.2026 во 22:30 часот во СВР Скопје 32-годишна жена пријави дека во Градскиот парк во Скопје била физички нападната од нејзиниот партнер А.Д.(31). Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 21.02.2026 во 11.30 часот во СВР Скопје Б.Ј.(46) пријави дека на подрачјето на Карпош била физички нападната од Б.П.(44). Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 21.02.2026 во 15:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека околу 11:30 часот на подрачјето на Гази Баба бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Б.Д.(73) и Д.Д.(47) двајцата од Скопје, а бил употребен и тврд предмет. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 21.02.2026 околу 18:04 часот во СВР Скопје од КПУ Затвор Скопје е пријавено дека во установата Ш.М. физички го нападнал М.М. инаку двајцата притвореници. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 21.02.2026 околу 16.30 часот во ОВР Струга е пријавено дека на ул. „Струшки Кепенци“ во Струга товарно возило „ивеко“ со струшки регистарски ознаки управувано од Н.О.(57) од Струга удрило во 70-годишната И.И. од с. Мислодежда, струшко. По несреќата И.И била пренесена во Медицинскиот центар Струга за укажување на лекарска помош каде подоцна починала. Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Струга. Во 21.40 часот полициски службеници го лишија од слобода Н.О. и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 22.02.2026 година во 04.37 часот во СВР Скопје било
пријавено дека на подрачје на Општина Аеродром настанал пожар на патничко моторно возило „опел“ со скопски регистарски ознаки сопственост на Ѓ.А.(48) од Скопје. Од страна на Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. За случајот е запознаен јавен обвинител, увид е извршен од страна на екипа на СВР Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 22.02.2026 во 02.35 часот во СВР Штип било пријавено дека настанал пожар во куќа на ул. „Гоце Делчев“ во Кочани, каде во моментот не биле присутни лица. Пожарот е изгаснат од Територијална противпожарна единица Кочани. Повредени лица нема. Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Кочани.
На 22.02.2026 во 01.20 часот во Скопје, во близина на рампа „Маџари“ полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата го лишија од слобода Т.Б.(28) од с.Јурумлери, скопско кој претходно бил сопрен со патничко возило по што физички нападнал полициски службеник кој извршувал службено дејствие, а исто така му упатувал и закани. По извршено алкотестирање утврдено било дека има 1,64 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 22.02.2026 во 01.00 часот во СВР Скопје е пријавено дека пред угостителски објект на подрачјето на Центар бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу В.В.(25) и С.Ќ.(23) двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 21.02.2026 во 17:20 часот во СВР Скопје Г.В.(40) пријави дека околу 12:00 часот на подрачјето на Кисела Вода бил физички нападнат од М.И.(33) двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 21.02.2026 година во 19:40 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Б.Б.(23) од Скопје. Тој на кошаркарски натпревар во спортска сала во Куманово погодил малолетно дете со метална монета при што му нанел повреди. Б.Б. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
На 22.02.2026 година во 02.40 часот, во казино лоцирано на улица „Тане Цалески“ во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево, пронајдоа и одзедоа две најлонски опаковки со остатоци од бела прашкаста материја. Во врска со тоа, од слобода ги лишија Р.Ч.(23) од кичевското село Црвевци и Б.Р.(21) од селото Грешница а на разговор ги повикаа Ш.Ф.(29) и А.А.(29) од село Гарани. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Х.Ш.(25) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. Во 2025 година во Тетово, полициски службеници забележале патничко возило „бмв“ во кое биле две лица кои вршеле купопродажба на марихуана. Веднаш потоа извршен е преглед над едното лице, при што е пронајдена марихуана која претходно ја набавил од пријавениот.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против В.А.(51) и Ф.Т.(56), двајцата од с.Неготино, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 13.05.2025 во Гостивар, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје Гостивар запреле патничко возило, во кое се наоѓале пријавените и при извршен преглед на возилото, бил пронајден и одземен кокаин.