Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок на дел од дневните настани 21.02.2026

Министерство за внатрешни работи Министерство за внатрешни работи

На 20/21.02.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода И.Ј.(46), У.Б.(34), Б.Т.(43) и тројца малолетници на возраст од 15, 16 и 17 години сите од Скопје, затоа што кај нив е пронајдена и одземена марихуана и бела грутчеста материја. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

 

На 20.02.2026 околу 20.55 часот во ОВР Дебар е пријавено дека на ул. „Иса Болетини“ во Дебар патничко возило „фолксваген голф“ со дебарски регистарски ознаки управувано од Е.Б.(20) од Дебар удрило во пешакот Н.Л.(80) од Дебар. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо“. Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Дебар.     

 

На 21.02.2026 околу 00.20 часот во ОВР Виница е пријавено дека на регионалниот пат на излез од Виница кон Берово, патничко возило „сеат ароса“, со винички регистарски ознаки управувано од М.М.(34) од с. Крушево, виничко излетало надвор од коловозот. Во несреќата на местото на настанот починал возачот, а од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт. Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Виница, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е дадено за обдукција.

 

На 20.02.2026 година во СВР Тетово, З.И.(39) од с. Гајре пријавил дека околу 20.00 часот во с. Гајре бил пресретнат од Л.М. и 16-годишно малолетно лице, кои излегле од патничко моторно возило „Голф“ со тетовски регистарски ознаки, по што насилно го внеле во двор од куќа сопственост на Л.М. Таму му упатиле закани со огнено оружје и физички го нападнале со тврд предмет. По преземени мерки, околу 21.50 часот на ул. „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода А.М.(43) и Е.М.(20) од с. Гајре, кои биле затекнати во патничко моторно возило „Голф“ кое претходно не запрело на даден знак за запирање на полициски службеници. Во с. Гајре, во присуство на родител, од слобода било лишено и 16-годишното малолетно лице. Лицата се задржани во полициска станица, а возилото е задржано за преглед во Полициската станица Тетово. Се преземаат мерки за пронаоѓање на Л.М. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 21.02.2026 година во 01.50 часот, на ул. „Питарница“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Ф.И.(36) од с. Вруток,  поради основано сомнение за сторени неколку кривични дела кражби сторени во текот на овој и минатиот месец во гостиварско подрачје. По документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.

 

На 20.02.2026 во 13:05 часот, полициски службеници од СВР Велес го привеле И.Б.(31) од Велес, врз основа на наредба од Основен суд Велес, за издржување казна затвор во траење од две години и три месеци за сторено кривично дело „тешка кражба“ казниво по член 236 од Кривичниот законик. Тој бил спроведен во Казнено - поправна установа Затвор Идризово за издржување на казната.

 

На 20.02.2026 во 21:45 часот во СВР Скопје З.П.(51) од Скопје пријави дека на 15.02.2026 на подрачјето на Ѓорче Петров била физички нападната од И.Т. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 20.02.2026 во 14:50 часот во СВР Скопје М.К.(24) пријави дека на подрачјето на Центар била физички нападната од А.Р.(45) двете од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.   

 

На 20.02.2026 во 20:20 часот во СВР Скопје Д.Ј.(47) од Скопје, пријави дека околу 14:30 часот во Градскиот парк во Скопје бил физички нападнат од едно лице со тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 20.02.2025 во 14:50 часот во СВР Скопје А.А. пријави дека на 19.02.2026 околу 23:30 часот во с. Арачиново, скопско неговиот 17-годишен син бил физички нападнат од три лица кои ги познавал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

 

На 20.02.2026 околу 10:40 часот во СВР Скопје од Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен И.С.(45) од Скопје со кои се здобил додека извршувал работни задачи во објект во изградба на подрачјето на Ѓорче Петров. Известен е трудов инспектор.

 

На 20.02.2026 во 17:00 часот во Свети Николе полициски службеници од ОВР Свети Николе го лишија од слобода Р.А.(21) по претходна пријава дека во домот физички ја нападнал неговата 34-годишна партнерка и и ги зел мобилниот телефон и клучевите од возилото. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.  

 

На 20.02.2026 во 18.30 часот во Полициската станица Делчево полициски службеници извршија службен разговор со Ш.М.(37) од Делчево по претходна пријава дека физички ја нападнал неговата 44-годишна сестра, кој употребил и тврд предмет, а исто така и упатувал и закани. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

                                        

На 20.02.2026 во 19:00 часот во ОВР Свети Николе е пријавено дека настанал пожар во фабрика кај Свети Николе. Од страна на Територијалната противпожарна единица-Свети Николе пожарот бил изгаснат. Повредени лица нема. Увид ќе се врши во текот на денешниот ден. 

 

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава Т.Ј.(20) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување на употреба наркотични дроги“. Полициски службеници извршиле преглед на паркинг простор на место викано „Виничко кале“ во Виница, при што било констатирано дека пријавениот му овозможил на едно лице да користи марихуана. Исто така, при преглед во неговиот мопед била пронајдена марихуана. 

 

СВР Велес поднесе кривична пријава против Х.Д.(23) од Росоман и У.С.(26) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори". На 17.07.2025, првопријавениот на 19-годишник продал марихуана, додека вторпријавениот истиот ден му продал амфетамин и марихуана.

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Х.С.(59) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело  „насилство врз дете“. На 22.01.2026 во Гостивар, пријавениот физички нападнал малолетник, кој претходно со повеќе други малолетници фрлале снежни топки кон возила, а едно од нив го погодиле пријавениот.

 

 

 

 

 

Мени за пристапност