Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок на дел од дневните настани 21.12.2025

Министерство за внатрешни работи Министерство за внатрешни работи
На 20/21.12.2025 во Скопје на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Х.В.(32) од Битола, М.М.(23), С.С.(22), В.Ќ.(37), В.Б.(36), Д.Д.(19), Х.Ц.(23), Д.Н.(35) и С.Б.(26) сите од Скопје, затоа што кај нив се пронајдени и одземени бела прашкаста материја, прашкаста материја, марихуана и нож. По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.
 
На 20.12.2025 околу 22:38 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„1“ во с. Ново Село, скопско патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки управувано од И.Ј.(22) од с. Волково, скопско излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот В.Ш.(26) од Скопје, а со телесни повреди се здобил возачот констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.  
 
На 20.12.2025 во 05:35 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на локалниот пат с.Оризари - с. Прибачево, кочанско кај место викано „Бели бандери“ патничко возило „фолксваген голф“ со кочански регистарски ознаки управувано од В.С.(25) од с. Прибачево излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Т.Ј.(25) од с. Прибачево и уште двајца малолетни сопатници, а со телесни повреди се здобил возачот констатирани во Општата болница Кочани. Кај возачот утврдено е дека истиот го управувал возилото под дејство на алкохол односно му биле измерени 1,39 промили алкохол во крвта. Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Кочани.
 
На 20.12.2025 во 22:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Центар по претходно недоразбирање бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу О.З.(50), Ф.С.(41), В.А.(46) и Е.З.(20) сите од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.  
 
На 21.12.2025 во 04:30 часот во СВР Скопје 30-годишна жена пријавила дека на 20.12.2025 околу 16:00 часот во домот на подрачјето на Бит Пазар била физички нападната од нејзиниот сопруг Ф.И. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
 
На 20.12.2025 во 22:45 часот во СВР Скопје В.Р.(33) од Скопје пријави дека околу 16:00 часот на подрачјето на Карпош бил физички нападнат од С.Ч. со кого имале судски спор. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
 
На 19.12.2025 во 16:40 часот во СВР Скопје Е.С.(60) од Скопје пријави дека на подрачјето на Шуто Оризари по претходно должничко-доверителски односи бил физички нападнат со тврд предмет од Е.С. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
 
На 20.12.2025 околу 19:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека во аптека на подрачјето на Бит Пазар едно лице со закана со остар предмет од вработената одзело пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  
 
На 21.12.2025 во 04:30 часот пред угостителски објект во Градскиот парк во Скопје полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода У.И.У.(37) од Нигерија, (со американски пасош и лична карта) поради тоа што физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија. При извршен преглед кај него биле пронајдени и одземени пиштол „глок“, две рамки и 30 куршуми за кои не поседувал дозвола. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
 
На 20.12.2025 во 05:20 часот по претходна пријава за гласна музика на ул. “Асном” во Штип, било интервенирано од страна на полициски службеници од СВР Штип, при што бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу А.К.(26) и С.К.(21) двајцата од Штип. Лицата се приведени, по целосно документирање ќе биде поднесен соодветен поднесок.
 
СВР Штип поднесе кривична пријава против С.Ф.(45) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“ и „лихварство“. Во текот на март и април 2025 година, полициски службеници извршиле претрес во домот на едно лице од Штип, при што е пронајдена и одземена марихуана, која ја купил од пријавениот. Исто така, при преглед на други две лица пронајдена и одземена е марихуана која ја набавиле од пријавениот. Додека, при претрес во домот на пријавениот, пронајдени и одземени се марихуана, вага со остатоци од марихуана и други предмети.
 
Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Куманово поднесе кривична пријава против С.С.(59) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“. На 25.07.2025 на Граничен премин Табановце, полициски службеници извршиле преглед во возилото „фолксваген голф’’, кое го управувал, при што биле пронајдени и одземени две патни исправи, биометриска страна за патна исправа, два печати, четири лични карти, шест легитимации и други фалсификувани документи.  
 
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против С.Ѓ.(61) од с.Сарај, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,измама“. Пријавениот, во септември 2024 и во март 2025 година, измамил 42-годишна жена од делчевско ветувајќи дека може да ѝ изработи „амајлија“ со која ќе ги реши семејните проблеми, а за услугата во два наврати зел по 30.000 денари, со што ја оштетил за вкупно за сума од 60.000 денари.
 
ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против М.У.(42) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,грабнување“. На 19.11.2025 во населба Тризла во Прилеп, пријавениот физички нападнал малолетничка, по што со употреба на сила ја внел во патничко возило и заминале од местото.
 
СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.С.(33) од Арачиново, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 16.05.2025, пријавениот испраќал смс пораки со недолична и заканувачки содржина на неговата поранешна сопруга, а ги вознемирувал и членовите на нејзиното семејство.
 
СВР Битола поднесе кривична пријава против З.М.(25), Џ.М.(21), Б.К.(30), Д.С.(21) и Ф.Ј.(22), сите од Битола, М.Б.(58) од Прилеп и Д.П.(49) од с.Ивањевци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 05.02.2025, полициски службеници извршиле претреси во домовите на пријавените, при што било констатирано дека првопријавениот одзел две ловечки пушки од неговиот дедо, кои ги поседувал со дозвола, и ги отстранил сериските броеви. После тоа, ги понудил за продажба на второ и третопријавениот, при што третопријавениот купил една од нив, додека второпријавениот ја понудил на четвртопријавениот другата пушка, кој пак му ја продал петтопријавениот. Откако се договориле, шестопријавениот ја чувал пушката во куќа во с. Алинци, каде била пронајдена и одземена со муниција.

Мени за пристапност