На 19/20.12.2025 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода В.М.(45), Ф.А.(37) и Ф.Л.(26), сите од Скопје, В.Е. (22) од с.Идризово, скопско и Љ.Ќ. (32) од Тетово, затоа што кај нив се пронајдени и одземени прашкаста материја и марихуана. По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.
На 20.12.2025 во ОВР Неготино, било пријавено дека во 00:50 часот, во село Тимјаник, неготинско, мопед „лонгија“ со неготински регистарски ознаки, управуван од 17-годишник од село Тимјаник, удрил во бетонски столб. Од здобиените повреди, на местото на настанот починал возачот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Неготино. Увид извршиле јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Неготино. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот малолетник било дадено на обдукција.
На 19.12.2025 во 11:20 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека на кружен тек од ул. „Димо наредникот“ и бул. „Гоце Делчев“ во Прилеп се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од М.Џ.(73) и велосипед, управуван од 46-годишната А.Ј., двајцата од Прилеп. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.Ј., констатирани во Општа болница Прилеп. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Прилеп.
На 19.12.2025 во 10:30 часот на Граничен премин „Деве Баир“, полициски службеници го лишија од слобода О.К.(63) од Р.Турција, затоа што при гранични проверки е констатирано дека на увид приложил фалсификувана зелена карта. Тој бил предаден на полициски службеници во ОВР Крива Паланка за понатамошна постапка.
На 20.12.2025 во 03:41 часот во СВР Скопје од Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди - изгореници по телото бил донесен Р.М.(22) од Скопје. Според пријавеното, тој се здобил со повредите од пожар кој настанал во импровизиран шатор на подрачјето на Карпош, каде живеел. Извршен е увид.
На 19.12.2025 во 06:40 часот во ОВР Кочани е пријавено дека во Итната медицинска помош во Кочани, женa од село Спанчево, општина Чешиново – Облешево, физички нападнала 33-годишна докторка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 19.12.2025 во 18:00 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го приведоа А.Д.(21) од Штип, постапувајќи по претходна пријава дека околу 17:45 часот пред семејна куќа во Штип физички нападнал 32-годишна жена од Виница. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 19.12.2025 во 23:45 часот во Македонска Каменица, полициски службеници од Полициското одделение Македонска Каменица го приведоа М.С.(43) од Македонска Каменица, затоа што се однесувал агресивно кон полициски службеници додека вршеле службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 19.12.2025 во 20:30 часот во ОВР Виница е пријавено дека на ул. „11 Октомври“ во Виница бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Д.М.(59) и Д.Д.(43), двајцата од Виница. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 19.12.2025 во 10:30 часот во СВР Штип, М.Б.(27) од Штип пријави дека на 15.12.2025 околу 01:30 часот пред угостителски објект во Штип бил физички нападнат од Е.„Н“. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 19.12.2025 во 09:58 во Полициската канцеларија Пехчево, 56-годишен маж од Пехчево пријави дека на 17.12.2025 во временски период од 08:00 до 12:00 часот од неговиот дом неговиот 38-годишен внук му одзел пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 19.12.2025 во 13:40 часот во СВР Скопје, 77-годишна жена од Скопје пријави дека истиот ден била измамена од машко лице за сума од 150.000 денари. Според пријавеното, лицето ѝ се јавило телефонски, претставувајќи и се како доктор и ѝ кажало дека треба да даде пари затоа што на нејзината ќерка требало да и се направи операција, откако претходно наводно паднала и се повредила додека ги шетала кучињата. Според пријавеното, таа парите ги оставила на договореното место, а откако се слушнала со нејзината ќерка, сфатила дека е измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 19.12.2025 во 18:45 часот во СВР Скопје, М.М.(64) од Скопје пријави дека околу 15:20 часот во двор од семејна куќа на подрачјето на Бит Пазар била физички нападната од К.Б. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 19.12.2025 во 15:00 часот во СВР Скопје, А.С.(46) од Скопје пријави дека додека се возела во автобус на ЈСП Скопје, на подрачјето на Гази Баба, била физички нападната од И.С.(39) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 19.12.2025 во 21:05 часот во СВР Скопје, С.Ј.(55) од Скопје пријави дека околу 17:20 часот, додека се качувала во автобус на ЈСП Скопје на подрачјето на Драчево, била физички нападната од женско лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 19.12.2025 во 12:55 часот во СВР Скопје е пријавено дека во угостителски објект во Скопје, И.Ј.(32) физички ја нападнала М.Н.Д.(30), двете од Скопје. Исто така, во 13:00 часот е пријавено дека пред истиот угостителски објект, И.Ј. била физички нападната од нејзиниот сопруг С.Ј. (29) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 20.12.2025 во 04:30 часот во СВР Скопје, С.В.(40) пријави дека околу 00:45 часот пред угостителски објект на подрачјето на Центар, била физички нападната од М.Л., а претходно бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу неа и С.К. (женско лице). По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 19.12.2025 во СВР Скопје е пријавено дека на 16.12.2025 во временски период од 18:00 до 19:00 часот била опожарена тенда на обложувалница на подрачјето на Карпош. Повредени лица нема. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 19.12.2025 во СВР Скопје, А.А.(53) од Скопје пријави дека во 00:40 часот на ул.„Христо Татарчев“ во Кисела Вода во Скопје, додека управувал патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, настанал пожар во возилото. Повредени лица нема. Од Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат. Извршен бил увид.
На 19.12.2025 во 06:49 часот во СВР Скопје, Г.Ј.(52) од Скопје пријави дека на ул. „Христо Татарчев“ настанал пожар во неговото патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки. Повредени лица нема. Од Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат. Извршен бил увид.
На 19.12.2025 во 15:27 часот, во ОВР Струга е пријавено дека во струшкото село Драслајца, едно лице физички и со нож го нападнало И.С.(33) од селото Ложани. Повредениот е пренесен во Општата болница во Струга за укажување на помош, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршија јавен обвинител и полициски екипи. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.С.(66) и Џ.С.(44), двајцата од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „незаконит риболов“. Тие, на 05.12.2025 година се затекнати кај месноста „Габавци“, а во нивниот пловен објект, пронајдени се рибарски мрежи со улов од 147 парчиња риба белвица, крап и клен, со вкупна тежина од околу 18 килограми и друг разновиден риболовен алат.
ОВР Демир Хисар поднесе кривична пријава против М.Ш.(33) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 14.05.2025, полициски службеници извршиле претрес во домот во демирихисарско село каде престојувал пријавениот, при што се пронајдени и одземени марихуана и дробилка со остатоци од тетрахидроканабинол.
На 19.12.2025 во 16:10 часот во СВР Охрид е пријавено дека врз Х.И.(44) од Либражд, Република Албанија, при изведување работни активности на трафостаница во близина на селото Требеништа, општина Дебрца, паднала работна машина-пумпа за бетон. Тој со тешки повреди, со патничко возило бил пренесен во близина на аеродромот Охрид, каде бил предаден на екипа од Итната медицинска помош, која констатирала дека Х.И. починал. Увид на местото на настанот извршија јавен обвинител, полициски службеници и Државен инспекторат за труд.