Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок на дел од дневните настани 21.10.2026

Извадок на дел од дневните настани 21.10.2026

 

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, до ОЈО ГОКК - Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција, поднесе кривична пријава против К.С. поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела ,,злоупотреба на службената положба и овластување“ и „несовесно работење во службата“. Пријавениот К.С., полициски службеник во Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово при СВР Тетово, на 02.02.2025 ги зторил делата со непостапување согласно законските овластувања и одредби. Имено, друг полициски службеник со радар измерил брзина на движење на две возила од 154 км/ч и 151 км/ч на место каде што дозволената брзина е 100 км/ч, по што го известил пријавениот за да ги запре возилата. Откако ги стопирал возилата и ги идентификувал возачите, на едниот возач му издал писмено предупредување за сторен сообраќаен прекршок, а на другиот возач му издал прекршочен платен налог со записник за сторен сообраќаен прекршок со износ на глоба од 45 евра, наместо и во двата случаи на возачите на возилата да им издаде прекршочни платни налози со записници за сторен сообраќаен прекршок со глоба во износ од 300 евра во денарска противвредност согласно одредба од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Со неизвршување на својата службена должност, К.С. им овозможил на сторителите на прекршоците да не бидат соодветно санкционирани и им овозможил корист, односно поповолна правна положба со избегнување на санкционирање.  

 

На 20.10.2026 околу 17:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на обиколница на Град Скопје, пред клучка Приштина, се случила сообраќајна несреќа помеѓу автобус со косовски национални ознаки, управуван од Б.М.(68) од Гостивар и патничко возило „мерцедес“ со косовски национални ознаки, управувано од М.И.(77) од Косово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил 77-годишниот возач на патничкото возило, додека со телесни повреди се здобил патникот од автобусот С.У.Б.(31) од Гостивар, констатирани во Градска општа болница „8 Септември“ и Комплекс клиники Мајка Тереза“ во Скопје. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.

 

На 20.10.2026 во Скопје, на подрачјата на Центар и Сарај, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Б.И.(40) и А.Ш.(29), двајцата од Скопје, како и А.Б.(20) и Ф.Х.(18), двајцата од скопско, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и нож. По целосно документирање на случаите,  против нив  ќе следуваат соодветни поднесоци. 

 

На 20.10.2026 во 17:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Јустинијан Први“ во Скопје, 13-годишник од Скопје, управувајќи велосипед изгубил контрола и излетал од коловозот, при што се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.

 

СВР Велес поднесе кривична пријава против К.В.(57) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 26.02.2026, при вршење контрола во простории на правно лице во демиркаписко, пријавениот предал марихуана, која противправно ја држел кај себе.

 

На 20.10.2026 во 10:30 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека на крстосница од бул„Гоце Делчев“ со ул„Прилепски бранители“ во Прилеп, 35-годишниот М.И. од Прилеп, управувајќи мопед со прилепски регистарски ознаки удрил во 10-годишно дете од Битола. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобило детето, констатирани во Градска општа болница Прилеп. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Прилеп.

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Р.С.(69) од с.Желино, тетовско поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“. На 29.08.2026 во с.Желино, по претходна расправија, пријавениот со пиштол упатил закани на М.Д.. 

 

На 20.10.2026 околу 11:00 часот во СВР Охрид е пријавено дека на ул.„15 Корпус“ во Охрид, товарно возило „ман“ со приколка со охридски регистарски ознаки, управувано од 62-годишниот О.М. од Охрид, удрило во 78-годишната М.А. од Охрид. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.А., констатирани во Специјалната болница „Свети Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Охрид.           

 

На 20.10.2026 во СВР Битола е пријавено дека во 10:10 часот од објект во близина на Градскиот стадион „Петар Милошевски“ во Битола, пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување подигнал две артилериска гранати калибар 75 мм од Првата светска војна. Додека, од ул.„Метрополитска“ во комплекс Касарни било подигнато едно панцирно зрно калибар 60мм, исто така, од Првата светска војна.    

 

На 20.10.2026 во 16:40 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на ул.„Магистрален пат“ во Кичево, кај место викано Млин, се случила сообраќајна несреќа помеѓу  патничко возило „фолксваген голф“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од С.Д.(62) од Кичево и велосипед управуван од Б.Т.(81) од Кичево. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Медицински центар Кичево. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Кичево.

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(23) од тетовско поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „телесна повреда“ и „загрозување на сигурноста“. На 25.08.2026 во семејниот дом, пријавениот физички ја нападнал неговата вонбрачна партнерка, при што со пушка ѝ упатил закани.

 

На 20.10.2026 во 10:40 часот во СВР Тетово е пријавено дека на регионалниот пат с.Лешок-с.Шемшово, тетовско, 44-годишниот С.М. од с.Копанце, тетовско, управувајќи четирицикл со тетовски регистарски ознаки, изгубил контрола и се превртел. Притоа, тој се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Тетово. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Тетово, при што било констатирано дека го управувал возилото без возачка дозвола. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

 

Отсекот за компјутерски криминал при СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Д.(42) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „производство и дистрибуција на детска порнографија“ по член 193-а од Кривичниот законик. При претрес во неговиот дом, извршен на 20.10.2026 со судска наредба, полициските службеници од СВР Охрид, во координација со полициските службеници од Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР, пронајдоа и одзедоа деск топ компјутер и видеа со експлицитни содржини од детска порнографија, по што веднаш го лишија од слобода, а  судија на претходна постапка му одреди мерка притвор во траење од 30 дена.

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(57) од с.Голема Речица, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 16.10.2026 во с.Голема Речица, полициски службеници извршиле претрес во дом и помошни простории на пријавениот, при што биле пронајдени кокаин и пиштол „Екол“ калибар 9 мм.    

 

На 20.10.2026 во 18:00 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода З.И.(64) од Велес, постапувајќи по претходна пријава дека со остар предмет му се заканувал на неговиот 63-годишен брат. Предметот бил пронајден и одземен, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 21.10.2026 во 08:40 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода В.М.(44) од Гостивар, постапувајќи по претходна пријава од неговата 45-годишна партнерка од скопско дека и упатил закани. Според пријавеното, тој и претходно агресивно се однесувал и ѝ упатувал закани. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Г.Б.(29) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“. На 15.07.2026 во семејниот дом во Тетово, пријавената физички го нападнала нејзиното седумгодишно дете.

 

На 20.10.2026 во 15:30 часот кај Железничка станица во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Е.С.(27) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека физички ја нападнал неговата поранешна 28-годишна партнерка и ѝ упатувал закани, а подоцна физички го нападнал и полицискиот службеник кој интервенирал по  пријавата. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 20.10.2026 во 12:30 часот во СВР Скопје, Ш.М.(73) од Скопје пријави дека околу 07:30 часот на подрачјето на Кисела Вода бил физички нападнат од едно лице, при што се здобил со повреди. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 20.10.2026 околу 14:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Кондово, скопско, М.Б.(38) од с.Студеничани, скопско, додека извршувал градежни работи на куќа во изградба добил струен удар, по што паднал на земја и починал. Од страна на лекар од Итна медицинска помош била констатирана смрт. Извршен е увид, а по насоки од јавен обвинител телото е предадено на Судска медицина за обдукција.

 

На 20.10.2026 околу 23:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Бутел со тврд предмет бил нападнат А.Ј.(30) од Скопје, при што се здобил со повреди и бил пренесен во Јавната здравствена установа „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.   

 

ОВР Струга поднесе кривична пријава против Е.А.(46) од струшкото село Подгорци поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „kражба“  и „пустошење шума“. При контрола и координирана акција од ОВР Струга и Шумската полиција, извршена на 16.10.2026 во планински појас над истото село, тој бил затекнат во шума во државна сопственост како со моторна пила врши бесправна сеча на немаркирано буково дрво. По преземени дополнителни мерки било утврдено дека тој исекол вкупна количина од  175 метри кубни огревно буково дрво, со што на Јавното претпријатие „Национални шуми“ му предизвикал материјална штета од 5.250.000 денари.   

 

На 20.10.2026 во 18:40 часот во СВР Скопје, Л.Т.(19) од Скопје пријави дека на 18.10.2026 околу 16:50 часот во близина на Градскиот парк во Скопје бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 20.10.2026 во 20:25 часот во СВР Скопје, 32-годишна жена пријави дека во домот на подрачјето на Бит Пазар била физички нападната од нејзиниот вонбрачен сопруг А.Ф. и нејзината золва. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.    

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Е.Р.(26) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“. На 25.07.2026 во семејниот дом во Тетово, по претходна расправија, пријавениот физички го нападнал неговиот татко.

 

На 19.10.2026 во 18:00 часот во СВР Скопје, Т.А.(26) од Скопје пријави дека на подрачјето на Бит Пазар бил физички нападнат од М.Х.(41) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 20.10.2026 околу 17:40 часот во СВР Скопје, А.К.(57) од Скопје пријави дека околу 06:20 часот на автобуска постојка на подрачјето на Автокоманда била физички нападната од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Е.Ј.(39) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“. На 06.07.2026 во Тетово, пријавениот физички нападнал малолетник.

 

На 20.10.2026 во 08:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Кисела Вода, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу М.С.(35) и В.С.(57). По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 20.10.2026 околу 15:20 часот во СВР Скопје Н.Т.(54) од Скопје пријави дека околу 06:40 часот на автобуска постојка на подрачјето на Автокоманда била физички нападната од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Мени за пристапност