Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок на дел од дневните настани 20.10.2026

Извадок на дел од дневните настани 20.10.2026

СВР Куманово поднесе кривична пријава против M.J.B.(35) од Германија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”. На 09.02.2026 на Граничен премин Табановце, на влез во државата, бил извршен преглед на патничко возило „фолксваген голф“ со германски национални ознаки, кое го управувал, при што биле пронајдени и одземени МДМА и ЛСД.

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Л.А.(35) од тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“ и „загрозување на сигурноста“. На 13.10.2026 во семејниот дом во тетовско, по претходна расправија, пријавениот физички ја нападнал неговата невенчана сопруга.

 

ОВР Кочани поднесе кривична пријава против С.Н.(57) од с.Кучичино, поради постоење основи на сомнение сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 11.03.2026, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавената, при што биле пронајдени и одземени ловечка пушка, пиштол, патрони со калибар 12 мм и куршуми со калибар 7,65мм.

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против М.Т.(30) од с.Црвевци, кичевско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 28.08.2025 во Кичево, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „бмв“, управувано од пријавениот, при што бил пронајден и одземен кокаин.

 

На 19.10.2026 околу 08:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Индира Ганди“ во Скопје, 21-годишната М.Х. од Скопје, управувајќи патничко возило „фолксваген поло“, изгубила контрола и се превртела со возилото. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.Х., додека со телесни повреди нејзината 19-годишна сопатничка Е.А. од Скопје, констатирани во Градска општа болница „8 Септември“ Скопје. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.

 

На 19/20.10.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода А.Н.(44), А.В.(41),  М.Ч.(24), Н.У.(22), Д.С.(19) и 26-годишната С.Р., сите од Скопје, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја, метадон и нож. По целосно документирање на случаите, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.  

 

Денеска (20.10.2026) во 04:20 часот во СВР Скопје, од Казнено - поправната установа Затвор Идризово е пријавено дека околу 03:30 часот, при извршен претрес во просторија во установата, била пронајдена и одземена марихуана. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.   

 

На 19.10.2026 во 07:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од  ул.„Благоја Стефковски“ и ул.„Методија Андонов Ченто“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.А.(51) од Скопје и мопед со штипски регистарски ознаки, управуван од С.М.(49) од с.Јаргулица, радовишко. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.

 

На 19.10.2026 во 18:05 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од ул.„Лек Дукаѓини“ и ул.„Клинска Леса“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.Б.(22) од Скопје и електричен тротинет управуван од 11-годишен малолетник од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил шестгодишен сопатник од тротинетот, констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.

 

На 19.10.2026 во 08:50 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на ул.„Никола Карев“ во Кочани, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сеат“ со кочански регистарски ознаки, управувано од 36-годишната Р.З. од с.Грдовци, кочанско и мопед управуван од 72-годишниот Р.Ј. од Кочани. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Итната медицинска помош во Кочани. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Кочани, при што било констатирано дека Р.Ј. го управува мопедот, пред да се стекне со право на управување. По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок.

 

На 19.10.2026 во 17:30 часот во ОВР Радовиш е пријавено дека на ул.„Видое Смилевски Бато“ во Радовиш, 58-годишната Ж.М. од Радовиш, управувајќи велосипед со помошен мотор, изгубила контрола и паднала на коловозот, при што се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Штип. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Радовиш.

 

На 19.10.2026 околу 17:00 часот на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода 17-годишник од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека со остар предмет нападнал 15-годишник од Скопје и му нанел повреди. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 20.10.2026 во 00:10 часот, полициски службеници од ОВР Берово го лишија од слобода М.Б.(43) од беровско, затоа што физички го нападнал неговиот 16-годишен син. Известен е јавен обвинител и по целосно документирање на настанот ќе следува соодветна пријава.

 

На 19.10.2026 околу 16:00 часот во СВР Скопје, Р.С.(41) од Скопје пријави дека на голем одмор пред средно училиште на подрачје на Шуто Оризари, каде што учел, неговиот 16-годишен син бил физички нападнат од две лица, од кои едниот извадил пиштол, но не пукал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против Б.С.(36) од Македонска Каменица поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „телесна повреда“ и „загрозување на сигурноста“. На 10.10.2026 во домот каде што престојува во Македонска Каменица, по претходна расправија, пријавениот физички ја нападнал неговата сопруга и ѝ упатил закани.

 

СВР Струмица поднесе кривична пријава против Б.А.(27) од с.Градашорци, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,овозможување на употреба наркотични дроги’’. На 07.11.2025 во Струмица, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана. 

 

На 19.10.2026 во 22:30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода А.С.(23) од Куманово. При преглед кај него биле пронајдени 30 опаковки со марихуана. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.  

 

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода седум возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Од нив, шест управувале возило без положен возачки испит и тоа: Р.Т.(20) од Скопје, Н.В.(30) од скопско, А.Р.(23) од гостиварско, Т.С.(54) од велешко, И.И.(19) од Прилеп и А.Г.(38) од прилепско. Додека, со брзина поголема од дозволената возела 24-годишната Е.Н. од ресенско. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

 

СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.Ј.(35) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“ по член 244 од Кривичниот законик. На катастарска парцела во охридското село Рамне, тој без одобрение за градење од надлежен државен орган започнал со градба на бетонска плоча и други придружни градежни зафати. Од градежна инспекција донесено е решение за отстранување на градбата. 

 

ОВР Струга поднесе кривична пријава против А.С.(19) од струшкото село Делогожда, А.Б.(24) од селото Поум и Џ.Б.(24) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 27.09.2026 во продажен објект на улица „Пролетерски бригади“ во Струга, пријавените физички и со метален предмет го нападнале сопственикот и една вработена.    

 

На 19.10.2026 во 23:20 часот во СВР Тетово, 42-годишна жена од Тетово пријави дека околу 20:00 часот во семејниот дом, по претходна расправија, била физички нападната од нејзиниот сопруг К.М.(37) од Тетово. Подоцна, на 20.10.2026 во 01:30 часот, К.М. сам се пријавил во СВР Тетово, по што е задржан и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.

 

На 19.10.2026 во 22:20 часот во СВР Скопје, 22-годишна жена пријави дека на 18.10.2026 околу 00:30 часот на подрачјето на Карпош, едно лице ја следело, а потоа ја допирало во телото. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 20.10.2026 околу 02:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Трета македонска бригада“ на подрачјето на општина Аеродром настанал пожар во објект. Од Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил изгаснат. Повредени лица нема. Излезено е на местото на настанот од полициски службеници од СВР Скопје.

 

На 20.10.2026 околу 01:35 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Центар, М.М.(49) од Скопје бил нападнат од три лица, при што бил употребен и остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

 

На 19.10.2026 во 16:20 часот во СВР Скопје, Ф.М.(43) од Скопје пријави дека околу 12:10 часот на подрачјето на Центар, едно лице од рака ѝ го одзело мобилниот телефон. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

    

Во СВР Скопје, А.А.(49) од Скопје пријави дека на 16.10.2026 во основно училиште на подрачјето на Шуто Оризари, неговиот малолетен син бил физички нападнат од С.А., наставник во училиштето. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 19.10.2026 во 21:30 часот во СВР Скопје 28-годишна жена пријави дека на подрачјето на Центар, нејзиниот поранешен партнер Е.С. ѝ ги одзел мобилниот телефон и паричникот, а откако се обидела да ги земе физички ја нападнал и ѝ упатувал закани. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 19.10.2026 околу 07:40 часот во СВР Скопје, 76-годишен маж од скопско пријави дека бил физички нападнат од неговата ќерка Х.С. која употребила и тврд предмет и му нанела повреди, а исто така му упатувала и закани. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

 

На 19.10.2026 околу 12:15 часот во СВР Скопје, Ф.Х. пријави дека на 18.10.2026 на подрачјето на Ѓорче Петров, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од двајца малолетници. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

               

На 19.10.2026 во 11:40 часот во СВР Скопје, Џ.Е.(60) од Скопје пријави дека на 15.10.2026 околу 20:50 часот на подрачјето на Бутел бил физички нападнат од Н.А., кој му го оштетил возилото. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

 

Мени за пристапност