На 20.08.2025 околу 21:30 часот кај место викано „Преод“ во с.Драгобраште, виничко, полициски службеници од Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија при Регионалниот центар за гранични работи Исток го лишиле од слобода Д.С.(36) од Виница. При вршење на службени активности на неведеното место, полициските службеници запреле патничко возило „тојота“ со винички регистарски оснаки, кое го управувал Ф.Г.(20) од Виница, а сопатник бил Д.С.. Притоа, Д.С. се обидел да побегне и фрлил ќеса со марихуана. Набргу бил фатен и лишен од слобода, а дрогата била пронајдена и одземена. За настанот бил запознаен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 20/21.08.2025 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода С.С.(27), Б.М.(45), М.П.(25), Д.Џ.С.(23), Д.Т.(28) и Ј.Ј.(29), сите од Скопје, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, марихуана и дробилка. По целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
На 20.08.2025 околу 23:30 часот во ОВР Струга било пријавено дека на регионалниот пат Струга-Дебар, во с.Велешта, струшко, патничко возило „мерцедес“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Е.Н.(19) од с.Велешта, излетало од коловозот. Од здобиените повреди на местото на несреќата починал возачот Е.Н., а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на ОВР Струга, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.
На 20.08.2025 околу 21:20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Гемиџиска“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ш.К.(58) од Скопје и мотоцикл „хамачи“ со скопски регистарски ознаки, управуван од А.Г.(21) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје. Извршен бил увид од уводна екипа на СВР Скопје.
На 20.08.2025 околу 21:50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од ул.„11 Октомври“ со ул.„Филип Втори“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сузуки“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.П.(64) од Скопје и патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Т.(53) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од патничкото возило „сузуки“, С.П.(73) од Прилеп, додека со телесни повреди се здобиле двајцата возачи, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ и Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.
На 20.08.2025 околу 19:55 часот во ОВР Струга било пријавено дека на магистралниот пат А2, пред кружен тек, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сузуки марути“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Н.П.(73) од Струга и патничко возило „ауди“ со струшки регистарски ознаки, управувано од С.Б.(31) од Струга. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од патничкото возило „марути“, Т.П.(76) од Струга, констатирани во Медицински центар Струга. Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Струга.
На 20.08.2025 во 16:15 часот во СВР Скопје, Ј.Ј.(40) од Скопје пријавил дека пред угостителски објект на подрачјето на Центар во Скопје од заталкано зрно од огнено оружје било оштетено ветробранското стакло од неговото возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки. Полициски службеници од СВР Скопје го подигнале зрното за понатамошна постапка. Се работи на расчистување на случајот.
На 20.08.2025 во 16:15 часот во СВР Скопје, А.П.(49) од Скопје пријавил дека во периодот од 13:30 до 15:45 часот на подрачјето на Ѓорче Петров во Скопје од заталкано зрно од огнено оружје било оштетено ветробранското стакло од неговото возило „форд“ со скопски регистарски ознаки. Полициски службеници од СВР Скопје го подигнале зрното за понатамошна постапка. Се работи на расчистување на случајот.
На 20.08.2025 во 12:40 часот во СВР Тетово, 83-годишна тетовчанка пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 2.000 евра. Според пријавеното лицето и се јавило телефонски и ја известило дека нејзината ќерка предзвикала сообраќајна несреќа во Скопје во која починал малолетник и доколку не сака таа да оди во затвор треба да донесе пари во Скопје. Како што е пријавено, таа ги однела парите на договореното место, а подоцна откако се слушнала со нејзиниот зет сфатила дека била измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Денеска (21.08.2025) во 02:42 часот во СВР Скопје било пријавено дека на паркинг пред зграда на бул.„Кочо Рацин“ во Скопје било опожарено патничко возило „опел инсигниа“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на А.Л.(32) од Скопје. Од пожарот било зафатено и патничко моторно возило „тојота лендкрузер“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на В.А. (68) од Скопје. Бригадата за противпожарна заштита Скопје го изгаснала пожарот, а повредени лица нема. Увид на местото бил извршен од увидна екипа од СВР Скопје.
Во СВР Струмица било пријавено дека во периодот од 20:00 до 23:46 часот на 17.08.2025 со употреба на сила било влезено во црквата с.Димитриј во Струмица и биле одземени пари и мобилен телефон. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 20.08.2025 во 09:10 часот во СВР Скопје, М.Д.(75) од Скопје пријавила дека на 19.09.2025 околу 21:00 часот настанал пожар во нејзината куќа на подрачјето на Гази Баба. М.Д. го изгаснала пожарот, а повредени лица нема. Полициски службеници од Полициска станица Гази Баба излегле на местото.
На 20.08.2025 во 14:30 часот во СВР Скопје, 65-годишна жена од Скопје пријавила дека на 19.08.2025 околу 10:30 часот во семејниот дом на подрачјето на Кисела Вода била физички нападната од нејзиниот син А.Ѓ.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 20.08.2025 во 20:00 часот во СВР Скопје, М.Ј.(42) од Скопје пријавил дека на 19.08.2025 околу 17:45 часот на подрачјето на општина Аеродром бил нападнат од неколку малолетници, при што се здобил со повреди. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.