СВР Скопје поднесе кривична пријава против М.Н.(24) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 27.06.2025 на паркинг простор во Скопје, полициски службеници извршиле преглед на паркирано патничко возило „опел корса“, при што биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага, кои пријавениот ги чувал за препродажба.
СВР Велес поднесе кривична пријава против С.П.(61) с.Согле, општина Чашка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи”. На 18.04.2025, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземни пушка, цевки од карабин, револвер и затворач за ловечки карабин.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ф.Л.(55) од Тетово и правно лице од Тетово - подружница во Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „повреда на права од индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма“. Во продажен објект во Куманово, управуван од пријавениот Ф.Л., била изложена и продавана текстилна стока со логото и изгледот на познати светски брендови, која била увезувана нелегално, преку карго испорака, без соодветна царинска пријава, без фактури и без документи за потекло.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против двајца 16-годишници од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“ во обид. На 02.04.2025 пријавените, кои биле во друштво на уште двајца нивни врсници, физички нападнале 14-годишник и се обиделе да му извршат разбојништво.
СВР Штип поднесе кривична пријава против Д.С.(36) од Македонска Каменица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 15.07.2025 пред здравствена установа во Делчево, поради пропуштен термин, пријавениот агресивно се однесувал и упатил закани кон лекарот.
СВР Штип поднесе кривична пријава против М.З.(51) од Берово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“. На 26.07.2025 на игралиште во Берово, пријавениот физички нападнал малолетник од Берово.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Б.В.(56) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“. Пријавената ја злоупотребила својата родителска должност за грижа и воспитување на нејзиното малолетно дете на тој начин што нејзината малолетна ќерка ја присилила на работа што не одговора на нејзината возраст, односно ја наведувала на питачење.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против Д.С.(35) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“. На 05.08.2025 во Скопје во Јавната здравствена установа „Психијатриска болница Скопје “ во Бардовци, во соба на судскиот оддел, по претходно недоразбирање, пријавениот, осуденик, физички го нападнал И.Т.(62), исто така, осуденик, и со стаклен предмет му нанел повреди, по што починал во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.А.(46) и А.Е.(27), двајцата од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“ во обид. На 16.08.2025 пред угостителски објект во Струга, пријавените физички го нападнале Н.Д.(30) од с.Велешта, при што употребиле остар предмет.
На 19/20.08.2025 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Ј.И.(19), А.Т.(23), П.Б.(24), сите од Скопје и И.Ф.(27) од Италија затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка. По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.
На 19.08.2025 во 11:45 часот на Граничен премин Деве Баир, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода Ј.А.(53) од Република Турција, затоа што при гранична контрола било констатирано дека на увид приложил фалсификувани зелени карти за товарно возило „мерцедес“ со полуприколка со турски национални ознаки, кое го управувал. По целосно документирање на случајот против Ј.А ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 19.08.2025 во 19:30 часот во ОВР Кичево било пријавено дека на ул.„Рудничка“ во Кичево, мопед „пежо“ со кичевски регистарски ознаки, управуван од Л.М.(18), удрил во пешак-12-годишна малолетничка, двајцата од Кичево. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, а со телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Медицински центар Кичево. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кичево.
На 19.08.2025 во 17:10 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на магистралниот пат Гостивар-Кичево, во близина на с.Сретково, патничко возило „мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, управувано од З.Ј.(54) од Охрид, удрило во бетонски потпорен ѕид. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле сопатничката Л.Ј.(52) и сопатникот С.Ј.(25), двајцата од Охрид, додека со телесни повреди се здобиле возачот и уште една сопатничка С.Ј.(18) од Охрид, констатирани во Општата болница Гостивар. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.
На 19.08.2025 околу 14:30 часот во СВР Скопје, Б.А.(49) од Скопје пријавил дека во кругот на станица за технички преглед на подрачјето на Чаир од заталкано зрно од огнено оружје било оштетено ветробранското стакло од неговото возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки. Полициски службеници од СВР Скопје го подигнале зрното за понатамошна постапка. Се работи на расчистување на случајот.
На 19.08.2025 во 17:49 часот во СВР Скопје било пријавено дека во магацин на приватна фирма во с.Чојлија, општина Петровец, бил пронајден починат вработениот М.А.(39) од с.Ржаничино, скопско. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.
Денеска (20.08.2025) во 01:20 часот во Полициската станица Кисела Вода било пријавено дека во домот во кој престојувал на подрачјето на Кисела Вода бил пронајден починат И.Н.(50) од Скопје. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против И.А.(64) од с.Радолишта, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 10.08.2025 во Струга, по претходна расправија, пријавениот физички го нападнал Ф.Л. и му се заканил со остар предмет.
На 19.08.2025 во СВР Велес било пријавено дека во Општа болница Велес со тешки телесни повреди бил донесен Г.П.(59) од Велес. Според пријавеното, тој се здобил со повредите околу 19:30 часот при извршување работни задачи во фабрика во Велес. Увид на местото извршиле екипа од СВР Велес и трудов инспектор и се работи на расчистување на случајот.
На 19.08.2025 во 12:10 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Е.Ц.(36) од Тетово, постапувајќи по претходна пријава дека одвел 27-годишна девојка со посебни потреби од тетовско во хотел во Тетово и физички ја нападнал. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 18.08.2025 во 11:53 часот во СВР Скопје било пријавено дека на објект на подрачјето на Кисела Вода, при извршување работни задачи за приватна фирма, З.Т.(52) од Скопје се здобил со тешки телесни повреди. Тој бил пренесен во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ каде му биле констатирани повредите и му била укажана помош. Полициски службеници од СВР Скопје и трудов инспектор извршиле увид и се работи на расчистување на случајот.
На 19.08.2025 во 21:43 часот во СВР Скопје, М.Р.(55) пријави дека околу 20:45 часот во дворот од семејниот дом на подрачјето на Кисела Вода бил физички нападнат од Б.Т.(77), двајцата од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.