На 18.08.2025 во 23:45 часот во Дебар, полициски службеници од Полициската станица Дебар го лишиле од слобода К.Т.(32) од Дебар. Тој се сомничи дека во 22:30 часот, по претходна расправија, со остар предмет го нападнал Ф.Д. од Дебар и му нанел убодна рана. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 18.08.2025 во СВР Скопје било пријавено дека во 10:43 часот во финансиско друштво на подрачје на Чаир во Скопје, едно лице со закана кон вработената одзело пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 18.08.2025 во СВР Скопје било пријавено дека околу 19:40 часот во с.Бучинци, скопско, едно лице влегло во куќата на К.П.(82) и со закана со остар предмет од домот одзело пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 18/19.08.2025 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода А.Х.(32), Д.Р.(23) и Д.А.(30), сите од Скопје, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка. По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.
На 18.08.2025 околу 12:50 часот во Полициската станица Ресен било пријавено дека на магистралниот пат Ресен-Битола, на место викано „Слечиште“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел астра“ со охридски регистарски ознаки, управувано од П.Н.(20) од Охрид и патничко возило „мерцедес“ со германски национални ознаки, управувано од П.К.(52) од Сојузна Република Германија. Од здобиените повреди, на местото на настанот починал возачот П.К., а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Возачот П.Н. и неговиот сопатник Д.С.(19) од с.Лескоец, охридско, биле пренесени во Клиничката болница Битола, каде што кај П.Н. лекар констатирал смрт, додека кај Д.С. биле констатирани тешки телесни повреди. Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Ресен.
На 18.08.2025 во 17:10 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, после влез за с.Ботун, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген пасат“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од В.Д.Д.Ф.(50) од Холандија, товарно возило „ман“ со приклучно возило „кроне“ со скопски регистарски ознаки, управувано од О.Р.(25) од с.Студеничани, скопско, патничко возило „мицубиши“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.Ч.(74) од Скопје и патничко возило „рено“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Г.Т.(48) од с.Лескоец, охридско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот З.Ч. и неговата сопатничка М.Д.Ч.(71), додека со телесни повреди се здобила сопатничката од патничкото возило „рено“, В.Т.(48) од с.Лескоец, охридско, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.
На 18.08.2025 во 14:00 часот во ОВР Радовиш било пријавено дека на регионален пат во правец од планината Плачковица кон Радовиш, во близина на манастирот „Св.Троица“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „мерцедес“ со штипски регистарски ознаки, управувано од С.З.(26) од с.Долно Липовиќ, радовишко и товарно возило „мерцедес“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Ј.Г.(63) од Радовиш. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од првото возило Г.К.(43) од с.Дедино, радовишко, констатирани во Здравствен дом Радовиш. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Радовиш.
На 18.08.2025 во 12:08 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода А.М.(36) од Република Србија, затоа што при извршена гранична проверка било констатирано дека евидира со мерка „апси“ по барање на Интерпол. Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против С.А.(23) од Белгија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“. На 05.08.2025 во Скопје, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана.
На 17.08.2025 околу 15:00 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на шумска необележана патека во атар на с.Лазарополе, Л.М.(56) од Италија, управувајќи четирицикл, изгубил контрола и се превртел со четирициклот. Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил Л.М., констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид.
Денеска (19.08.2025) во 09:45 часот во СВР Скопје, Ф.А.(25) од Скопје пријавил дека на 17.08.2025 околу 03:40 часот во обложувалница на подрачјето на општина Аеродром бил физички нападнат од В.„Н“.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 18.08.2025 во 22:05 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го привеле Ј.С.(39) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од Е.Л.(54) од Скопје дека околу 21:20 часот физички го нападнал, а потоа и агресивно се однесувал кон полициски службеници додека извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 18.08.2025 во 13:20 часот во СВР Скопје, В.З.(20) од Скопје пријавила дека околу 12:20 часот на подрачјето на Центар, при излегување од автобус, едно лице со употреба на сила ѝ го одзело личниот накит. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 18.08.2025 во 17:50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Кисела Вода, по претходна расправија, И.Н.(42) од Скопје физички го нападнал Б.Ф.(22) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 18.08.2025 во 10:00 часот во СВР Скопје, А.Р.(41) од Скопје пријавила дека на 15.08.2025 околу 21:00 часот на игралиште во училишен двор на подрачјето на Карпош, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од И.С., татко на друг малолетник, со кого претходно имале физичка пресметка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 18.08.2025 во 13:00 часот во Полициската станица Карпош, од Јавна установа за згрижување деца било пријавено дека од установата се оддалечил нивниот штитеник У.З.(15). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
На 18.08.2025 во 18:00 часот во СВР Скопје, М.К.(48) од Скопје пријавила дека, додека се возела во автобус на подрачјето на Чаир, од чантата и бил одземен паричник со пари, лични документи и други предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.