На 21/22.08.2025 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода А.Т.(35), Е.П.(36), Ф.Б.(39) и Л.Д.(25), сите од Скопје, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени бела грутчеста материја, прашкаста материја и марихуана. По целосно расчистување и документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
На 21. 08.2025 во 18:05 часот во ОВР Кичево било пријавено дека на локален пат во с.Колибари, кичевско, 15-годишна малолетничка од с.Колибари, управувајќи четирицикл со кичевски регистарски ознаки, изгубила контрола и со четирициклот излетала од коловозот. Од здобиените повреди на местото на несреќата починале малолетничката и нејзината малолетна сопатничка од с.Грешница, кичевско. Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телата на починатите биле дадени на обдукција. Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Кичево.
На 21.08.2025 околу 15:30 часот во ОВР Кочани било пријавено дека на кружен тек од ул.„Стево Теодосиевски“, ул.„Маршал Тито“, ул.„Глигор Апостоловски-Гочо“ и ул.„Никола Карев“ во Кочани се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“ со бугарски национални ознаки, управувано од Ј.П.(71) од Кочани и мопед со штипски регистарски ознаки, управуван од Н.П.(20) од Кочани. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Клиничка болница Штип. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Кочани.
На 21.08.2025 во 14:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Васил Ѓорѓов“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки и електричен тротинет управуван од 13-годишна малолетничка од Скопје, по што возачот со возилото го напуштил местото на настанот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, додека со телесни повреди нејзината 12-годишна сопатничка, констатирани во Градска општа болница „Св. Наум Охридски“ Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје, a распишана е телеграма и се преземаат интензивни мерки за пронаоѓање на возачот и возилото и за целосно расчистување на случајот.
На 21.08.2025 околу 09:15 часот во ОВР Ресен било пријавено дека во дворот од неговата куќа во Ресен, додека Е.З.(63) од Ресен менувал дел на тракторот „фергусон“, тракторот почнал да се движи наназад, по што тој скокнал, а тракторот се превртел. Притоа, Е.З. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Специјалната болница „Св.Еразмо“ Охрид за укажување помош. Се работи за расчистување на случајот.
На 21.08.2025 во 19:10 часот во с.Владимирово, беровско, полициски службеници од ОВР Берово го лишиле од слобода Д.П.(67) од Берово затоа што агресивно се однесувал, упатувал закани и се обидел со тврд предмет да нападне полициски службеник кој извршувал службени дејствија. Лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 21.08.2025 во 09:20 часот во ОВР Кавадарци, Т.Д.(39) од Кавадарци пријавил дека во градилиште на улица „Нов Белград“ во Кавадарци пронајдена корозирана авионска бомба. Увид извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци, а денеска бомбата била безбедно подигната од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување Битола.
Денеска (22.08.2025) во 02:50 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ја привеле М.Ј.(20) од Скопје затоа што агресивно се однесувала кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 21.08.2025 во СВР Скопје било пријавено дека во 11:47 часот на ул.„Никола Парапунов“ во Скопје настанал пожар во бараки кои ги користеле неколку фирми од Скопје. Екипи на Бригадата за противпожарна заштита Скопје и ер-трактор на Дирекцијата за штита и спасување го изгаснале пожарот, а повредени лица нема. Увид бил извршен.
На 21.08.2025 во 22:20 часот во Полициската станица Аеродром, В.Г.(43) од Скопје пријавил дека од семејниот дом на подрачјето на Аеродром се оддалечила неговата мајка К.Г.(75) од Скопје. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
На 21.08.2025 во 19:10 часот во СВР Скопје, Б.А.(66) од Скопје пријавила дека на 20.08.2025 околу 16:00 часот во двор од семејната куќа на подрачјето на Бит Пазар била физички нападната од Б.Ѓ.(32) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 21.08.2025 во 15:30 часот во СВР Скопје, од Градската општа болница „8 Септември“ Скопје било пријавено дека кај нив за преглед се пријавил Ж.С.(80) од Скопје, кој имал здравствени проблеми, по што му се слошило и починал. Лекар констатирал смрт, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.