Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок на дел од дневните настани 23.08.2025

На 22.08.2025 во 09:50 часот во Скопје, на различни локации, полициски службеници ги лишиле од слобода М.Н.(20) од с.Нов Караорман, штипско и Д.Ј.(37) од Скопје затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

 

На 22.08.2025 околу 18:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на магистралниот пат Скопје -Граничен премин Долно Блаце, на околу 200 метри од преминот, патничко возило „фолксваген голф“ германски национални ознаки, управувано од Б.С.(22) од Косово, со живеалиште во Сојузна Република Германија,  удрило во пешакот К.М.(53) од Украина. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, кој со возило на Итна медицинска помош од Косово бил пренесен во најблиската болница во Косово, каде што во 20:20 часот им подлегнал на повредите. Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција. Б.С. се здобила со телесни повреди, констатирани во приватна болница во Скопје. Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа на СВР Скопје и се работи на расчистување на случајот.

 

На 22.08.2025 во 12:10 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на магистрален пат Гостивар-Кичево се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Б.А.(48) од Гостивар, патничко возило „пежо“ со српски национални ознаки, управувано од М.Р.(38) од Република Србија и патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.С.(67) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од патничкото возило „пежо“ А.А., додека со телесни повреди се здобиле сопатниците Т.Р. и З.Р. од истото возило, како и возачот на патничкото возило „голф“ Б.А., констатирани во Медицински центар Гостивар. Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Гостивар.

 

На 21.08.2025 во ОВР Радовиш било пријавено дека околу 20:00 часот на локалниот пат одс.Кошево кон с.Почивало, штипско, 14-годишник од с.Аликоч, радовишко, управувајќи мотоцикл, излетал од патот и паднал, по што заминал дома. Околу 21:00 часот малолетникот побарал лекарска помош, по што во Клиничка болница Штип му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид бил извршен.  

 

На 22.08.2025 во 10:15 часот и на 23.08.2025 во 00:10 часот на Граничен премин Долно Блаце, на влез во државата, полициски службеници ги лишиле од слобода С.Е.(30) од Република Албанија и Д.Ш.(23) од Косово. При гранични проверки било констатирано дека С.Е. евидира со мерка „апси“ по барање на Интерпол Белгија, додека Д.Ш. евидира со мерка „апси“ по барање на Интерпол Германија. Двајцата биле предадени на полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка при МВР за понатамошна постапка.

 

На 22.08.2025 во 22:45 часот на Граничен премин Табановце, на излез од државата, полициски службеници го лишиле од слобода Е.В.(42) од Република Албанија. При гранични проверки и контрола на патничко возило „мерцедес“ со албанска национална ознака со приколка, кое го управувал, било констатирано дека серискиот број на приколката бил фалсификуван. По целосно расчистувцање и документирање на случајоит, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 23.08.2025 во 01:00 часот на Граничен премин Деве Баир, на излез од државата, полициски службеници ја привеле К.В.(41) од Република Албанија затоа што при гранични проверки било констатирано дека го пречекорила престојот, односно сторила прекршок по член 147 од Законот за странци. Таа била задржана во Полициската станица Крива Паланка и по целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 22.08.2025 во 14:30 часот на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, полициски службеници ја пронашле К.Г.(75) од Скопје, за која на 21.08.2025 нејзиниот син В.Г.(43) пријавил дека се оддалечила од домот.

 

На 22.08.2025 во СВР Скопје, Ц.С.(54) од Скопје пријавил дека на паркинг простор на подрачјето на Центар во Скопје пронашол заталкано зрно од огнено оружје кое му го оштетило кровот неговото патничко возило „Фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки. Полициски службеници од СВР Скопје го подигнале зрното за понатамошна постапка и се работи на расчистување на случајот.

 

На 22.08.2025 во 12:20 часот во СВР Скопје, С.М.(28) од с.Семениште, општина Сарај пријавил дека во дворот од семејната куќа на неговото возило „Фолксваген голф“ забележал оштетување на кровот од заталкано зрно од огнено оружје.  Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на настанот.

 

На 22.08.2025 околу 17:15 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека во атар на с.Д.Ѓоновица и с.Симница, при извршување градежни работи за приватна фирма на автопат во изградба, починал  Д.П.(60) од с.Врапчиште, општина Врапчиште. Лекар од приавтна здравствена установа констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

 

На 23.08.2025 во 03:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Глуво, скопско, настанал пожар во стара напуштена куќа во која не живеел никој. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. увид бил извршен.

 

На 22.08.2025 во 22:55 часот во СВР Скопје, М.Д.(41) од Скопје пријавил дека во 18:40 часот на подрачје на општина Аеродром во Скопје, три лица со употреба на сила го внеле во казино и физички го нападнале. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 22.08.2025 во 21.00 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Ш.К.(62) од Штип затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 22.08.2025 во 21:40 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Џ.Р.(30) од с.Лера, битолско. Тој се сомничи дека претходно во пекарница во Битола со остар предмет го нападнал и нанел повреди на И.Л.(25) од Битола, брат на неговата поранешна сопруга, по што со употреба на сила ја внел во возило и неговата поранешна 23-годишна сопруга и физички ја нападнал. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 22.08.2025 во 10:46 часот во СВР Штип, С.Т.(61) од Штип пријавил дека околу 10:00 часот во продажен објект во Штип бил физички нападнат од лице вработено како обезбедување во објектот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 22.08.2025 во 19:10 часот во тетовско село, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од  слобода Ш.И.(74) од селото, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом физички ја нападнал неговата 48-годишна снаа. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

 

На 22.08.2025 во 13:55 часот во ОВР Гостивар, Џ.П.(62) ОД Гостивар пријавил дека околу 12:00 часот во семејниот двор во Гостивар, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од неговиот сосед Ј.Ч.. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 22.08.2025 во 18.30 часот во СВР Куманово, Х.М.(19) од с.Биљановце, кумановско, пријавил дека околу 16:10 часот во нивниот двор, по претходно недоразбирање, тој и неговиот малолетен брат биле физички нападнат од неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 22.08.2025 во 14:51 часот во СВР Штип, Р.К.(28) од с.Таринци, општина Карабинци, пријавил дека околу 14:30 часот во породажен објект во селото, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од сопственикот Н.С.. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Мени за пристапност