Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок на дел од дневните настани 19.09.2025

Министерство за внатрешни работи Министерство за внатрешни работи

СВР Штип поднесе кривична пријава против А.Д.(43) од Свети Николе поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. Во текот на октомври 2024 година пријавениот внесувал дрога во полуотвореното одделение во Казнено – поправната установа Штип, каде што издржувал затворска казна. Додека, на 01.11.2025 извршен е претрес во просторијата во која престојува, при што се пронајдени и одземени марихуана, хашиш, таблети и мешавина со хероин.  

 

СВР Штип поднесе кривична пријава М.С.(73) од с.Радање, општина Карбинци, поради постоење основи на сомнение за сторено на кривично дело „насилство врз дете“. На 21.08.2025, пријавениот физички нападнал 15-годишно дете и му нанел телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Штип.

 

ОВР Гевгелија поднесе една кривична пријава против Б.С.(50) од Богданци поради посотење основи на сомнение за сторени кривични дела „насилство“, „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи“. На 09.09.2025 на бензинска пумпа во близина на Граничен премин Богодродица, пријавениот со остар предмет упатил закани кон Г.К.(46) од с.Прдејци. Подоцна, при претрес во неговиот дом во Богданци е пронајдена и одземена марихуана, предмети со остатоци од прашкаста материја, пиротехнички средства, пиштол „Екол“ 9мм и патрони за маневарска муниција.

 

СВР Куманово поднесе кривична пријава против С.М.(41) од Белгија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 16.09.2025 на Граничен премин Табановце, на влез во државата, при преглед во неговиот личен багаж е пронајдена и одземена марихуана и канабис.    

 

На 18.09.2025 во 23:00 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници ја лишија од слобода Ј.Ј.С.(40) од Република Австрија. При гранични проверки и контрола на патничко возило „ауди а3“ со австриска национална ознака, кое го управувала, во нејзиниот личен багаж е пронајдена и одземена марихуана.  Известен е Јавен обвинител, а лицето е спроведено и задржано во СВР Куманово.  По целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 18.09.2025 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода М.А.(23), Б.Н.(34), двајцата од Скопје и А.Б.(24) од Струмица, затоа што кај нив се пронајдени и одземени бела грутчеста материја и марихуана. По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.

 

На 18.09.2025 околу 10:30 во СВР Охрид е пријавено дека на ул.„Радојца Новичиќ“ во Охрид,  З.В.(58) од Охрид се здобил со тешки телесни повреди додека извршувал работнизадачи за приватна фирма од Охрид. Тој е пренесен во болницата „Св.Еразмо“, каде му се констатирани повредите и му е укажана помош. Се работи на расчистување на случајот.

 

На 18.09.2025 во 16:25 часот, полициски службеници од СВР Велес го приведоа С.Ј.(23) од Велес, кој бил баран со судска наредба за издржување казна затвор за сторено кривично дело „насилство“ по член 386 од Кривичниот законик. Лицето е спроведено во Казнено -  поправната установа Затвор  Идризово за издржување на казната.

 

На 18.09.2025 во 23:00 часот на улица „Благој Ѓорев“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода Ј.С.(59) од Велес, постапувајќи по претходна пријава од 51-годишната К.Х. од Велес дека физички ја нападнал на нејзиното работно место, а подоцна во два наврати и во нејзиниот дом, каде што влегол со употреба на сила. Ј.С. е задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

Денеска (19.09.2025) во 03:00 часот во СВР Скопје, Ф.Т.(43) од Италија пријави дека на 18.09.2025 околу 23:40 часот пред угостителски објект на подрачјето на Центар бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 18.09.2025 во 23:30 часот во СВР Скопје, И.Ш.(23) од с.Танушевци, скопско, пријави дека околу 20:30 часот на подрачјето на Бит Пазар, по претходно случена сообраќајна незгода, бил физички нападнат од едно лице, кое употребило и остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 18.09.2025 во 19:30 часот во СВР Скопје, 73-годишен маж од Скопје пријави дека во семејниот дом на подрачјето на општина Аеродром, по претходна расправија, бил физички нападнат од неговата сопруга Г.Г. која употребила тврди предмети и му се заканувала со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 18.09.2025 во СВР Скопје е пријавено дека околу 20:30 часот на подрачјето на Шуто Оризари, скопско, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу С.Р.(23), А.А.(33) и Р.А.(34) сите од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 18.09.2025 во 22:00 часот во ОВР Валандово, Ј.С.(46) од Валандово пријави дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.С.(70). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

 

Денеска (19.09.2025) во 00:50 часот во Полициска станица Ѓорче Петров, И.З.(57) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечила неговата ќерка Е.З.(34). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Мени за пристапност