Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок на дел од дневните настани 20.09.2025

На 19.09.2025 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Д.М.(23) од Крива Паланка и О.Б.(25) од с.Трубарево, скопско, затоа што кај нив се пронајдени и одземени марихуана и нож. По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.

 

На 19.09.2025 во 10:15 часот во Полициската станица Гостивар е пријавено дека на ул.„Беличица“ во Гостивар се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „фиат“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од С.С.(27) од Гостивар и мопед со гостиварски регистарски ознаки, управуван од Д.В.(18) од с.Врапчиште, гостиварско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Општата болница Гостивар. Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.

 

На 19.09.2025 во 12:45 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека на ул.„Цар Самоил“ во Прилеп патничко возило „мерцедес" со прилепски регистарски ознаки со прикачена приколка, управувано од  Г.Б. од Прилеп, удрило во пешакот Л.Ц. од Прилеп. По несреќата пешакот со возило на Итна медицинска помош Прилеп е пренесен во Градска болница Прилеп, каде од страна на доктор констатирани му биле тешки телесни повреди. Увидот го извршила увидната екипа на ОВР Прилеп.

 

На 19.09.2025 во 16:50 часот во ОВР Ресен е пријавено дека на ул.„29-ти Ноември" во Ресен, Б.Ш. од Ресен додека управувал електричен тротинет изгубил контрола и паднал на коловозот, по што се здобил со тешки телесни повреди, констатирани од доктор во Клиничка болница Битола. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Ресен.

 

На 19.09.2025 во 12:00 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека пред Градската општа болница „Борка Талески“ во Прилеп настанала физичка пресметка помеѓу повеќе лица, кои употребиле дрвени и други предмети. На местото на настанот се испратени полициски службеници, но лицата не постапиле по нивните наредби да престанат со пресметката, по што еден полициски службеник испукал неколку истрели во воздух од службениот пиштол. Потоа, во Полициска станица Прилеп се приведени 16 лица и тоа: Е.Б.(37),Н.Ш.(31),И.Д.(42),Е.Б.(37),С.Б.(32),Д.Р.(33), Ѓ.С.(33),А.С.(28),С.П.(18),Е.Б.(17),У.Д.(18),Н.С.(20),Е.Б.(27),Б.Б.(55), Е.Б.(35) и 16- годишен  малолетник. По целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

 

На 19.09.2025 околу 20:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Идризово, скопско, настанал пожар на патничко возило „цитроен пикасо“ во движење, а лицето што претходно го управувало, заминало од местото на настанот. Повредени лица нема. Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 19.09.2025 во 12:51 часот во СВР Скопје е пријавено дека во продажен објект на подрачјето на Бит Пазар едно лице со закана со огнено оружје од вработената одзело пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 19.09.2025 во 12:20 часот во СВР Скопје Л.Ш.(19) од с.Арнакија, скопско пријави дека во с.Сарај, во автобус, бил физички нападнат од две лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 19.09.2025 во 22:20 часот во Скопје, на подрачјето на Драчево, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Д.Д.Б.(36) од Скопје по претходна пријава дека околу 11:30 часот во домот и се заканувал на неговата вонбрачна партнерка и го скршил нејзиниот мобилен телефон. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.  

 

На  19.09.2025 околу 12:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Драчево бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Д.Д.Б.(36) и Ѓ.Д.(42), двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

Денеска (20.09.2025) во 01.45 часот во Штип полициски службеници од СВР Штип ги лишија од слобода А.С.(20), К.Д.(23) и Д.Н.(20), сите од Штип поради тоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 19.09.2025 во 09:00 часот во СВР Штип С.Д.(25) пријави дека изминатите три месеци во Штип нејзината 12-годишна сестра била физички напаѓана и психички малтретирана од 13-годишна малолетничка, а тоа било снимано со мобилен телефон. Во полициска станица во присуство на нивните родители бил извршен службен разговор со малолетничката која ја напаѓала сестрата на пријавителката и со уште еден малолетник и по целосно расчистување на случајот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

  

На 19.09.2025 во 07:57 часот во СВР Штип од Клиничката болница Штип е пријавено дека околу 04.00 часот кај нив со тешки телесни повреди била донесена С.Ц.(45) од Пробиштип, која, според пријавеното, со повредите се здобила додека извршувала работни задачи во фабрика во Пробиштип.

 

 

 

 

 

Мени за пристапност