Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок на дел од дневвните настани 18.09.2025

Министерство за внатрешни работи Министерство за внатрешни работи

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.М.(44), И.М.(19) и 15-годишник, сите од с.Добридол, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,насилство”. На 03.08.2025 во село Градец, гостиварско, по претходна расправија, пријавените физички го нападнале Ш.С.(55) од село Градец и му нанеле повреди.  

 

СВР Битола поднесе кривична пријава против П.П.(70) од с.Трново, битолско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување на општа опасност“. На 20.07.2025 во с.Трново, пријавениот во неговиот двор испукал еден проектил од пушка, кој завршил во куќата сопственост на Б.П. во негова близина. 

 

Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Куманово поднесе кривична пријава против Б.И.(32) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,фалсификување исправа”. На 15.08.2025 на Граничен премин Табановце, на влез во државата, пријавениот на увид приложил фалсификувана германска возачка дозвола.

 

На 17.09.2025 во 16:15 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишија Р.С.(70) од Република Србија затоа што при гранични проверки и контрола констатирано е дека на увид приложил фалсификувана црногорска возачка дозвола и кај него е пронајдена фалсификувана црногорска дозвола за привремен престој. Лицето е спроведено и задржано во СВР Куманово и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 17.09.2025 во 15:00 часот во СВР Битола, О.П. пријави дека на патот Прилеп-Битола, под подвозникот кај с.Лознани, пронајдена е стара граната. Пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување ја подигнал гранатата и констатирал дека се работи за граната од  Првата светска војна со калибар 105 мм.  

 

На 17/18.09.2025 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода В.С.(27), А.Р.(29), Ѓ.Н.(27), Д.Т.(28), А.Т.(20), Д.П.(19) и А.Д.(21), сите од Скопје, затоа што кај нив се пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.

 

На 17.09.2025 во 20:50 часот во СВР Битола е пријавено дека на регионалниот пат Битола–с.Маково, мотоцикл управуван од 14-годишна малолетничка од с.Новаци, излетал надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Клиничката болница Битола. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Битола.

 

На 17.09.2025 околу 06:15 часот во СВР Штип е пријавено дека на магистралниот пат Штип-Радовиш, патничко возило „рено лагуна“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од П.В.(52) од Штип, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Штип.   

 

На 17.09.2025 во 16:40 часот, полициски службеници од СВР Куманово ја лишиле од слобода Е.Ш. (26) од Куманово, која била барана по централна потерница врз основа на судска наредба за издржување затворска казна за сторено кривично дело по член 130 од Кривичниот законик. Лицето било спроведено во Казнено - поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.

 

На 17.09.2025 во 21:00 часот на брана „Водоча“, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода А.Д.(44) од село Рич, струмичко. При контрола на патничко возило „киа“ со бугарски национални ознаки, управувано од А.Д., констатирано е дека во возилото превезува бесправно исечени огревни дрва без соодветна документација. Истиот ден во 22:20 часот на брана „Водоча“ од слобода е лишен и С.И.(45) од Струмица, кој во товарно возило „фиат“ со струмички регистарски ознаки, исто така, превезувал  бесправно исечени огревни дрва без соодветна документација.  Лицата се задржани во Полициската станица Струмица, за настаните е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. Од Шумска полиција Струмица возилата и дрвата се одземени и по целосно документирање на случаите против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.

 

На 17.09.2025 во 11.42 часот во СВР Штип е пријавено дека при вршење ископ во атар на село Двориште, беровско, пронајдена е неиспукана граната.  Пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување безбедно ја подигнал граната и констатирал дека станува збор за граната по потекло од Првата светска војна.

 

На 17.09.2025 во 10:00 часот во Полициската станица Кочани, 61-годишна жена од кочанско пријави дека била измамена од П.Г.(59) од кочанско за сума од 4.000 евра. Според пријавеното, во октомври 2020 година лицето  ѝ ветило дека може со пријатиле од Скопје да направи таа да земе пензија. Како што е пријавено, од тогаш до декември 2023 таа подготвила документација и во декември 2023 му ги дала парите. Како што е пријавено, откако ги дала парите до декември 2024 година имале повремени контакти, по што престанал да одговара на нејзините повици и се посомневала дека е измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

Денеска (18.09.2025) во 02:50 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го привеле С.Н.(34) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека околу 02:00 часот во казино на подрачјето на Центар, физички го нападнал Т.Н.(41) од Скопје, вработен во објектот, а потоа агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 17.09.2025 во 23:00 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го привеле С.К.(43) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека околу 22:00 часот физички ја нападнал и со остар предмет се заканувал на Ш.М.(39) од Скопје. При преглед кај него се пронајдени и одземени остриот предмет и бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

 

На 17.09.2025 во 20:00 часот во СВР Скопје, 47-годишна жена од Скопје пријави дека неколку месеци нејзиниот брат Д.М.(46) од Скопје психички ја вознемирувал и ѝ упатувал закани и дека на него му била изречено мерка за забрана за доближување. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

Денеска (18.09.2025) во 01:00 часот во СВР Велес, Б.Б.(35) од Велес пријави дека на 17.09.2025 околу 18:00 часот во населбата Илинден, скопско, бил физички нападнат од С.Д., во чија куќа извршувал работни задачи. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

 На 17.09.2025 во 19:40 часот во Полициското одделение Петровец, М.А.(43) од с.Миладиновци, скопско, пријави дека од домот се оддалечила нејзината ќерка В.А.(26). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

 

На 17.09.2025 во 12:30 часот во Полициската станица Центар, од Јавна здравствена установа за згрижување на деца пријавиле дека од установата се оддалечил нивниот штитеник А.М.(16), кој и претходно се оддалечувал и бил враќан назад. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

 

На 16.09.2025 во 17:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во дворно место на подрачјето на Ѓорче Петров, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу О.С.(38) и К.Ј.(45), двете од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

На 17.09.2025 во 15:55 часот во СВР Скопје, од приватна болница во Скопје е пријавено дека кај нив со повреди е донесен М.А.(46) од Република Турција. Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување градежни работи за приватна фирма на автопатот Гостивар-Кичево. Се работи на расчистување на случајот.  

 

На 17.09.2025 во 21:30 часот во СВР Скопје, 64-годишен маж од Скопје пријави дека, поради претходни недоразбирања, добивал закани од неговиот син А.К.(23). Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 17.09.2025 околу 13:45 часот во СВР Скопје, С.Г.(28) од Скопје пријавил дека кај наплатна рампа Петровец, додека се движеле со службено возило со негови колеги пожарникари, едно лице им упатувало закнаи и со употреба на физичка сила го оштетило нивното возило. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.      

Мени за пристапност