Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок на дел од дневните настани 17.09.2025

Министерство за внатрешни работи Министерство за внатрешни работи

Денеска (17.09.2025) во 04:40 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Т.В.(39) од Скопје затоа што кај него е пронајдена и одземена бела прашкаста материја и марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 16.09.2025 околу 09:11 часот во СВР Штип е пријавено дека на регионалниот пат Делчево-Берово, на место викано „Стамерски Преод“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со делчевски регистарски ознаки, управувано од Д.В.(25) од с.Звегор, делчевско и патничко возило „фолксваген туран“ со делчевски регистарски ознаки, управувано од К.В.(42) од Делчево. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Д.В., констатирани во Клиничка болница Штип. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Штип.

 

На 16.09.2025 околу 13:00 часот во СВР Скопје, Џ.Ш.(20) од Скопје пријавил дека на 01.09.2025 околу 11:30 часот на подрачје на Шуто Оризари во Скопје учествувал во сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ и електричен тротинет, кој го управувал пријавителот, при што се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Со возачот на патничкото возило се договорил да му плати за повредите за во болница, но тој не му платил и затоа со задоцнување го пријавува настанот. Се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот и расчистување на случајот.

 

На 16.09.2025 во 18:50 часот на Граничен премин Долно Блаце, на излез од државата, полициски службеници ја привеле С.А.Е.(60) од Република Турција. При гранична контрола е констатирано дека таа била со активна мерка „забрана за влез во државата“. По насока на судија од Основен кривичен суд Скопје е сместена во Прифатниот центар за странци Скопје за понатамошна постапка.

 

На 16.09.2025 во 21:00 часот на улица „18 Ноември“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го приведоа С.Ј.(37) од Гостивар. Тој беше баран со судска наредба за издржување на затворска казна за сторено кривично дело „загрозување на безбедноста“. Лицето е спроведено Казнено – поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.

 

На 16.09.2025 во 15:15 часот во СВР Тетово, 59-годишна жена од тетовско село пријави дека била измамена од Х.„Н“ од тетовско и уште едно машко лице за сума од 500 евра. Според пријавеното, во текот на 2024 година тие ја довеле во заблуда дека ќе ѝ завршат работа да прима социјална помош - туѓа нега, но за тоа ќе треба да плати 500 евра. Како што е пријавено, таа спремила документи и на крајот на 2024 година добила решение со кое ѝ се одбива барањето, Исто така, според пријавеното, ги известила нив, но тие пак ја убедувале дека набргу ќе ги добие парите, по што го прекинале контактот со неа и таа сфатила дека е измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

Денеска (17.09.2025) во 02:40 часот во Скопје, на подрачјето на Шуто Оризари, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода А.Г.Р.(34) од Скопје затоа што физички нападнал полициски службеник додека извршувал службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 16.09.2025 во 14:00 часот во СВР Скопје, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ е пријавено дека кај нив со телесни повреди е донесена Е.Б.(84) од Скопје. Со неа е извршен службен разговор и констатирано е дека со повредите се здобила околу 10:00 часот пред угостителски објект на подрачјето на Центар, каде била физички нападната од едно женско лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 16.09.2025 во 10:55 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Центар, по претходно недоразбирање, нарушен е јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу М.И.(22) и В.Ш.(41), двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 16.09.2025 околу 15:00 часот во СВР Скопје, Г.Д.(50) од Скопје пријави дека на подрачјето на Шуто Оризари, додека управувал патничко возило, неколку лица, биле со патничко возило „фолксваген голф“ се обиделе да му го пресечат патот, со возилото удриле во неговото возило и од прозорецот фрлале разни тврди предмети и му го оштетиле возилото. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 16.09.2025 часот во СВР Скопје, С.С.(34) од Скопје пријави дека на 12.09.2025 околу 11:35 часот на подрачјето на Бит Пазар, по претходна расправија, бил физички нападната од едно лице. Исто така, неговата сопруга С.П.(34) од Скопје пријавила дека околу 13:00 часот била физички нападната од Р.С.(25) од Скопје, по што настанал физичка пресметка помеѓу нив. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 16.09.2025 во 12:00 часот во Полициската станица Центар, од Јавна установа за згрижување деца е пријавено дека во установата се вратил нивниот штитеник А.М.(16), за кој на 11.09.2025 беше пријавено дека се оддалечил од установата.

 

На 16.09.2025 во 23:30 часот во Полициската станица Гази Баба, од СОС Детско Село е пријавено дека од установата се оддалечила нивната штитеничка Ј.А.(14). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Мени за пристапност