Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок на дел од дневните настани 16.09.2025

Министерство за внатрешни работи Министерство за внатрешни работи

 

 

На 15.09.2025 во 15:30 часот во СВР Велес е пријавено е дека на ул.,,Кочо Рацин“ во Велес е пронајдено женско лице со повреди по телото од остар предмет. На местото излегоа полициски службеници и констатираа дека се работи за Р.К.(31) од Велес, која од Итна медицинска помош е пренесена во болницата во Велес, каде што е констатирана смрт.  На местото е затекнат Ф.Т. од Велес, сегашен партнер на Р.К., кој изјавил дека заедно отишле во домот на нејзиниот татко затоа што не се јавувал, а откако Р.К. ја отворила вратата со остар предмет ја нападнал нејзиниот поранешен партнер, И.С.(39) од Скопје, по што ја заклучил вратата.

После тоа, полициски службеници влегоа во домот и го пронајдоа починат нејзиниот татко К.К.(74) , кој исто така, имал повреди од остар предмет. Во домот со повреди од остар предмет  е пронајден и И.С., за кој според првичните информации постои сомнение дека откако ги нападнал двајцата, сам се повредил. Откако е пренесен во болницата во Велес и кај него е констатирана смрт. Увид извршија јавен обвинител во содејство со увидна екипа на СВР Велес и по наредба на јавен обвинител телата на починатите се дадени на обдукција. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 

СВР Битола поднесе кривична пријава против Д.Р.(50) од Битола поради постгоење основи на сомнение за сторено кривичното дело ,,неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 26.10.2024, полициски службеници извршија претрес во домот на пријавениот, при што пронајдоа и одзедоа кокаин и марихуана. .

 

СВР Штип поднесе кривична пријава против С.А.(44) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ и „овозможување на употреба на наркотични дроги“. На 23.11.2024, полициски службеници од ОВР Кочани извршија преглед на лице од Кочани, при што пронајдоа и одзедоа хероин кој претходно го набавил од пријавениот. Додека, на 25.11.2024 извршен е претрес во домот кој го користи пријавениот, при што се пронајдени и одземени хероин, дигитална вага и други предмети.

 

На 15/16.09.2025 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Ч.Д.(34), С.И.(18), Ф.С.(38), М.М.(37), двајца малолетници на возраст од 16 години и еден малолетник на возраст од 17-години, сите од Скопје, затоа што кај нив се пронајдени и одземени бела прашкаста материја, марихуана и дробилка. По целосно расчистување на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.

 

На 15.09.2025 во 18:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на регионален пат Скопје-Хец  Козјак, 41-годишниот С.Д. од Скопје, управувајќи мотоцикл „кавасаки“ со скопски регистарски ознаки, удрил во домашно животно. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.

               

На 15.09.2025 околу 14:10 часот во СВР Штип е пријавено дека на ул.„Партизанска“ во Штип, патничко возило „фолксваген голф“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Т.Т.(53) од Штип, удрило во пешакот Д.В.(37) од Велес. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Штип.

 

На 16.09.2025 во 01:50 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода А.А.(38) од Куманово затоа што на улица „Ѓорче Петров“ во Куманово физички нападнал полициски службеници кои извршувале службени дејствија. Тој е приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.    

 

Денеска (16.09.2025) во 03:52 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„1519“ во Кисела Вода во Скопје опожарени се два објекти, сопственост на Т.С. и А.Ѓ.(47). Од пожарот целосно биле зафатени објектите, магацинскиот простор, како и околу 20 возила кои биле во кругот на објектот на Т.С., од кои дел биле хаварисани. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот е изгаснат, а повредени лица нема. Притоа, како превенција населението во околината беше евакуирано и исклучена е електричната енергија. На местото на настанот излезе увидна екипа на СВР Скопје.

 

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против А.Џ. и В.Ш. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Пријавениот А.Џ., во моментот на сторување на делото на работно место државен советник за правни работи во Кабинет на Заменик на министерот во МВР, во својство на член на Комисијата за спроведување на процесот за селекција и избор на кандидат за полицаец во Министерството за внатрешни работи, на 15.07.2022, при вршење на селекција на пријавените кандидати, своерачно се потпишал на табеларниот преглед - рубрика „исполнува критериуми“ на кандидат за полицаец, иако според податоците кои биле внесени, кандидатот не ги исполнувал условите.

Второпријавената В.Ш., во моментот на сторување на делото на работно место државен советник за управување со човечки ресурси во Кабинет на Министерот за внатрешни работи, во својство на Претседател на Комисијата за спроведување на процесот за селекција и избор на кандидат за полицаец во МВР, не го спречила првопријавениот своерачно да се потпише во табеларниот преглед на постигнати резултати со што дозволила кандидатот за полицаец да биде внесен во ранг листата на кандидати кои поминуваат во следната фаза на тестирање и му овозможиле да биде избран и упатен на основна обука за полицаец во Центарот за обука при МВР.

 

На 15.09.2025 околу 17:15 часот во СВР Тетово, 45-годишна жена од тетовско село пријавила дека била измамена од Л.М.(48) од Косово за сума од 14.000 евра. Според пријавеното, тој се претставил како директор на градежна фирма во Германија, а го запознала преку колешка од Косово, со која работат заедно во Данска. Како што е пријавено, таа со него се договорила да купи стан во Германија и во текот на март 2025 година преку брз трансфер на пари во три наврати му ги пуштила парите. Исто така, според пријавеното, после некое време го побарала да види до каде е работата со станот, при што тој ја информирал дека ќе треба да лежи во затвор затоа што бил осуден, по што сфатила дека била измамена и случајот го пријавила и во Косово и во СВР Тетово. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот. 

 

На 15.09.2025 во 14:05 часот во ОВР Гостивар, 29-годишник од гостиварско село пријавил дека бил измамен од Г.П. од САД за сума од 25.000 американски долари. Според пријавеното, на 03.09.2025  преку социјални мрежи тој стапил во контакт со лицето и се договориле да купи патничко возило „форд мустанг“ олдтајмер од 1968 година и првата поливина од цената да ја плати веднаш, а другата откако ќе го добие возилото. Како што е пријавено. Тој извршил уплата во филијалата на банка во Гостивар и по неколку дена изгубил секаков контакт со лицето, по што сфатил дека е измамен. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.

 

Денеска (16.09.2025) во 02:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош опожарено е патничко возило „купра форментор“ со скопски регистарски ознаки, паркирано од Д.К.(32) од Скопје. Од пожарот е зафатено и паркирано патничко возило „шкода фабија“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на  Д.Б. (44) од Скопје. Од Бригадата за противпожарна заштита Скопје, пожарот е изгаснат, а повредени лица нема. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 15.09.2025 околу 16:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Костурски Херои“ во Скопје пронајден е починат Ѓ.Х.(71) од Скопје. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, увид изврши увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на  јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.

 

Денеска (16.09.2025) во 01:00 часот во СВР Скопје, А.П.(33) пријави дека на 15.09.2025 околу 23:30 часот на подрачјето на Центар бил физички нападнат од едно лице со тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 15.09.2025 во 11:30 часот во СВР Скопје, Л.Г.(86) од Скопје пријавила дека од гробно место на Градските гробишта Бутел во Скопје, со употреба на физичка сила и погоден алат одземена е бронзена биста. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 15.09.2025 околу 14:00 часот во СВР Скопје, Е.Н.(29), С.Р.(34) и А.Д.(30), сите од Скопје, пријавиле дека околу 09:00 часот во близина на основно училиште на подрачјето на Драчево, неколку малолетници физички ги нападнале нивните малолетни деца и со закана со остар предмет им одзеле пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

Денеска (16.09.2025) околу 10:30 часот во СВР Скопје, Б.Е.(41) од Скопје пријави дека на 15.09.2025 околу 22:45 часот на подрачјето на Шуто Оризари, неговиот 16-годишен син бил физички нападнат од неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Мени за пристапност