Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок на дел од дневните настани 15.09.2025

Министерство за внатрешни работи Министерство за внатрешни работи

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против Н.И.(22) и Р.С.(24), двајцата од Делчево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 28.02.2025 на паркинг простор во Делчево, полициски службеници извршиле преглед над првопријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана. Додека, при преглед на патничко возило, управувано од второпријавениот, била пронајдена и одземена дигитална вага со остатоци од тетрахидроканабинол.

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против С.С.(35) од с.Речане, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,бесправно градење“ и против В.Р.(42) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,несовесно работење во службата“. Во март 2025 во гостиварска населба, првопријавениот, во својство на сопственик на објект во изградба, изградил 22 бетонски столбови, без да поседува соодветна дозвола издадена од надлежен орган. Додека, второпријавениот, овластен градежен инспектор при општина Гостивар, по доставена пријава од МВР поради сомнение за сторено кривично дело, не излегол на терен и не извршил увид на градбата.

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против А.Е.(44) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,бесправно градење“. Во текот на февруари 2025 година во населба во Гостивар, на парцела сопственост на друго лице, пријавениот изградил изградил приземје и кат без одобрение за градење издадено од надлежен орган.

 

Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Куманово поднесе кривична пријава против С.У.(47) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа’’. На 15.08.2025 на Граничен премин Табановце, на влез во државата, пријавениот на увид приложил фалсификувана австриска возачка дозвола.   

 

На 14.09.2025 во 22:30 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода К.К.(30) од Скопје затоа што кај него е пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 14.09.2025 околу 18:05 часот во ОВР Гевгелија е пријавено дека на локалниот пат од с.Богородица, гевгелиско, кон регионалниот пат 1109, 37-годишниот С.Ф. од Гевгелија, управувајќи мотоцикл „кавасаки“ со гевгелиски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот и пренесен е во Општа болница Гевгелија, каде што во 19:22 часот починал. Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција. Извршен е увид од Јавен обвинител и увидна екипа на ОВР Гевгелија.

 

На 14.09.2025 во 19:40 часот од СВР Штип, од Регионалниот центар за гранични работи Исток е пријавено дека тројца мотоциклисти, македонски државјани, пријавиле дека се изгубени на планината Осогово, над с.Саса, општина Македонска Каменица, во близина на државната граница со Република Бугарија и побарале помош преку бројот 112. Остварен е контакт со лицата и лоцирани се во шумскиот предел на непристапен терен на оддалеченост од околу 1000 метри,  над манастирот Св. Архангел Михаил во с.Саса. Со помош на дрон од Регионалниот центар за гранични работи Исток, лицата се пронајдени во добра здравствена состојба и донесени се во Македонска Каменица, каде е утврдено дека се работи за лицата Г.Д.(38) од Скопје, К.Н.(38) од Гевгелија и Д.П.(31) од Скопје. Тие не побарале лекарска помош, по што заминале со мотоциклите.

 

На 14.09.2025 во 22:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека на автопатот Скопје-Тетово, во атар на с.Глумово, скопско, патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.А.(21) од Скопје, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.А., констатирани во Градската општа болница „8 Септември“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.

 

На 13.09.2025 во 19:52 часот во СВР Битола е пријавено дека на ул.„Довлеџик“ во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со битолски регистарски ознаки, управувано од В.Т.(27) од Битола и мотоцикл управуван од 16-годишник од Битола. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Клиничката болница Битола. Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Битола.

 

На 15.09.2025 во 01:04 часот во СВР Скопје, од Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ е пријавено дека кај нив со повреди од огнено оружје е донесен М.И.(18) од Скопје. Полициски службеници од Полициската станица Бит Пазар извршиле разговор со В.И.(28) од Скопје, кој со возило го донел повредениот, при што тој изјавил дека на ул.„Методија Митевски“ едно лице, кое било со велосипед, неколку пати од огнено оружје пукало кон М.И. и го напуштило местото. Увид е извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 14.09.2025 во 15:12 часот на магистрален пат Охрид - Ресен, кај место викано „Рибник Крушје”, полициски службеници од СВР Битола - ОВР Ресен, при контрола во сообраќајот, сопреле патничко возило „ауди” со битолски регистарски ознаки, управувано од М.Ј.(21) од с.Нижеполе, битолско. Притоа, констатирано е дека го управувал возилото со брзина од 153 километри на час на место каде со сообраќаен знак брзината е ограничена на 70 километри на час. По документирање на настанот,  против него ќе биде поднесена кривична пријава по чл.297-а од Кривичниот законик -  „безобѕирно управување со возило”.

 

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против А.Л.(39) од кичевското село Србица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ по член 396 од Кривичниот законик. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, полициските службеници пронајдоа и одзедоа пиштол калибар 9 милиметри, 61 куршуми калибар 9 милиметри и предмети за лабораториско производство на марихуана, кои нелегално ги поседувал. Тој  беше лишен од слобода и задржан во полициска станица.   

 

ОВР Кичево поднесe кривична пријава против Д.П.(45) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување употреба на наркотични дроги и психотропни супстанци“ по член 216 од Кривичниот законик. При преглед во неговото моторно возило, во кое бил со уште едно лице, полициските службеници од ОВР Кичево пронајдоа и одзедоа раствор од метадон и  предмети со остатоци од кокаин.

 

На 14.09.2025 во 16:40 часот во СВР Скопје, Н.Н.(22) од Скопје пријави дека на подрачјето на Гази Баба, од заталкано зрно од огнено оружје оштетено е ветробранско стакло од неговото патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, кое претходно го паркирал. Повредени лица нема, а полициски службеници од СВР Скопје го подигнале зрното  за понатамошна постапка. Се работи на расчистување на случајот.

 

На 14.09.2025 во 21:40 часот во СВР Скопје, 69-годишен маж пријави дека на подрачјето на Кисела Вода бил физички нападнат од неговиот син Л.М.(45) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 14.09.2025 околу 21:25 часот во Полициската станица Карпош извршен е службен разговор со Р.Р.(69) и А.Р.(64), двајцата од Скопје, по претходна пријава дека на 13.09.2025 околу 18:00 во средно Нерези физички го нападнале Ќ.Р.(62) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 14.09.2025 во 20:00 часот во СВР Скопје, А.Љ.(48) од с.Ласкарци, скопско, пријави дека на 12.09.2025 на подрачјето на Ѓорче Петров, по претходно недоразбирање, нејзиниот 16-годишен син бил физички нападнат од четири лица кои ги познавал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

 

На 14.09.2025 околу 08:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров, по претходно недоразбирање, нарушен е јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу И.В.(35) од с.Баница, струмичко и И.С.(58) Сарај, скопско, при што се употребени тврди и остри предмети. Се преземат мерки за расчистување на случајот.  

Мени за пристапност