Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок на дел од дневните настани 14.09.2025

Министерство за внатрешни работи Министерство за внатрешни работи

На 13/14.09.2025 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Х.Е.Ф.(21), С.М.(38), Д.В.(35), В.З.(31), Ј.Ц.(31) и 16-годишник, сите од Скопје, затоа што кај нив се пронајдени и одземени марихуана, кафеава прашкаста материја и дробилка. По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.

               

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против С.Ј.(38) и С.Ш.(42), двајцата од Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги и психотропни супстанци и прекурзори“. На 08.09.2025, полициски службеници извршиле претрес во објект и помошни простории во с.Добридол, кои ги користела пријавената С.Ј., при што пронашле и одзеле две поголеми и едно помало пакување со марихуана. Истиот ден бил извршен и претрес во домот и други простории кај пријавениот С.Ш.(42) во Гостивар, при што биле пронајдени и одземени 34 пакувања со марихуана.

 

На 13.09.2025 во 14:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосницата од бул.„Партизански Одреди“, ул.„Лондонска“ и ул.„Манапо“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.Ј.(48) од Скопје и велосипед управуван од 14-годишник од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во приватна болница во Скопје. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје. 

 

На 12.09.2025 околу 19:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосницата од ул.„Џон Кенеди“, ул.„Серава“ и ул.„Ферид Захири“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл со скопски регистарски ознаки, управуван од 16-годишник од с.Арачиново, скопско и патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Х.А.(41) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје. 

 

На 13.09.2025 годинa во 09:40 часот во СВР Тетово e пријавено дека на регионален пат Тетово-Јажинце, во с.Теарце се случилa сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф" со тетовски регистарски ознаки, управувано од И.С.(59) од с.Теарце, тетовско и патничко моторно возило „фолксваген голф " со тетовски регистарски ознаки, управувано од Е.Б.(57) од с.Теарце. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи и А.С.(51) од с.Теарце, сопатничка од патничкото возило кое го управувал И.С.. Увид изврши екипа на СВР Тетово.   

 

На 13.09.2025 во 23:10 часот во СВР Скопје, У.О.(29) од Скопје пријави дека околу 17:30 часот на подрачјето на Гази Баба бил физички нападнат од А.„Н“. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

На 13.09.2025 во 13:30 часот во СВР Скопје, С.Д.(48) од Скопје пријави дека околу 00:30 часот на подрачјето на Центар, неговиот 16-годишен син и негов другар, кои биле со нивни другари и уште едно лице кое го познавале од социјални мрежи, биле физички нападнати од неколку други  малолетници. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

 

На 13.09.2025 во 11:00 часот во СВР Скопје, Д.Н.(51) од с.Стајковци, скопско, пријавила дека на подрачјето на Бит Пазар, додека вадела пари од банкомат, едно лице со употреба на сила ѝ ги одзело парите. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

               

На 13.09.2025 во 12:00 часот во СВР Скопје, Д.С.(44) од с.Шишево,скопско, пријави дека на подрачјето на Ѓорче Петров нејзината малолетна ќерка била физички нападната од нејзин соученик. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

 

На 12.09.2025 во 15:07 часот во СВР Скопје е пријавено дека во водите во река Вардар помеѓу с.Рашче и с.Радуша пронајдена е неексплодирана граната. Полициски службеници излегоа на местото, а на 13.09.2025 стручни лица од Дирекцијата за заштита и спасување ја извадиле гранатата и констатирано е дека станува збор за неексплодиранта граната РПГ.

 

На 13.09.2025 во 12:05 часот во СВР Тетово е пријавено дека во близина на с.Подбреѓе, тетовско, е пронајдено тело на починато машко лице. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а полициски службеници излегоа на местото и констатирано е дека се работи за М.С.(84) од Тетово, кој сечел дрва во неговата нива, при што дрво паднало врз него и од здобиените повреди починал. Во присуство на јавен обвинител и судска медицина, увид изврши увидна екипа од СВР Тетово.

 

На 14.09.2025 во 02:50 часот во СВР Скопје е пријвено дека во семејниот дом на подрачјето на Шуто Оризари, 39-годишна жена била нападната со остар предмет од нејзиниот вонбрачен партнер Д.М.(53) од Скопје додека спиела, при што се здобила со повреди. Таа е пренесена во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување помош. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување и документирање на случајот.

 

На 13.09.2025 во 11:00 часот во СВР Скопје, Ј.Б.(69) од Скопје пријавила дека од гробно место на гробиштата Бутел во Скопје со употреба на физичка сила и погоден предмет била одземена бакарна биста. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 14.09.2025 во 07:50 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани ја лишиле од слобода Ј.Н.(28) од Кочани, постапувајќи по претходна пријава дека на 13.09.2025 околу 22:10 часот во Штип со употреба на сила внела 21 - годишна девојка од Штип во возило кое го управувало друго женско лице, по што ја однеле во една штипска населба каде физички ја нападнала и ја снимала со телефон. По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.  

На 13.09.2025 во 16:20 часот во СВР Штип, К.С.(71) од Штип пријавил дека околу 11:30 часот во Штип бил физички нападнат од Г.А., кој употребил и тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 13.09.2025 во 09:06 часот во Полициската станица Делчево, М.Ѓ. пријавил дека во дворот од куќата на неговата сестра во Делчево едно лице фрлило два куршуми од огнено оружје. Полициски службеници излегоа на местото и подигнаа два неиспукани куршуми калибар 12 мм од ловечка пушка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.    

Мени за пристапност