На 12/13.09.2025 во Скопје на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Н.Ј.(21) од Република Турција, И.Ј.(45), А.Д.(20), А.Р.(37) и В.К.(45), сите од Скопје, затоа што кај нив се пронајдени и одземени марихуана, бела грутчеста материја и бела прашкаста материја. По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.
СВР Велес поднесе кривична пријава против Л.М.(57) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 05.03.2025 на автопатот Скопје-Велес, кај наплатна станица Сопот, откако ги забелажал полициските службеници пријавениот фрлил две пакувања хероин од патничко возило „фолксваген голф“, во кое бил со уште едно лице.
На 12.09.2025 во 08:13 часот во СВР Штип е пријавено дека на експресниот пат Штип-Радовиш, од мостот на Балталиска река во близина на с.Лакавица, штипско, излетало товарно возило „фиат дукато“ со струмички регистарски ознаки, сопственост на правно лице од Струмица, а управувано од М.Д.(35) од с.Иловица, струмичко. Од здобиените повреди на местото починале С.М.Р.(29) од Бангладеш, Х.М.Р.(38) од Бангладеш и К.К.(34) од Непал, сите со регулиран престој, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Додека возачот и Х.М.Т.(24) од Бангладеш, исто така, со регулиран престој, се здобиле со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Штип. По наредба на јавен обвинител, телата на починатите се дадени на обдукција, а увид изврши увидна екипа на СВР Штип.
На 12.09.2025 во 13:00 часот во Полициската станица Струмица е пријавено дека на регионален пат Струмица-Валандово, во с.Костурино, струмичко, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „волво" со полуприколка со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од М.Т.(56) од Богданци и работна машиназа сечење дрва, управувана од Ќ.Е.(36) од Струмица. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле вoзачот и сопатникот на работната машина М.Е.(31) од Струмица, а со телесни повреди се здобил малолетен сопатник на работната машина, констатирани во Медицински центар Струмица. Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, а увид на местото изврши екипа на Полициската станица Струмица.
На 12.09.2025 во 10:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Димитрие Чуповски“ во Скопје, патничко возило „рено“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.С. од Скопје удрило во пешакот С.П.(44) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.П., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
На 12.09.2025 околу 14:10 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Ќемал Сејфула“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.А.(72) од Скопје и мотоцикл „пиаџо беверли“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Е.И.(36) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, а со телесни повреди се здобил неговиот сопатник Е.И.(33) од Скопје, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
На 12.09.2025 околу 13:00 часот на Граничен премин Делчево, на излез од државата, полициски службеници го лишија од слобода на E.O.A.(31) од Република Бугарија. при гранични проверки и контрола констатирано е дека тој престојувал непријавено повеќе од дозволеното во Република Северна Македонија. Исто така, при преглед во неговиот багаж пронајдени се патна исправа, лична карта и возачка дозвола на лице од Република Турција за кое претходно пограничните служби на Република Бугарија информираа дека илегално ја преминал државната граница и е фатен на нивна територија. Лицето е задржано во полициска станица и за настанот е известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 12.09.2025 во 08:50 часот во близина на Индустриска зона Жабени, при илегално преминување на државната граница од Република Грција во Република Северна Македонија, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Меџитлија затекнале четири лица мигранти од Судан, кои поседувале грчки документи за азил.
Лицата се приведени и задржани во полициска станица и со нив е извршен службен разговор. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 13.09.2025 во 02:30 часот на улица „Љупчо Арсовски" во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово лишија од слобода двајца малолетници од Куманово. Постапувајќи по претходна пријава дека се обидувале да влезат во куќи на улицата, полициски службеници ги затекнале малолетниците со тврди предмети во рацете, при што еден од нив физички нападнал полициски службеник кој вршел службени дејствија. Малолетниците се приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава.
На 13.09.2025 во 04:32 часот во СВР Куманово, Г.Ѓ. пријавил дека во неговото дворно место во с.Долно Којнаре, кумановско, едно лице со бензин ги испрскало возилата „јагуар" и „ауди" со намера да ги запали, но откако реагирал побегнало и не успеало во намерата. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за расчистување и документирање на
На 12.09.2025 во 15:10 часот во СВР Тетово, А.С.(60) од Тетово пријави дека на 10.08.2025 околу 12:15 часот на кружниот тек од улица „Илинденска" со улица „Благоја Тоска", додека излегувал од неговото возило, бил удрен од патничко моторно возило „мерцедес" со швајцарски национални ознаки, по што не застанало и продолжило да се движи по улица ,,Илинденска". Од ударот тој се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Тетово. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.
На 13.09.2025 во 00:13 часот во СВР Скопје е пријавено дека на Б.В.(64) од Скопје му слошило на скали во неговата куќа на подрачјето на општина Аеродром, по што паднал и починал. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а увид изврши екипа од СВР Скопје. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција.
На 12.09.2025 во 09:50 часот во Скопје на подрачјето на Бит Пазар полициски службеници од СВР Скопје го приведоа Н.И.(56) од Скопје затоа што во обложувалница физички ја нападнал вработената А.М.(26) од с.Бујковци, скопско, а потоа агресивно се однесувал и кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање ќе следува соодветен поднесок.
На 12.09.2025 во 21:45 часот во СВР Скопје, А.Р.(28) од с.Сарај, скопско, пријави дека околу 22:00 часот во с.Сарај, по претходно нарушени меѓусоседски односи, нејзиниот невенчан сопруг И.Б.(31) бил физички нападнат од Ц.А.(34). По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 12.09.2025 во 20:30 часот во СВР Скопје, Б.З.(73) од Скопје пријави дека околу 19:30 во с.Визбегово, скопско, била физички нападната од нејзиниот сосед Љ.Р.(58). По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 12.09.2025 во 20:00 часот во СВР Скопје, од Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ е пријавено дека во 18:00 часот кај нив на интензивна нега починал пациентот Џ.Б.(61) од Скопје. Според пријавеното, лицето претходно е донесено кај нив со повреди најверојатно од физички напад. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 12.09.2025 во 19:22 часот во полициското одделение во кичевското село Зајас пријавено е дека на шумски пат во атар на истото село, под трактор „универзал“ пронајден е Џ.М.(52) од Зајас. Од извршениот увид констатирано е дека тој, управувајќи го тракторот, изгубил контрола, паднал и бил прегазен од тракторот. Лекар од Итната медицинска помош од Кичево констатирал смрт без траги на насилство.
Денеска (13.09.2025) во 00:10 часот во Пробиштип, полициски службеници од Полициската станица Пробиштип го лишија од слобода Љ.М.(37) од Пробиштип затоа што на 12.09.2025 околу 23:50 часот физички нападнал 15-годишник од Пробиштип. Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 12.09.2025 во Полициската станица Свети Николе, Д.М.(43) од с.Лозово, светиниколско, пријави дека на 24.07.2025 нејзиниот брат Д.М.(46) заминал на работа во Скопје и оттогаш не се јавил, ниту се вратил во домот. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
На 12.09.2025 во 06:10 часот, при преземање службени дејствија во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, полициски службеник од СВР Скопје забележал дека на извештајот кај едно починато лице е заведено дека е починато како последица од сообраќајна несреќа. Во разговор со дежурниот персонал во болницата, добиени се информации дека лицето било донесено околу полноќ без знаци на живот и по половина час реанимирање лекар констатирал смрт. Исто така, добиена е информација дека лицето се вика С.Б.(58) од Скопје и дека и на 11.09.2025 се јавил на преглед и се жалел на болки како последица од сообраќајна незгода. По преземени мерки констатирано е дека на 28.08.2025 на ул.„Борис Трајковски“ тој заедно со неговата сестра се превезувале со такси возило кое удрило во друго возило и притоа само возачот-женско лице на другото возило се здобило со лесни повреди, додека другите лица биле без повреди. Известен е јавен обвинител и по негова наредба направена е обдукција на телото на починатиот, при што, исто така, било констатирано дека смртта не настапила како последица од сообраќајната незгода.