Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок на дел од дневните настани 19.05.2026

Министерство за внатрешни работи Министерство за внатрешни работи

На 18.05.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода А.А.(18) од с.Стајковци, скопско и малолетник од с.Србица, кичевско, затоа што кај нив се пронајдени и одземени бела прашкаста материја и марихуана. По целосно документирање на случаите, ќе следуваат соодветни поднесоци.

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Л.Ѓ.(39) и Г.Н.(42), двајцата од Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 07.11.2025 во Гостивар, полициски службеници извршиле преглед над второпријавениот, при што кај него бил пронајден и одземен кокаин, кој претходно го набавил од првопријавениот.   

 

На 18.05.2026 околу 15:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Јурумлери, скопско, на крстосница од регионален пат Скопје-Велес и општински пат с.Јурумлери-с.Долно Лисиче се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.И.(44) од Скопје и мотоцикл со скопски регистарски ознаки, управуван од М.П.(33)од с.Идризово, скопско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.

 

ОВР Кочани поднесе кривична пријава против Б.Д.(23) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и  пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 18.08.2025, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило и претрес во домот и помошна просторија на пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана.   

 

На 18.05.2026 во 10:40 часот на Граничен премин „Меѓународен аеродром Скопје“, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода С.А.(64) од Република Турција затоа што по извршена гранична контрола и проверка е констатирано дека евидира со мерка „апси“ по барање на Интерпол Германија. Тој бил задржан во полициска станица за понатамошна постапка.

 

ОВР Кочани поднесе известување против 16-годишник од с.Тркање, кочанско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 13.03.2026 во с.Оризари, кочанско, по претходна расправија, пријавениот со пиштол упатил заканил на М.Д.(18) од с.Оризари. 

 

На 19.05.2026 околу 00:10 часот во ОВР Гевгелија е пријавено дека на регионалниот пат Богданци - Гевгелија, патничко возило „фиат“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Д.Б.(50) од Богданци, излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и неговиот сопатник С.П.(52) од Богданци, констатирани во Медицински центар Гевгелија. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Гевгелија.  

 

ОВР Кочани поднесе кривична пријава против Р.Ј.(27) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“. На 26.04.2026, пријавениот физички ја нападнал неговата сопруга и ѝ нанел повреди.   

 

На 18.05.2026 во 17:15 часот во Демир Капија, полициски службеници од Полициската канцеларија Демир Капија лишиле од слобода 15-годишник од Демир Капија затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. Малолетникот бил приведен во полициска станица, известени биле јавен обвинител и Центар за социјални работи Неготино, а по документирање на настанот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

На 18.05.2025 околу 18:00 часот на ул.„Димитрие Чуповски“, пред започнување на протест пред Министерството за правда, полициски службеници од СВР Скопје ги приведоа Б.Џ.(28), Р.А.(27) и С.Д.(22), сите од Скопје, затоа што го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. Тие се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок. 

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против А.А.(20) од село Горна Бањица, гостиварско и Н.А.(25) од село Долна Бањица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги и психотропни супстанци и прекурзори“. На 25.09.2025, полициски службеници извршиле преглед кај првопријавениот, при што кај него била пронајдена и одзмена марихуана, која претходно ја набавил од второпријавениот.   

 

На 18.05.2026 во Полициското одделение Петровец, М.С.(74)од с.Сушица, општина Петровец, пријавил дека на 17.05.2026 во 20:30 часот кај селската чешма, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од Б.Б., А.Б. и С.Б.. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

 

На 18.05.2026 во 11:40 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода И.В.(24) од Велес. Тој се сомничи дека од базна станица на телекомуникациски оператор во Велес извршил кривично дело „тешка кражба“. Дел од одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот. И.В бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

ОВР Кочани поднесе кривична пријава против Г.С.(52) од с.Тркање, кочанско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 10.02.2026 на место викано „Црвена нива“, атар на с.Бели, кочанско, пријавениот агресивно се однесувал кон С.К.(79) затоа што ги набркал неговите домашни животни кои се напасувале на негов имот, а потоа на 11.02.2026 телефонски упатил закани на Т.К.(53), син на С.К..   

 

На 19.05.2026 во 01:45 часот во СВР Скопје, Н.Ш.(41) од с.Кондово, скопско, пријавил дека на 18.05.2026 околу 21:30 часот пред неговиот дом Б.И.(18) физички го нападнал, го удрил со кундак од пиштол и му нанел повреда. Според пријавеното, претходно во текот на денот неговата малолетна ќерка имала расправија со друга малолетничка. Откако забележал дека во наведеното време Б.И. со уште едно лице ја држат неговата ќерка за врат, се обидел да ги спречи, по што Б.И. го нападнал со кундак од пиштол. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.   

 

На 18.05.2026 во 12:46 часот во СВР Битола било пријавено дека во нива во с.Логоварди, битолско, била пронајдена експлозивна направа. Пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување ја подигнал експлозивната направа и констатирал дека се работи за артилериска граната од Првата светска војна. Извршен е увид.

 

На 18.05.2026 во 19:15 часот во СВР Скопје, О.С.(45) од Скопје пријави дека околу 14:30 часот во средно училиште на подрачјето на Карпош, неговата 17-годишна ќерка била физички нападната од нејзин соученик, кој според пријавеното подолг период психички ја малтретирал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 18.05.2026 во 17:30 часот во СВР Скопје, од Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди била донесена С.Ј.Т.(33) од Скопје. Според пријавеното, таа се здобила со повредите  околу 13:30 часот на работното место во Гинеколошко-акушерска болница Чаир во Скопје при пад од скали. За настанот е известен трудов инспектор.

Мени за пристапност