Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок на дел од дневните настани 18.05.2026

Министерство за внатрешни работи Министерство за внатрешни работи

На 17.05.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода З.С.(35) од с.Глумово, скопско, А.М.(20) од с.Катланово, скопско, К.А.Б. од Турција, со престој во Скопје, затоа што кај нив е пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот, ќе следуваат соодветни поднесоци.

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против И.Ѓ.(50) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено  кривично дело ,,насилство врз дете“. На 24.04.2026 во Гостивар, пријавениот физички нападнал малолетник.

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ф.Н.(60) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 11.05.2026, полициски службеници извршиле претрес во станот каде престојувал пријавениот, при што биле пронајдени и одземени кокаин и метамфетамин.

 

На 18.05.2026 во 05:25 часот во СВР Охрид е пријавено дека на ул.„7 Ноември“ во Охрид, патничко возило „цитроен“ со охридски регистарски ознаки, управувано од И.Р.(22) од Охрид,  изгубило контрола и излетало од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Специјалната болница „Свети Еразмо“ Охрид. При извршени проверки, било констатирано дека И.Р. го управува под дејство на алкохол, односно дека има 1,61 промили алкохол во крвта. По наредба на јавен обвинител, извршен е увид од увидна екипа на СВР Охрид.

 

СВР Струмица поднесе кривична пријава против Р.Т.(39) од с.Просениково, струмичко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“. На 09.03.2026, пријавениот преку негов профил на социјална мрежа се вклучил во живо, при што во јавноста промовирал и поттикнувал омраза и насилство.

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против С.К.(30) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено  кривично дело „демнење’’. Пријавениот ја следел, вознемирувал и се заканувал на неговата поранешна девојка.

 

ОВР Кратово поднесе кривична пријава против Д.К.(35) од село Шлегово, кратовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,загрозување на сигурноста”. На 11.04.2026, пријавениот му се заканувал и физички го нападнал Д.И.(51) од истото село.         

На 16.05.2026 во 20:30 часот во СВР Скопје, Р.И. (61) од Скопје пријавил дека на подрачјето на Шуто Оризари во Скопје ја пронашол повредена неговата 68-годишна сестра М.Б. од Скопје. Според пријавеното, две лица физички ја нападнале во нејзиниот дом и ѝ одзеле пари.Се преземаат мерки зарасчистување на случајот.    

 

На 17.05.2026 во 19:30 во СВР Скопје, Ф.М.(40) од Скопје пријавил дека на 07.05.2026 околу 08:00 часот на подрачјето на Чаир, неколку малолетници со закана со остар предмет од неговата 16-годишна ќерка одзеле пари и ѝ се заканувале дека повторно ќе треба да има даде во наредните денови. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 17.05.2026 во 13:50 часот во СВР Скопје, 36-годишната М.Б. од Скопје пријавила дека на 16.05.2026 околу 22:30 часот пред продажно место во трговски центар на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, нејзиниот 16-годишен син бил физички нападнат од друг 16-годишен малолетник, кој употребил тврд предмет, а потоа го нападнал и М.Д.(25) од Скопје, кој го бранел нападнатиот малолетник. Додека, пак, на 17.05.2026 во 11:45 часот, М.Д.(25) од Скопје пријави дека на 16.05.2026 околу 22:30 часот во трговски центар на подрачјето на општина Аеродром во Скопје бил физички нападнат од 16-годишник, додека бранел друг малолетник. За настанот е известен јавен обвинител за малолетници. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.


На 17.05.2026 во 20:00 часот во СВР Скопје, 18-годишната Т.Р. од Скопје пријавила дека околу 03:00 часот пред дискотека на подрачјето на Карпош во Скопје била физички нападната од едно лице, кој употребил остар предмет и ѝ нанел повреда. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 17.05.2026 во 22:30 часот во СВР Скопје, 31-годишата Г.П.Г. од Скопје пријавила дека  околу 16:10 часот во игротека на подрачјето на Карпош, нејзиниот четиригодишен син бил турнат од В.Д. - мајка на негово другарче. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 17.05.2026 во 18:25 часот во СВР Скопје, 71-годишната Ј.Б. од Скопје пријави дека околу 14:30 часот во парк пред станбена зграда на подрачјето на Бит Пазар во Скопје била физички нападната од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.    

 

На 17.05.2026 во 23:40 часот во СВР Скопје, А.А.(43) од Скопје пријавил дека околу 23:10 часот, пред угостителски објект на подрачјето на Чаир, поради нерасчистени должничко-доверителски односи бил физички нападнат од Ф.А. и уште едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.   

 

На 17.05.2026 во 08:30 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го приведоа М.В. (30) од Скопје затоа што се однесувал агресивно кон полициски службеници додека вршеле службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

                                         

На 17.05.2026 во 11:00 часот во СВР Скопје, З.К.(41) од Скопје пријави дека околу 10:30 часот во стан на подрачјето на општина Аеродром во Скопје ја пронашол почината неговата 46-годишна сестра З.К. од Скопје. По насоки на јавен обвинител телото на починатата е предадено на обдукција.       

 

На 17.05.2026 во 12:00 часот во СВР Скопје, 21-годишна жена од Скопје пријави дека околу 11:30 часот во семејниот дом во скопско, по претходна расправија, била физички нападната од нејзиниот 23-годишен брат, по што му возвратила. Подоцна, во 21:30 часот, 23-годишникот пријави дека по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од неговата 21-годишна сестра, по што ѝ возвратил. Извршен е службен разговор со 23-годишникот и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

 

На 18.05.2026 во 06:00 часот во СВР Скопје, 46-годишна жена од Скопје пријави дека на 17.05.2026 околу 23:00 часот во семејниот дом, по претходна расправија, била физички нападната од нејзиниот 57-годишен сопруг. Со него е извршен е службен разговор и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Мени за пристапност