Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок на дел од дневните настани 17.05.2026

Министерство за внатрешни работи Министерство за внатрешни работи

 

На 17.05.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода П.Р.(33) од Скопје и Д.Ф.(26) од Куманово, затоа што кај нив се пронајдени и одземени бела материја и марихуана. По целосно документирање на случаите против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.

 

На 16.05.2026 во 22:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од бул. „Јане Санданскии ул. „Васко Карангелевски“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа  помеѓу патничко возило „сеат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Т. (21) и мопед со скопски регистарски ознаки, управуван од Л.И.(32), двајцата од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Л.И., констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

 

На 16.05.2026 во 14:42 часот во СВР Штип е пријавено дека на регионалниот пат Плачковица – Штип, во насока од с.Таринци кон с.Стар Караорман, штипско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген пасат“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Б.М. (21) од с. Јунузлија, општина Карбинци (кој го управувал возилото без возачка дозвола),  патничко возило „рено клио“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Р.К.(45) од Штип и патничко возило „опел зафира“ со штипски регистарски ознаки, управувано од С.М.(47) од Штип. Сопатничката од возилото „фолксваген пасат“ Д.М.(50) од с.Јунузлија се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Штип. Известен е јавен обвинител, а увид бил извршен од увидна екипа од СВР Штип.

 

На 16.05.2026 во ОВР Кавадарци е пријавено дека околу 22:00 часот на крстосница од улиците „Методија Андонов Ченто“ и „Никола Минчев“ во Кавадарци, патничко возило „цитроен“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од 56-годишната В.К. од Кавадарци излетало надвор од коловозот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила В.К., констатирани во Општа болница Кавадарци. Известен бил јавен обвинител, а увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци.

 

На 16.05.2026 во СВР Велес е пријавено дека околу 16:15 часот на автопатот Гевгелија-Скопје, во близина на наплатна станица Отовица, се запалил автобус „темса“ со прилепски регистарски ознаки, управуван од С.П.(59) од Прилеп. Сите патници навремено го напуштиле автобусот и со друго возило биле пренесени во Скопје. Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од Територијална противпожарна единица Велес. Известен е јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од СВР Велес.

 

На 17.05.2026 во 01:00 часот во село Долно Палчиште, полициски службеници од Полициското одделение Камењане го лишија од слобода Л.Б.Т.(21) од истото село. При преглед кај него била пронајдена и одземена марихуана. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.

 

На 16.05.2026 во 21:10 часот, на улица ,,Илинденска" во Тетово, полициски службеници  од СВР Тетово го лишија од слобода Е.А.(34) од село Шемшово. При извршен преглед кај него биле пронајдени и одземени 10 кесички со бела прашкаста материја. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.

 

На 16.05.2026 во 12:20 часот во Полициската станица Тетово, Б.Р. од село Доброште пријави дека три лица- државјани на Бангладеш, се оддалечиле во непознат правец. А.С., А.М. и С.П. биле вработени во приватна фирма во Тетово и имале регулиран престој. Според пријавителот, истиот ден кога отишол да ги земе за да ги превезе до работните места, видел дека тие си заминале без да ги известат одговорните во фирмата.

 

На 16.05.2026  во 11:50 часот во Полициското одделение Жеровјане, И.Ј. од село Челопек, вработен во земјоделска задруга во истото село, пријави дека од задругата се оддалечиле две лица- државјани на Бангладеш. К.А. и П.Д. биле вработени во задругата и имале регулиран престој, но истиот ден си заминале без да ги известат одговорните во задругата.

 

На 16.05.2026 во 13:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека околу 12:45 часот на подрачјето на Гази Баба во Скопје,  во фабрика за хартија настанал пожар. Повредени лица нема. Пожарот е изгаснат од екипа од Бригадата за противпожарна заштита Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.  

 

На 16.05.2026 во 23:33 часот во СВР Скопје, З.Ѓ. пријави дека околу 23:00 часот во автобус бр.53 на ЈСП Скопје, неговата 16-годишна ќерка била физички нападната од женско лице – Е.З.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 17.05.2026  во 02:00 часот на ул. „Димо Наредникот" во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп лишија од слобода 16- годишен прилепчанец, бидејќи при преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 16.05.2026 во 20:40 часот во СВР Битола И.Д.(42) од Битола пријави дека на крстосницата на ул.„Партизанска" со ул.„Никола Тесла" во Битола, била удрена од возило, при што се здобила со повреди, а потоа возачот излегол од возилото и физички ја нападнал, по што го напуштил местото на настанот. Веднаш по добиената пријава преземени се соодветни мерки за расчистување на случајот, при што е констатирано дека се работи за патничко возило „шкода" со битолски регистарски ознаки, управувано од Т.М. од Битола. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

 

На 16.05.2026 во 23:30 часот во СВР Скопје, М.Ј. (41) од Скопје пријави дека околу 22:15 часот во парк на подрачјето на Ѓорче Петров, на нејзиниот 11-годишен син му пришле двајца малолетници кои му побарале пари. Откако малолетникот им кажал дека нема пари, тие физички го нападнале и му го оштетиле велосипедот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 16.05.2026  во 19:00 часот, Ѓ.К.(24) од Скопје пријави дека околу 08:40 часот во продажно место на подрачјето на Центар,  додека извршувал работни задачи, бил физички нападнат од неговиот колега Л.С.(62) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 16.05.2026 во 17:30 часот во СВР Скопје, С.Б.(38) од Скопје пријави дека околу 16:20 часот на подрачјето на Кисела Вода бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 16.05.2026 во 12:00 часот во СВР Скопје, 65-годишната И.С. од Скопје пријави дека во временскиот период од 02.08.2024 до 16.05.2026 од Градските гробишта Бутел, од парцела на гробно место, била одземена бронзена биста. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

Мени за пристапност