Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок на дел од дневните настани 16.05.2026

Министерство за внатрешни работи Министерство за внатрешни работи

На 15/16.05.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода А.Т.(24), В.Ј.(45), Е.С.(48), Д.К.(39), Н.А.(37) сите од Скопје, како и Б.И.(24) од Гостивар, М.Г.(20) од Битола и Ј.К.(23) од Велес, затоа што кај нив се пронајдени и одземени бела и кафеава прашкаста материја и марихуана. По целосно документирање на случаите против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.

 

На 15.05.2026 во 12:30 часот  во СВР Куманово е пријавено дека на крстосница од ул.„100“ и крак од ул. „100“  во Куманово се случила сообраќајна несреќа помеѓу  патничко возило „шкода“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Б.С.(76) и мопед „априлиа“ со кумановски регистарски ознаки, управуван од 16-годишник, двајцата од Куманово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, додека со телесни повреди се здобил возачот Б.С., констатирани во Општа болница Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

 

На 15.05.2025 во 18:47 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул. „Радишанска“ во  Скопје, патничко возило „фиат пунто“  удрило во 31-годишната С.М. и 27-годишната М.Ш., двете од Скопје, а возачот го напуштил местото на настанот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.Ш, а со телесни повреди С.М., констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

 

На 15.05.2026 во 20:32 часот во ОВР Делчево е пријавено дека на регионалниот пат Делчево – Берово, патничко возило „мазда“ со делчевски регистарски ознаки, управувано од К.Г.(53) од с. Нов Истевник, делчевско, на место викано „Курачка мала“,  атар на с. Нов Истевник излетало од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила 45-годишната В.А., а со телесни повреди се здобиле нејзиниот 12-годишен син, двајцата од Делчево. Со повреди се здобил и возачот К.Г., констатирани во Медицински центар Штип. По преземени мерки, полициски службеници кај возачот констатирале дека го управувал возилото под дејство на алкохол и кај него биле измерени 1,79 промили алкохол во крвта. Истиот е лишен од слобода и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Делчево.

 

На 15.05.2026 во 08:00 часот  во СВР Скопје е пријавено дека на велосипедска патека на Кеј на река Вардар во Скопје, се случила сообраќајна незгода помеѓу два електрични тротинети, управувани од 62-годишната С.С. и 12-годишник, двајцата од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.С., додека со телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во ЈЗУ „Св. Наум Охридски“ во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје. 

 

На 15.05.2026 година во 12:45 часот, на кружниот тек помеѓу улиците „Маршал Тито“ и „Илинденска“ во Тетово, се случила сообраќајна незгода во која учествувале патничко моторно возило „Сеат Ибица“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Л.М.(22) од Тетово, и електричен тротинет управуван од Л.А.(46) од с. Прељубиште. Во незгодата, возачот на тротинетот се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Клиничката болница во Тетово. Увид на лице место извршила екипа од СВР Тетово.

 

На 15.05.2026 во 14:00 часот во СВР Скопје, 57-годишен маж од Скопје пријави дека на 14.05.2026 околу 18:30 часот во семејниот дом на подрачјето на Гази Баба бил физички нападнат од неговиот син, кој му упатувал ѝ закани. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 16.05.2026 во 01:30 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода П.К.(38) од Скопје, по претходна пријава дека на 15.05.2026 околу 22:30 часот на подрачјето на Центар физички ја нападнал неговата 46-годишна партнерка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

 

 

 

На 15.05.2026 во 19:15 часот полициски службеници од ПС Кисела Вода извршиле службен разговор со В.Ј.(43) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека на 14.05.2026 околу 22:30 часот во семејниот дом на подрачјето на општина Аеродром во Скопје физички ја нападнал неговата 41-годишна сопруга. Според пријавеното, тој и во изминатиот период и вршел психичко и физичко малтретирање, но таа досега немала пријавено. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

 

На  14.05 2026 во 20:40 часот во Берово, полициски службеници од ОВР Берово го лишија од слобода Д.К.(47) од Берово, по претходна пријава дека истиот ден бил во семејниот дом и истовремено барал да си заминат од домот неговата 48-годишна сопруга и нивната ќерка, со што го прекршил Решението издадено од Основен суд Берово. За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Берово. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

 

 

На 15.05.2026 во 19:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека во парк шума на подрачјето на Гази Баба, од страна на двајца малолетници бил опожарен дел од летниковец. Повредени лице нема, а пожарот бил локализиран од граѓани. Извршен бил увид од увидна екипа и се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

 

На 16.05.2026 во 00:15 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода М.Х.(24), по претходна пријава дека на 15.05.2026 околу 22:30 часот во домот „Ранка Милановиќ“ во Скопје, по претходна расправија со неговиот татко, со запалива течност го полил ходникот од објектот ѝ му упатувал закани. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

 

На 15.05.2026 во 13:45 часот во СВР Скопје, Д.В.(53) од с. Раштак, скопско, пријавил дека  околу 12:45 часот во с. Трубарево, скопско, додека извршувал работни задачи при вадење на цевка од ров, вработен во  ЈП Вододовод и канализација Скопје се здобил со тешка телесна повреда, констатирана во ЈЗУ „Св. Наум Охридски“ Скопје. За настанот е известен трудов инспектор.

 

На 15.05.2026 во 21:25 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ја приведоа 65-годишната Л.Ј. од Скопје, по претходна пријава дека во ходник од станбена зграда на подрачјето на Кисела Вода го нарушила јавниот ред и мир и се однесувала недолично кон 52-годишниот И.К., сопственик на стан, со кого Л.Ј. требало да склучи договор за закуп на стан, но истата одбивала. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 15.05.2026 во 12:20 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го приведоа Д.Д.(42) од Скопје, поради тоа што на подрачјето на Карпош се однесувал агресивно кон полициски службеници додека извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 15.05.2026 во 23:40 часот во СВР Скопје, С.Р.(45) од Скопје пријавила дека околу 20:40 часот во детски парк на подрачјето на Центар, нејзината 9-годишна ќерка била физички нападната од малолетник. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 15.05.2026 во 23:20 часот во Скопје, полициски службеници го приведоа С.В.(46) од Скопје, затоа што на подрачјето на Ѓорче Петров агресивно се однесувал кон полициски службеници додека извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

 

 

ОВР Кочани поднесе кривична пријава против малолетничка од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“. Малолетничката, неколку месеци вршела психичко насилство преку социјални мрежи над дете од Кочани.

ОВР Кочани поднесе кривична пријава против С.Р.(38) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 06.04.2026, пријавениот од негов профил на социјална мрежа објавил заканувачка и навредлива содржина, кои во вид на „скриншотови“ од друго лице му биле испратени на полициски службеник при ОВР Кочани.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против М.К.(53) од беровско поради постоење основи на сомнение за сторено кривичното дело „насилство врз дете“. Во периодот од 03.02.2026 до 10.02.2026, пријавениот, вработен како хигиеничар во основно училиште во истото село, извршил психичко насилство над тројца ученици и ги снимал со неговиот мобилен телефон.

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против О.Ф.(29) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“ и „предизвикување на општа опасност“. На 22.11.2025 на излез од с. Боговиње, тетовско, пријавениот му го пресекол патот на Н.И.(31) од с. Боговиње, тетовско, додека се движел со своето патничко возило, при што му упатувал закани со огнено оружје. После тоа, продолжил на автопатот, не застанал на знак за запирање од полициски службеници и скршил рампа на наплатната станица Глумово.    

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против П.С.(26) и В.С.(21), двајцата од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда’’. На 22.03.2026 во семејниот дом, по претходно нарушени семејни односи, пријавените започнале меѓусебна физичка пресметка.

 

 

Мени за пристапност