СВР Скопје поднесе кривична пријава против Е.А.(49) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 13.03.2026, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени амфетамин, марихуана, метадон и две дигитални ваги со остатоци од амфетамин.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.И.(43) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“ . На 14.03.2026 во трговски центар во Тетово, пријавениот со тврд предмет го нападнал М.Б.(63) од Тетово.
ОВР Кочани поднесе кривична пријава против Д.Ј.(31) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“. На 10.05.2026 во семејниот дом во Кочани, пријавениот физички ја нападнал неговата сопруга, нанесувајќи ѝ повреди.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Г.А.(44) од гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „демнење“. Во периодот од 13.03.2026 до 24.03.2026 пријавениот следел и вознемирувал 15-годишна малолетничка преку апликација на мобилен телефон.
На 14.05.2026 во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода четворица 17-годишници, сите од Скопје, затоа што во нивна близина е пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.
На 14.05.2026 околу 11:00 часот во СВР Куманово е пријавено дека на автопатот Куманово - Скопје, во атар на с.Агино село, кумановско, патничко возило „ауди“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Г.К.(43) од Куманово, излетало од патот и се превртело. Во несреќата, возачот Г.К. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Куманово. Увид на местото извршила екипа од СВР Куманово.
На 14.05.2026 во 08:38 часот во СВР Скопје, А.С.(38) од Скопје пријави дека при чистење на дворот на подрачјето на Гази Баба пронашол стара рачна бомба. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Гази Баба, а бомбата била подигната за понатамошна постапка.
На 13.05.2026 во 11:50 часот во СВР Скопје e пријавено дека на ул.„Багдадска“ во Скопје, товарно возило „фиат дукато“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.К.(60) од с.Волково, скопско, удрило во 92-годишната М.К. од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.К., констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
На 14.05.2026 во 15:10 часот во СВР Тетово е пријавено дека на ул.„ЈНА“ во Тетово, патничко возило „опел“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Ќ.Х.(64) од с.Гајре, тетовско, удрило во велосипед, управуван од Ј.Х.(63) од Тетово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Клиничка болница Тетово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.
На 14.05.2026 во 12:10 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на ул.„ЈНА“ во Гостивар се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „рено“ со италијански национални ознаки, управувано од Н.Д.(71) и патничко возило „мерцедес“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Н.З.(22), двајцата од Гостивар. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил 21-годишниот А.С. од Гостивар, а со телесни повреди Б.А.(21) од Гостивар, двајцата сопатници од возилото „мерцедес“, констатирани во Ургентен центар Гостивар. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против З.Н.(34) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори “. На 13.09.2025 во Гостивар, полициски службеници извршиле преглед во патничко возило „сузуки“, кое го управувал пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана.
На 15.05.2026 во 04:24 часот во СВР Штип, од Клиничка болница Штип е пријавено дека кај нив било донесено мртво новороденче, кое неговата мајка Ѓ.У.(35) од с.Конче, радовишко, го родила во домот. Лекар констатирал смрт, а мајката била сместена на Одделението за гинекологија во Клиничка болница Штип. Полициски службеници излегле на местото и бил извршен разговор со нејзиниот сопруг К.У.(33) од с.Конче, при што било утврдено дека околу 02:00 часот Ѓ.У. добила породилни болки и се породила во дворот. Запознаен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на настанот.
На 14.05.2026 во 18:15 часот во с.Жеровјане, тетовско, полициски службеници од Полициското одделение Жеровјане го лишиja од слобода М.Р. од с.Дебреше, гостиварско, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 14.05.2026 во 21:50 часот на ул.„Илинденска“ во Тетово, полициски службеници го лишиja од слобода А.Ц.(19) од Тетово поради основано сомнение дека извршил кражба во маркет. Имено, претходно, вработена во маркет пријавила дека две лица во два наврати одзеле алкохолни пијалаци од рафтовите и побегнале. По преземени мерки тој е пронајден, лишен од слобода и задржан во полициска станица. По целосно расчистување на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 14.05.2026 во 14:40 часот на улица „Илинденска" во Тетово, полициски службеници приведоа 17-годишен малолетник од с.Ново Село, општина Боговиње, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. Тој е задржан во полициска станица и во присуство на родител со него бил извршен службен разговор. По документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.
На 14.05.2026 во 22:30 часот на ул.„Широка" во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги лишија од слобода Д.С.(20) и С.С.(21) од Битола, затоа што при преглед кај нив, кај Д.С. била пронајдена марихуана. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ф.Ш.(39) од с.Пирок, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста’.’ На 05.11.2025, пријавениот преку мобилна апликација го контактирал Ф.Х. и му упатил закани на него и неговото семејство.
На 14.05.2026 во 20:30 часот во СВР Скопје, Н.Т.(38) од Скопје пријави дека околу 15:00 часот на детско игралиште на подрачјето на Карпош во Скопје, нејзината седумгодишна ќерка била нападната од куче со сопственик. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 14.05.2026 во 20:00 часот во СВР Скопје, М.М.(34) од Скопје пријави дека околу 16:40 часот пред спортска обложувалница на подрачјето на Карпош бил физички нападнат од С.К., кој претходно се однесувал недолично кон вработена во објектот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против С.К.(30) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста’’. На 07.05.2026 во казино, пријавениот упатил закани кон неговата поранешна девојка, која била на работното место, и кон нејзините колеги.
На 14.05.2026 во 11:05 часот вo СВР Скопје е пријавено дека во с.Инџиково, скопско, настанал пожар во куќа, сопственост на Љ.С.(70). Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а сопственикот Љ.С. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје за укажување помош. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
На 14.05.2026 во 22:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Втора македонска бригада“ во Скопје настанал пожар на кровна конструкција од угостителски објект. Повредени лица нема, а од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат. Увид бил извршен.
На 14.05.2026 во 13:50 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода С.Р.(30) од Куманово, постапувајќи по претходна пријава дека истиот ден со употреба на сила влегол во куќа на улица „Пионерска“ во Куманово и се обидел да изврши кражба. С.Р. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 14.05.2026 во 14:30 часот во СВР Велес, 58-годишна жена од село во општина Градско, пријави дека била измамена за сума од 240.000 денари. Според пријавеното, едно лице ја контактирало телефонски, се претставило како лекар во Општа болница Велес и ѝ кажало дека нејзината ќерка во моментот е во болницата со скршеница и треба да се изврши оперативен зафат, за што требало да плати, а парите да ги донесе во болница. Како што е пријавено, во дворот од болницата ја пречекало женско лице на кое ги дала парите, а подоцна сфатила дека е измамена. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Г.Џ.(30) од с.Черкези, кумановско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување на употреба на наркотични дроги”. Полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „ауди“, кое го управувал пријавениот, при што биле затекнати две лица од Куманово како користат марихуана, која тој ја набавил и им овозможил да ја користат.
На 14.05.2026 во 23:00 часот во ОВР Неготино, М.А.(33) од Неготино пријави дека на улица „Маршал Тито“ во Неготино, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од двајца малолетници, а друг малолетник снимал со телефон. Известен бил јавен обвинител и Центарот за социјални работи и се преземаат мерки за расчистување на настанот.
На 14.05.2026 во 14:20 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ја приведоа М.С. од Скопје, затоа што на подрачјето на Чаир се однесувала агресивно кон полициски службеници додека извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 15.05.2026 во 01:00 часот пред ноќен клуб на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го приведоа К.С.(23) од с.Инџиково, скопско, затоа што се однесувал агресивно кон полициски службеници додека извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 14.05.2026 во 14:45 часот во СВР Скопје, А.Ш.(20) од Скопје пријави дека околу 14:40 часот на подрачјето на Бит Пазар бил физички нападнат од О.А.(41) од Скопје, кој употребил ѝ тврд предмет. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 13.05.2026 во 16:50 часот во СВР Скопје, В.Ј.(46) од с.Побожје, скопско, пријави дека околу 13:00 часот во селото, на место викано „Глуваница“, поради претходно недоразбирање бил физички нападнат од З.К.(57) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 13.05.2026 во 16:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Шуто Оризари, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Е.И.(30) и О.В.(37), двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 15.05.2026 во 04:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Центар, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу А.В.(23) и А.А., двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 14.05.2026 во 19:30 часот во СВР Скопје, 48-годишната М.Х. од Скопје пријави дека на 09.05.2026 околу 18:30 часот на подрачјето на Центар паднала во шахта без капак и се здобила со тешка телесна повреда. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.