СВР Скопје поднесе кривична пријава против Т.Б.(43) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 13.03.2026, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени кокаин и дигитална вага.
ОВР Берово поднесе кривична пријава против Д.К.(40) од Берово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“. На 03.03.2026 во с.Двориште, беровско, по претходна расправија, пријавениот физички го нападнал А.С, при што употребил тврд предмет.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против М.В.(33) од светиниколско село поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“. На 22.02.2026 во селото, пријавениот во неколку наврати физички ја нападнал неговата сопруга и ѝ нанел телесни повреди.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесена кривична пријава против И.М. (49) од Крива Паланка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност “. На 28.01.2026 во атар на с.Луке, општина Крива Паланка, пријавениот опожарил помошен објект- штала во која имало пет тони сено, земјоделски алат и опрема, во сопственост на четири лица.
На 18.03.2026 во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода З.Т.(42) од с.Волково, скопско, затоа што кај него е пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.
На 18.03.2026 во 06:50 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека на крстосница од ул.„Пере Тошев“ и ул.„Димче Антулески“ во Прилеп се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од С.К.(22) и електричен тротинет, управуван од М.Д.(41), двајцата од Прилеп. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил М.Д., констатирани во Општа болница Прилеп. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Прилеп.
На 18.03.2026 во 16:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на велосипедска патека кај автобуска постојка ул.„11 Октомври“ во Скопје, електричен тротинет, управуван од женско лице, удрил во 59-годишната А.К. од Скопје и го напуштил местото на настанот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.К., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 18.03.2026 во 16:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од ул.„Пекљане“ и ул.„Антон Кецкаров“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Х.Б.(60) од Скопје и мопед управуван од Љ.М.(55) од с.Ново Село, скопско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Љ.М., констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
На 18.03.2026 во 17:25 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на регионалниот пат Кичево-Осломеј се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Ф.Ф.(29) од Кичево и патничко возило „пежо“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од А.Џ.(55) од с.Црвевци, кичевско. По незгодата, двајцата возачи се пренесени во болницата во Кичево, каде што кај А.Џ. се констатирани тешки телесни повреди, додека кај Ф.Ф. се констатирани телесни повреди. При преземање мерки и извршено алкотестирање утврдено е дека А.Џ. го управувал возилото под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,71 промили алкохол во крвта. По наредба на јавен обвинител, тој е лишен од слобода, а возилото му е одземено. По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.
ОВР Кочани поднесе кривична пријава против Д.А.(28) од општина Чешиново-Облешево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“. На 21.12.2025 во дворно место на Евангелската црква во с.Чифлик, пријавениот физички и со остар предмет го нападнал В.Н. и му нанел тешки телесни повреди.
ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против З.С.(59) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“. На 22.02.2026 во својот дом, пријавениот се обидел со остар предмет да ја нападне неговата сопруга.
СВР Велес поднесе известување против 17-годишник од Неготино поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 21.08.2025, полициски службеници извршиле преглед кај малолетникот, при што била пронајдена и одземена марихуана. Тој претходно како сопатник на мопед се обидел да им побегне на полициски службеници, кои дале знак за запирање на мопедот.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава против М.Ј.(39) од Косово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење“. На 11.03.2026 на Граничен премин Деве Баир, на влез во државата, при преглед на неговиот багаж во автобусот со кој допатувал, биле пронајдени и одземени поголема количина на текстилна роба и повеќе штеки цигари без документација, со вкупна вредност од 300.708 денари.
На 18.03.2026 во 18:59 часот во СВР Куманово, од Општа болница Куманово е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди за укажување лекарска помош бил донесен С.М.(63) од Скопје. Според пријавеното, тој бил ангажиран преку правно лице од Скопје и се здобил со повредите при извршување работни задачи за поправка на товарно возило на Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ во Куманово. Увид извршила екипа од СВР Куманово во присуство на трудов инспектор.
На 19.03.2026 во 02:20 часот во СВР Скопје, М.И.(42) од кумановско пријави дека на 18.03.2026 околу 23:35 часот додека била на работното место како медицинска сестра на Клиника за кардиологија во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, П.Б.(79) од Скопје, кој бил во придружба на женско лице кое дошло на преглед, упатувал закани кон неа и кон друг вработен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 18.03.2026 во 22:50 часот во СВР Скопје, од Казнено - поправната установа Затвор- Идризово е пријавено дека во амбулантното одделение во установата биле пронајдени и одземени четири пакувања со бела прашкаста материја. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 18.03.2026 во 12:55 во СВР Скопје, Н.Х.(39) од скопско пријави дека околу 11:00 часот на работното место во угостителски објект на подрачјето на Бит Пазар, по претходно недоразбирање, била физички нападната од Ј.А.. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 18.03.2026 во 09:45 часот во СВР Скопје, С.Д.(58) од Скопје пријави дека на подрачјето на Чаир, додека управувал автобус на ЈСП, бил физички нападнат од П.В.(43) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 18.03.2026 во 12:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Шуто Оризари, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Ш.М.(52) и М.М.(61), двете од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 18.03.2026 во 19:42 часот во СВР Скопје, Н.Г.(26) од Скопје пријави дека во 19:40 часот го пронашол во бессознание неговиот другар М.С.(24) од Скопје. Според пријавеното, другар му дошол кај него околу 10:00 часот и набргу тој легнал да спие, а откако се разбудил го пронашол М.С. во бессознание. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство. Извршен е увид, а по насоки од јавен обвинител телото на починатиот е дадено за обдукција.