Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок на дел од дневните настани 18.03.2026

Министерство за внатрешни работи Министерство за внатрешни работи

СВР Велес поднесе кривична пријава против Ф.Е.(23) од с.Бузалково, велешко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 11.09.2025  во Велес, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „ауди“, во кое биле затекнати две лица од Велес, при што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и кокаин, кои претходно ги набавиле од пријавениот.

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ф.Ш.(27) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „демнење’’. Пријавениот со патничко возило им се доближувал на 21-годишна девојка од Тетово и нејзината мајка и ги снимал со мобилен телефон, а исто така и се јавувал и од различни броеви на девојката.

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против М.Т.(26) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело  „тешка телесна повреда“. На 06.02.2026 во Гостивар, пријавениот физички го нападнал Х.М.(38), нанесувајќи му тешки телесни повреди.              

 

На 17.03.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода А.П.(31) и П.С.(18), двајцата од Скопје, затоа што кај нив е пронајдена  и одземена марихуана. По целосно документирање на случаите, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.   

 

На 17.03.2026 во 22:30 часот во СВР Охрид е пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Х.К.(25) од с.Мороишта, струшко и патничко возило „форд“ со струшки регистарски ознаки, управувано од 40-годишната С.Ш. од с.Мислешево, струшко. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.Ш., додека нејзиниот  41-годишен сопатник Д.С. од истото село се здобил со телесни повреди, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. За настанот е  известен јавен обвинител. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.  

 

На 17.03.2026 во 12:26 часот во СВР Штип е пријавено дека на ул.„Сремски Фронт“ во Штип, патничко возило „шкода октавија“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Ј.М.(63) од Штип, удрило во пешакот М.С.(62) од Штип. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.С., констатирани во Клиничка болница Штип. Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Штип.

 

На 17.03.2026 во 16:05 часот на Граничен премин Долно Блаце, на излез од државата, полициски службеници го лишија од слобода С.Б.(44) од Република Турција. При извршена пасошка контрола и гранични проверки е констатирано дека евидира со мерка  „Задржи и  извести“ по барање на Одделениете за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Скопје поради сомнение за сторено кривично дело по член 378 од Кривичниот законик. Известен е јавен обвинител, а лицето е задржано во Полициската станица Кисела Вода за понатамошна постапка.  

 

На 17.03.2026 во 13:18 часот во СВР Скопје, од Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесен К.П.(33) од Скопје. Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување работни задачи во фабрика во с.Кадино, општина Илинден. Известен е Државниот трудов инспекторат и се работи на расчистување на случајот. 

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.С.(48) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама’’. Пријавениот довел во заблуда едно лице и го измамил за сума од 14.460 швајцарски франци. Имено, во 2025 година тој се договорил со лицето да изработи железни материјали за износ од 20.450 швајцарски франци и преку приватна фирма за шпедиција изработените материјали да бидат однесени во Швајцарија кај него. Откако лицето ја изработило нарачката, изготвил фактура, по што М.С. на жиро сметка исплатил само 5.999 швајцарски франци, додека останатиот дел од 14.460 швајцарски франци не ги исплатил. За останатиот долг, оштетениот во повеќе наврати се обидел да стапи во контакт со пријавениот, но тој бил недостапен.

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против Р.Б.(44) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на знак за помош и опасност“. На 05.03.2026, пријавениот - вработен во РЕК Осломеј, на неговиот претпоставен лажно, преку порака на мобилен телефон, му пријавил дека има поставено експлозивна направа во кругот на РЕК Осломеј, по што го напуштил кругот на РЕК Осломеј.

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.В.(54) од с.Бозовце, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба на електрична енергија, топлинска енергија или природен гас“. На деловен простор во Тетово, на кој е регистрирано електрично броило, пријавениот направил манипулација со две од трите фази, со што било оневозможено точното мерење на потрошената електрична енергија од деловниот простор. На тој начин била оштетена ЕВН Македонија за сума од 1.080.830 денари.  

 

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Н.С. од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори’’. На 22.03.2025 во с.Лојане, општина Липково, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

 

На 17.03.2026 во 21:55 часот во село Боговиње,  тетовско, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода З.М.(65) од с.Боговиње поради сомнение дека на 14.03.2026 извршил кражба во џамија во с.Врапчиште, гостиварско. По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.

 

На 17.03.2026 во 17:15 часот на Граничен премин Јажинце, полициски службеници го лишија од слобода А.Т.(41) од с.Горно Седларце, општина Боговиње. При извршени гранични проверки и пасошка контрола било констатирано дека патничкото возило  „шкода октавија“, кое го управувал, било барано од Интерпол Австрија. Возилото е одземено и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.  

 

На 17.03.2026 во 22:10 часот во Полициската станица Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода М.А.(49) од скопско, постапувајќи по претходна пријава од неговата 47-годишна сопруга дека на 15.03.2026 во семејниот дом со тврд предмет ја нападнал нивната малолетна ќерка, а кога се обидела да ја одбрани, физички ја нападнал и неа. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 17.03.2026 во 16:00 часот во Скопје, на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Б.А.(41) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека околу 09:00 часот во Јавна установа Меѓуопштински центар за социјална работа-Скопје, агресивно се однесувал кон вработените и упатувал закани за неговата 33-годишна сопруга, со која е во бракоразводна постапка, а која во моментот не била присутна. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

 

На 18.03.2026 во 00:00 чaсот во СВР Скопје, 60-годишна жена од скопско, пријави дека на 17.03.2026 околу 19:30 часот во семејниот дом била физички нападната од нејзиниот сопруг И.К.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 17.03.2026 во 19:50 часот во кичевско село, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода К.Ш.(50) од селото, постапувајќи по претходна пријава дека  во домот во селото физички ја нападнал неговата 44-годишна сопруга. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

 

 

 

 

СВР Куманово поднесе кривична пријава против С.Ш. од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори’’. На 14.03.2025, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени марихуана, кокаин, амфетамин, метилен диоксиметамфетамин и дигитална вага.

 

 

Мени за пристапност