На 16.03.2026 во 21:20 часот во СВР Тетово сам се пријавил А.А.(47) од Тетово и со него бил извршен службен разговор. Имено, постапувајќи во врска со настанот од 14.03. во кој 19-годишна девојка од Тетово падна од балкон од куќата на нејзиниот дедо и која беше пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, полициски службеници дошле до сознанија, односно било констатирано дека девојката била психички и физички малтретирана од нејзиниот татко А.А.. По насока од јавен обвинител А.А. е пуштен и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против М.Д.(26) и А.Т.(29), двајцата од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги и психотропни супстанци и прекурзори“. На 31.10.2025 во Куманово, полициски службеници извршиле преглед над второпријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана, која претходно ја набавил со првопријавениот и ја препакувале за продажба.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Т.Д.(54) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“. При редовна контрола, полициски службеници сопреле патничко возило „фолксваген голф“ со словенечки национални ознаки, кое го управувал пријавениот, при што било констатирано дека регистарските таблички биле издадени во Република Словенија за друго патничко возило.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.З.(46) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 11.03.2026 на улица „Илинденска“ во Тетово, по завршување на судско рочиште во Основен суд Тетово, на кое присуствувал заедно со Б.Џ., пријавениот физички го нападнал Б.Џ..
На 16.03.2026 околу 13:40 часот во ОВР Виница е пријавено дека на патот Кочани - Виница, во атар на Виница, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген туран“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Ј.Т.(59) од Штип и патничко возило „мазда“ со штипски регистарски ознаки, управувано од З.П.(65) од с.Истибања, виничко. Во несреќата, од здобиените повреди починал 65-годишниот З.П., а лекар од Итна медицинска помош, констатирал смрт. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција. Со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од возилото „мазда“ Ж.П.(58) од с.Истибања, а со телесни повреди се здобиле, Ј.Т. и неговиот сопатник Г.Д.(65) од Штип, констатирани во Општата болница Кочани. Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Виница.
На 17.03.2026 во 03:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Шуто Оризари било опожарено патничко возило „ренџ ровер“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Ф.О.(37) од Скопје. Според пријавеното, сопствениците на безбедносните камери забележале едно маскирано лице кое истурило течност на возилото, по што веднаш се запалило возилото. Повредени лица нема, а пожарот е изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 16.03.2026 околу 16:30 часот во с.Стење, ресенско, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Стење ги затекнале Б.И.(26), Х.М.(22), Ф.А.(23) и К.М.(22), сите од Судан. По преземени мерки и извршени проверки е констатирано дека тие илегално ја преминале албанско-македонската државна граница, по што биле приведени во полициска станица за понатамошна постапка. По документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.Т.(50) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. Таа, во својство на инвеститор, на катастарска парцела во охридското село Трпејца, без правосилно одобрение за градење издадено од Сектор за урбанизам и управување со градежно земјиште од општина Охрид, изградила индивидуална семејна куќа. Врз основа на констатираната состојба, донесено е решение за отстранување на градбата.
ОВР Кичево поднесе кривична пријава против А.З.(61) од Крушево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „незаконит лов“ . На ловен терен во атарот на кичевското село Староец, пријавениот ловел и извршил испукување од лично огнено оружје-ловечки карабин „Маусер“ калибар 7,9 милиметри, без да поседува дневна дозвола од концесионерот.
На 16.03.2026 во 18:00 часот во Полициското одделение Нов Дојран, Б.А.(53) од село Сретеново, општина Дојран, пријави дека во близина на неговото дворно место пронашол граната. На 17.03.2026 гранатата е подигната од пиротехничар од Дирекција за заштита и спасување, при што е утврдено дека се работи за артилериска граната калибар 100 мм, која потекнува од Првата светка војна.
На 16.03.2026 во 22:20 часoт во Полициската станица Кисела Вода полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода И.Ј.(47) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од неговата поранешна вонбрачна 35-годишна партнерка дека ѝ упатувал закани. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
На 16.03.2026 во 12:50 часот во СВР Скопје, Д.О.(46) од Скопје пријави дека на подрачјето на Центар бил физички нападнат од две лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 16.03.2026 во 17:47 часот во СВР Скопје е пријавено дека на 15.03.2026 во с.Шишево, скопско, Т.Н.(42) од с.Шишево бил физички нападнат од С.Б.(46) од истото село. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 17.03.2026 во 02:30 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го приведоа М.А.(59) од Скопје затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 16.03.2026 во 17:25 часот во СВР Скопје, од Македонската православна црква – Охридска архиепископија е пријавено дека во периодот од февруари 2026 година до пријавувањето, од црквата „Св.Великомаченик Ѓорѓи“ на подрачјето на Чаир во Скопје бил одземен бакарен лим од кровот на црквата, при што сторителите се стекнале со противправна имотна корист од над 150.000 денари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 16.03.2026 во 13:00 часот во СВР Тетово, 47-годишна жена од тетовско, пријави дека била измамена од С.С. од с.Арачиново, скопско, за сума од 550 евра. Според пријавеното, во текот на февруари 2026 година преку социјална мрежа стапила во контакт со лицето, кое се претставило како претставник на фирма за мебел и се договорила да нарача мебел. Како што е пријавено, откако се сретнале му ги дала парите како капар, но услугата не била извршена, а тој бил недостапен на телефон. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.
На 16.03.2026 во 15:45 часот во ОВР Гостивар, полициски службеници извршиле службен разговор со И.Ф.(49) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за извршена „тешка кражба“. Имено, тој се сомничи дека од домот на С.С. одзел предмети кои се пронајдени и вратени на сопственикот. По целосно документирање на настанот, против него ќе следува соодветна пријава.