Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава против Д.Т.(73) од Крива Паланка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „полов напад и силување“. На 06.10.2026 во кривопаланечко село, пријавениот извршил обљуба врз 75-годишна жена од селото.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Л.Х.(35) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“ и против Ф.А.(54) и А.А.(22) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 25.08.2026, првопријавениот се обидел со нож да го нападне второпријавениот, кој во самоодбрана со тврд предмет му го оштетил велосипедот. Потоа настанала физичка пресметка помеѓу тројцата, при што Л.Х. со ножот им нанел повреди на Ф.А. и Л.А., кои се обиделе да му го одземат.
На 15.10.2026 во 20:30 часот во Македонска Каменица, полициски службеници од мобилниот тим на „Task force“ сопреле патничко возило „цитроен“ со регистерски ознаки од Македонска Каменица, управувано од Н.С.(30) од Македонска Каменица. При извршен преглед пронајдени и одземени се пакување со марихуана и една дробилка. Известен е јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 16.10.2026 во 14:00 часот во СВР Скопје од КПУ Затвор-Идризово е пријавено дека околу 11:30 часот при претрес кај осуденикот С.С. била пронајдена и одземена прашкаста материја. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 17.10.2026 во СВР Тетово се пријавени три обиди за тешка кражба и една кражба на 16.10.2026 во верски објекти на подрачјето на градот. Во верски објект „Фирдеус“ на ул. „Ван Вардарска“, во периодот од 16.10.2026 и 17.10.2026 непознат сторител со употреба на физичка сила насилно го отворил прозорецот од подрумските простории и се обидел да ја отвори подрумската врата, по што го напуштил местото. Во „Големата џамија“ на ул. „Горна Чаршија“, околу 05:30 часот, едно лице влегло во објектот, се обидело да го пронајде клучот, а потоа со метален предмет се обидело да ја оштети и отвори вратата, по што се оддалечило. Во „Ески“ џамијата на ул. „Пробиштипска“, одговорното лице А.Б. (38) од Тетово пријавило дека непознато лице се обидело да го отвори и оштетил металниот сеф, кој бил пронајден поместен под столиците. По преземени оперативни мерки од страна полициски службеници од СВР Тетово, на 17.10.2026 година во 12:30 часот на ул. „Борис Кидрич“ во Тетово е лишен од слобода Д.С. (35) од с.Јеловјане, поради основано сомнение за сторено кривични дела ,,Тешка крашба“ и „Тешка кражба во обид“ казниво по член 235 од КЗ. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 17.10.2026 во 22:55 часот, во ОВР Гостивар било пријавено во с. Долна Бањица се случила сообраќајна несреќа во која патничко моторно возило „опел“ со гостиварски регистарски ознаки управувано од И.М.(59) од Гостивар, излетало од коловозот, удирајќи во бетонски ѕид. Во 23:00 часот од страна на дежурен лекар била констатирана смрт. По насоки на Јавен обвинител, телото на починатиот е предадено за обдукција.
На 18.10.2026 во 01:15 часот, за време на спроведена акциска контрола во угостителски објект на ул. „Живко Брајкоски“ во Гостивар, од страна на полициски службеници биле приведени три странски државјани од Република Турција: Ч.М. (20), Ј.Ј. (39) и Х.К. (42), поради нелегален престој и злоупотреба на престојот во државата. Тие се задржани во Полициска станица Гостивар за понатамошна постапка.
На 17.10.2026 во 23:40 часот, при акциска контрола во објект на ул. „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го привеле Џ.С. (52) од Тетово. Лицето одбило да се легитимира, немало лични документи, се оглушил на издадените полициски наредби додека извршувале службени дејствија и се однесувал агресивно. Тој е задржан во Полициска станица Тетово за понатамошна постапка.
На 17.10.2026 во 02.30 часот, на улица „Васил Стефоски“ во Охрид, лишен од слобода е А.П.(41) од Охрид по претходна пријава дека во угостителски објект во Охрид, бил агресивен кон М.Г.(38) од Охрид и му упатувал закани. По целосно документирање на настанот, против А.П. ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 18.10.2026 во 00:06 часот, во ОВР Дебар лишен од слобода е А.М.(41) од дебарското село Могорче по претходна пријава дека бил агресивен кон членови на неговото семејство. По насоки на јавен обвинител, возилото е одземено и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
На 17.10.2026 околу 06:05 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионален пат Куманово-Липково, во село Оризари, Општина Липково, се случила сообраќајна незгода каде патничко моторно возило „бмв“ со кумановски регистарски ознаки управувано од А.Р. (35) од село Липково удрило во пешакот Д.Д. ( 67) од село Оризари. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот Д.Д. и истиот бил пренесен во Клинички центар Мајка Тереза во Скопје. Увид извршила екипа од СВР Куманово.
На 17.10.2026 околу 15:10 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионален пат Куманово-Липково, поточно во село Oпae, Општина Липково, се случила сообраќајна незгода во која патничко моторно возило „ауди“ со кумановски регистарски ознаки управувано од 18-годишната С.А. од село Слупчане излетало од патот и удрило во метална конструкција. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката А.А. (18) од село Слупчане констатирани во Општа болница Куманово. Увид извршила екипа од СВР Куманово.
На 17.10.2026 полициски службеници од мобилниот тим „Task force“ при ОВР Кавадарци извршија службен разговор со В.Г.(43) од Кавадарци, затоа што при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба од Основен суд Кавадарци, биле пронајдени и одземени марихуана и бела грутчеста материја. Известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 17.10.2026 во 19:40 часот во СВР Скопје 42-годишна жена пријави дека околу 14:30 часот во домот на подрачјето на Бит Пазар таа и нејзината малолетна ќерка биле физички нападнати од нејзиниот посинок А.Ф.(23). Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 17.10.2026 во 05:25 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Кисела Вода Г.М.(46) од Скопје бил физички нападнат од две лица, а бил употребен и тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 17.10.2026 во 16:30 часот во СВР Скопје М.Д.(25) од с.Петровец,скопско пријави дека на 16.10.2026 околу 21:00 часот во с.Петровец бил физички нападнат од Б.В.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 18.10.2026 во 01:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека во угостителски објект на подрачјето на Центар по претходно недоразбирање бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Л.А.(20) и М.Д.(25) двете од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 18.10.2026 околу 02:50 часот во СВР Скопје 31-годишна жена пријави дека на 17.10.2026 околу 22:00 часот во домот на подрачјето на Бит Пазар била физички нападната од нејзиниот сопруг М.А.(31). Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 17.10.2026 во 19:45 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром полициски службеници од СВР Скопје го приведоа И.Т.(24) од с.Богомила, а со престој во Скопје по претходна пријава дека физички го нападнал А.Р.(51) од Скопје и му нанел повреди. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 17.10.2026 во 21:00 часот во СВР Скопје Р.Д.(44) од с.Јурумлери,скопско пријави дека околу 20:30 часот во с.Јурумлери неговиот малолетен син бил физички нападнат од Е.А.(18). По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 17.10.2026 во 11:30 часот во СВР Скопје од КПУ Затвор-Скопје е пријавено дека во кругот на установата била пронајдена ќеса во која имало мобилен телефон, полнач и марихуана. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 17.10.2026 во 10:40 часот на бул. „Гоце Делчев" во Струмица се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „хундаи“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Н.Ш.(80) од Струмица и товарно возило „нисан“ со струмички регистарски ознаки, управувано од А.А.(34) од Струмица. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот во патничкото возило „хундаи“ Т.А.(44) од Струмица, а повредите биле констатирани во Медицински центар Струмица. Извршен е увид од екипа на Полициската станица Струмица.
На 17/18.10.2026 во Скопје, на различни локации полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Ф.С.(32) од Гостивар, Д.К.(22), С.Т.(43), А.Е.(18) и М.Р.(20) сите од Скопје затоа што кај нив се пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста и бела грутчеста материја. По целосно документирање на случаите против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.
На 17.10.2026 во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода М.Т.(46) од струмичко. При преземање службени дејствија кон него, М.Т. извадил и предал хашиш и други предмети со остатоци од марихуана. Запознаен е јавен обвинител, а по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 17.10.2026 во 16:30 часот во Полициската станица Бит Пазар полициски службеници од СВР Скопје извршија службен разговор со Ј.Д.(36) по претходна пријава дека на спортски стадион каде се одржувал фудбалски натпревар физички го нападнал Р.Ќ.(19). По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок од Законот за спречување на насилството и недостојното однесување на спортските натпревари.
Од страна на полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица Б.К. од Скопје е спроведен во КПУ Затвор-Скопје.