СВР Струмица поднесе кривична пријава против правен субјект и В.Т.(38) од с.Бориево, Општина Босилово, управител на правниот субјект, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „даночно затајување“. Кај правното лице како даночен обврзник и второпријавениот, во период од 01.01.2026 до 28.01.2026 бил констатиран кусок на парични средства со вкупен износ од 3.127.042 денари со цел на дознака - материјални трошоци, кои биле од минати и од тековната година, а истовремено не биле оправдани и не биле вратени на трансaкциската сметка. На тој начин, пријавените го оштетиле Буџетот на државата за 347.414 денари.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.М.(43) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 03.09.2026, пријавениот, кој во тој период издржувал затворска казна, преку апликација на социјална мрежа упатувал закани на неговата 34-годишна вонбрачна сопруга.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Н.А.(51) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „полово вознемирување“. На 20.05.2026, пријавениот полово вознемирувал 49-годишна жена од Тетово.
СВР Струмица поднесе кривична пријава против Б.А. (27) од с.Градашорци, о. Василево поради основано сомнение дека сторил кривично дело „овозможување на употреба наркотични дроги“ по чл. 216 ст.1 од КЗ. На 07.11.2025 во Струмица од страна на полициски службеници од СВР Струмица бил извршен преглед на пријавениот и уште две лица, при што кај Б.А. била пронајдена марихуана, од која дел им овозможил да консумираат на двете лица.
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, до ОJO поднесе кривична пријава против Ш.А. поради постоење основи на сомнение за сторно кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Пријавениот, полициски службеник во Полициската станица Драчево при СВР Скопје, надвор од работно време, на 01.10.2026 управувал патничко моторно возило со изминат рок на важноста на сообраќајната дозвола и без положен возачки испит и како учесник во јавниот сообраќај не се придржувал до прописите за безбедноста во сообраќајот и со тоа управувал моторно возило на безобѕирен начин. Одделот за внатрешна контрола против Ш.А. поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на одговорност за кршење на работниот ред и дисциплина.
На 16.10.2026 во 17:00 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Д.А.(50) од Куманово, затоа што физички ја нападнал неговата сопруга. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
На 16.10.2026 во 18:40 часот полициски службеници од СВР Куманово ги лишија од слобода А.Ш.( 52) од Скопје и А.А. (51) од село Страчинци, скопско. Тие биле затекнати во продажен објект на булевар „Октомвриска револуција“ во Куманово во обид да одземат производи. А.Ш. и А.А. биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави.
На 16.10.2026 во село Ратево, беровско, полициски службеници од ОВР Берово со наредба од суд извршиле претрес во објект во сопственост на В.В.(63) од село Двориште, беровско, при што во една од собите на објектот се пронајдени и одземени ловечка пушка и патрони. За настанот е известен јавен обвинител и по целосно документирање ќе следува соодветна пријава.
На 16.10.2026 во Виница, полициски службеници од ОВР Виница со наредба од суд извршиле претрес во домот на П.Г.(25) од Виница, при што се пронајдени и одземени метална дробилка и семка од марихуана. За настанот е известен јавен обвинител и по целосно документирање ќе следува соодветна пријава.
На 16.10.2026 околу 08:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на Јадранска Магистрала на над надпатникот, товарно возило „ман“ со приколка со гостиварски регистарски ознаки излетало надвор од коловозот и удрило во метална одбојна ограда. По несреќата возачот Г.А.(70) од Гостивар бил пренесен во Градската општа болница „8-ми Септември“ каде од страна на лекар констатирана била смрт. Известен е јавен обвинител по чија наредба телото на починатиот било предадено во Институтот за судска медицина каде е констатирано дека истиот починал од природна смрт. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
На ден 16.10.2026 во 18:40 часот на улица „Илинденска“ во Гостивар, полициски службеници од Полициската станица Гостивар го лишија од слобода В.Д. (29) од Гостивар. Тој во 18:45 часот бил пријавен од неговата 52-годишна мајка, дека околу 18:00 часот пријавениот дошол пред влезната врата од семејниот дом во алкохолизирана состојба, упатувајќи сериозни закани по животот и телесниот интегритет. Тој е задржан во полициска станица за понатамошна постапка и против него ќе следува соодветен поднесок.
На ден 17.10.2026 во 07:15 часот на улица „Маршал Тито“ во Тетово, полициски службеници од Полициската станица Тетово го лишија од слобода К.Б.(36) од Тетово. Тој бил пријавен од неговата 62-годишна мајка дека околу 01:00 часот и побарал пари, по што откако добил пари, станал агресивен и побарал повеќе, при што фрлил тврд предмет кон неа. Увид на лице место извршила екипа од ОВР Гостивар.
На 16.10.2026 во 12:30 часот во с. Муртино, струмичко, се случила сообраќајна незгода помеѓу трактор „имт 533“ со струмички регистарски ознаки, управуван од Т.Т.(57) од село Муртино и мотоцикл без регистарски ознаки, управуван од 14-годишен малолетник од село Банско, струмичко. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле малолетниот возач на мотоциклот и 14-годишниот сопатник на мотоциклот од село Банско. Повредите биле констатирани во Медицински центар Струмица, а увид на местото изврши екипа на Полициската станица Струмица.
На 16.10.2026 во 20:50 часот во Скопје, на подрачјето на Центар полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Д.С.(36) од Скопје, по претходна пријава дека во домот упатувал закани кон неговата 36-годишна сопруга. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 17.10.2026 во 01:30 часот во СВР Скопје Х.К.(29) од Скопје пријави дека пред угостителски објект во населбата Илинден бил физички нападнат од 25-годишната В.Д. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 17.10.2026 околу 00.55 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Шуто Оризари бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу А.Д.(26) и Т.Д.(59) двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 15.10.2026 во 17:00 часот во СВР Скопје В.Ѓ.(40) од Скопје пријави дека околу 09:50 часот во основно училиште на подрачјето на Драчево нејзиниот малолетен бил физички нападнат од неколку малолетници. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
СВР Струмица поднесе Кривична пријава до ОЈО Струмица против правен субјект и Н.Б.(50) од Струмица во времето на сторување на кривичното дело-управител со неограничено овластување во внатрешниот и надворешниот трговски промет, поради основано сомнение дека пријавеното правно лице и пријавеното одговорно лице во правниот субјект сториле кривично дело „недозволена трговија“ по чл. 277 ст.4 и 1 вв.чл.45 од КЗ на РСМ. Првопријавениот правен субјект и второпријавениот во својство на управител без ограничувања на првопријавениот правен субјект, во периодот од 2020 до 2026 година неовластено вршеле увоз, складирање и продажба на предмети и стоки чиј промет е ограничен, односно се занимавале со недозволена трговија со хемикалии од поголема вредност за чиј промет се потребни одобренија за вршење на промет на големо како и посебни дозволи за увоз. Со таквите дејствија пријавените со умисла извршиле повеќе временски поврзани дејствија кои претставуваат повеќекратно остварување на исто односно продолжено кривично дело, на начин што делата ги сториле искористувајќи ист траен однос, исти прилики и активности, односно во повеќе наврати извршиле неовластена купопродажба на хемикалии чиј промет е ограничен, без притоа да ги поседуваат потребните одобренија и решенија за промет на големо со истите, без воопшто да биде поднесено барање за добивање на потребните одобренија, решенија или дозволи за увоз и без пријавеното правно лице да биде впишано во регистарот на увозници на такви хемикалии.
На 16.10.2026 во 15:25 часот во СВР Скопје 57-годишна жена пријави дека на подрачјето на општина Аеродром во плакар во стан пронашла димна бомба. Излезено е на местото од полициски службеници и истата била подигната за понатамошна постапка.
На 16.10.2026 во 15:40 часот во СВР Скопје 27-годишна жена пријави дека од месец септември до сега, нејзиниот поранешен партнер В.В.(38) и упатувал закани на социјални мрежи, а исто така и ја следел. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 16.10.2026 во 16:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Бутел по претходно недоразбирање бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Д.Н.(51) и К.Г.(31) двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 16.10.2026 во Полициската станица Карпош, полициски службеници од СВР Скопје извршија службен разговор со Е.Н.(38) и Ј.Л.(39) двете од Скопје поради тоа што го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 16.10.2026 околу 15:30 часот во СВР Скопје 60-годишна жена пријави дека од страна на Н.М. биле упатувани закани кон неа и нејзиното семејство. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 16.10.2026 околу 22:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Зелениково,скопско настанал пожар во штала сопственост на Г.С.(46) во која имало околу 400 бали детелина и жито. Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита-Скопје. Повредени лица нема. Излезено е на местото на настанот од полициски службеници од СВР Скопје.