Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок на дел од дневните настани 16.10.2026

Извадок на дел од дневните настани 16.10.2026

 

СВР Скопје поднесе кривична пријава против К.А.(41) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 18.06.2025, полициски службеници од СВР Скопје сопреле патничко возило, управувано од пријавениот и при извршен преглед била пронајдена и одземена марихуана.

 

Надворешнатa канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Л.А.(31) од с.Врањовце, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“. На 19.08.2026 во с.Градец, гостиварско, пријавената физички нападнала дете.

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против С.Н.(47) од Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. На 19.08.2026 на ул.„Балиндолска“ во Гостивар, пријавениот физички нападнал двајца полициски службеници додека вршеле службени дејствија. 

 

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Ѓ.С.(24) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 03.02.2026 ,полициски службеници  извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени марихуана, дигитална вага со тетрахидроканабинол и кокаин, пиштол „Црвена Застава“, рамка со куршуми и парични средства во разни апоени. 

 

На 15.10.2026 во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Н.Р.(34) од Скопје и Ш.К.(23) од с.Арачиново, скопско, затоа што кај нив е пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случаите, ќе следуваат соодветни поднесоци.

 

На 15.10.2026 околу 09:10 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од ул. „Кирил и Методиј“ со ул. „Народен Фронт“ во Скопје, 36-годишниот С.С. од Скопје, управувајќи мотоцикл со скопски регистарски ознаки, удрил во пешакот Л.В.(62) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила 62-годишната Л.В., додека со телесни повреди мотоциклистот, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје и во приватна болница во Скопје. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.

 

На 15.10.2026 во 08:30 часот во СВР Битола е пријавено дека при копање кај новите гробишта во Битола била пронајдена стара граната. Пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување безбедно ја подигнал гранатата и констатирал дека се работи за артилериска граната со калибар 75мм од Првата светска војна.

 

На 15.10.2026 околу 15:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Димитрие Чуповски“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.Ј.(59) од Скопје и мопед со скопски регистарски ознаки, управуван од М.Б.(31) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни  повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Јавна здравствена установа „Свети Наум Охридски“ во Скопје. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.

 

На 15.10.2026 во 08:10 часот во Полициската станица Македонски Брод е пријавено дека при извршување градежни активности на кровната конструкција на семејната куќа, А.С.(46) од Кичево на таванскиот простор пронашол експлозивна направа. Пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување безбедно ја подигнал направата и констатирал дека се работи за противпешадиска распрскувачка потезна мина која потекнува од Втората светска војна.

 

На 15.10.2026 во 20:35 часот, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода А.Х.(45) од Битола, бидејќи во семејниот дом физички го нападнал неговиот 74-годишен татко. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 16.10.2026 во 02:20 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес ја лишија од слобода 63-годишната М.Т. од Велес, постапувајќи по претходна пријава дека во домот физички го нападнала нејзиниот 68-годишен сопруг, при што употребила остар предмет. Предметот бил пронајден и одземен, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

СВР Велес поднесе кривична пријава против Љ.М.(54) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. Полициски службеници од СВР Велес извршиле претрес во домот на пријавениот во с.Војница, Општина Чашка, при што биле пронајдени и одземени кокаин, марихуана, дигитална вага и др.

 

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода осум возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Од нив, шест управувале возило без положен возачки испит и тоа: С.С.(32) и Б.Р.(27), двајцата од Скопје, Ш.К.(23) од с.Арачиново, скопско, З.И.(19) и 17-годишник, двајцата од с.Студеничани, скопско и 17-годишник од Прилеп. Со брзина поголема од дозволената возел В.Б.(27) од с.Врапчиште, гостиварско, а под дејство на алкохол возел Б.Ј.(70) од Скопје. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни пријави.

 

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Р.С.(36) од струшкото село Радолишта, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без поседување лиценца“. На 13.09.2026, полициските службеници од СВР Охрид го затекнале пријавениот како врши такси превоз на патници без да поседува лиценца за вршење на јавен превоз на лица.

 

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.Б.(46) од Охрид и С.Б.(72)  од Лешани, општина Дебрца, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ по член 396 од Кривичниот законик. При претрес во нивниот дом, извршен по судска наредба, полициските службеници пронајдоа и одзедоа 81 куршуми кои нелегално ги поседувале, по што беа лишени од слобода.

 

На 15.10.2026 во 17:40 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода Т.Г.(42) од Штип, затоа што му се заканувал на неговиот 45-годишен брат. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

 

На 15.10.2026 во 10:30 часот во СВР Скопје, Д.Л.(43) пријави дека на 09.10.2026 во доцните вечерни часови во двор од основно училиште на подрачјето на Бит Пазар, малолетник бил физички нападнат од неколку малолетници, од кои едниот го познавал, а друг малолетник го снимил настанот со мобилен телефон и го објавил на социјална мрежа. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 15.10.2026 во 23:50 часот во СВР Скопје, Д.Б.(40) од с.Јурумлери, скопско, пријави дека околу 19:30 часот во с.Јурумлери, скопско, неговиот малолетен син бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 15.10.2026 во 07:30 часот во СВР Скопје, од Јавната здравствена установа „Св.Наум Охридски“ е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен Д.А.(44) од с.Петровец, општина Петровец. Според пријавеното, тој се здобил со повредите додека извршувал работни задачи во фирма на подрачјето на Гази Баба. Полициски службеници од СВР Скопје извршија увид на местото.

 

На 15.10.2026 околу 12:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека во спортска обложувалница на подрачјето на Центар, едно лице со закана се обидело да одземе пари од вработениот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 15.10.2026 во 20:30 часот во СВР Скопје, Е.Б.А.(48) од Скопје пријави дека околу 15:30 часот на подрачјето на Бит Пазар неговиот малолетен син бил физички нападнат од друг малолетник. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 15.10.2026 околу 14:25 часот во СВР Скопје, М.М.(18) од Скопје пријави дека на подрачјето на Кисела Вода, едно женско лице со закана со остар предмет се обидело да му одземе пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

Мени за пристапност