Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок на дел од дневните настани 15.10.2026

Извадок на дел од дневните настани 15.10.2026

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднесе кривична пријава против К.А.(30) од Пробиштип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”. На 11.10.2026, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени марихуана, амфетамин, дробилка и две дигитални ваги.

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против двајца малолетници и А.К.(20), сите од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 29.04.2026 во Тетово, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу пријавените, при што со остар предмет биле нанесени тешки телесни повреди на А.К. и на еден малолетник.

 

ОВР Кратово поднесе кривична пријава против А.Ц.(63) од кратовско село, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,загрозување на сигурноста“. На 06.09.2026 во двор од семејната куќа, пријавениот физички ја нападнал и упатувал закани на неговата сопруга.

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против П.М.(36) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 14.09.2026 преку апликација на социјална мрежа, пријавениот испратил заканувачки пораки на лице од Тетово.

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Н.И.(54) од с.Боговиње, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. Пријавениот измамил 45-годишник за 2000 евра, ветувајќи му документи за престој и работа во странска држава. Откако оштетениот преку посредник ги предал парите на пријавениот, а документите не биле обезбедени, сфатил дека бил измамен.

 

СВР Штип поднесе кривична пријава против Д.В.(47) од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,тешка телесна повреда“. На 08.10.2026 во неговиот дом, пријавениот го нападнал Т.К. со метален предмет и му нанел повреди.  

 

На 15.10.2026 на Граничниот премин Долно Блаце, на влез во државата, од слобода е лишен Ф.Т. (43) од с. Кондово, скопско, кој бил баран по две централни и меѓународни потерници од МВР, по наредби од Основен кривичен суд Скопје за казна затвор од осум години за кривично дело по чл.288 ст.3 „тешки дела против општата сигурност“ и за казна затвор од осум години за кривично дело по чл.313 од КЗ „тероризам“. Лицето ќе биде предадено на надлежната казнено поправна установа.

 

На 14/15.10.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Ф.Н.(45), Д.Б.(44), А.З.(30), М.И.(20), Т.С.(24), сите од Скопје, како и Б.Б.(24) од Велес, Д.Г.(18) од Злетово и К.А.(22), со престој во Скопје, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случаите, против нив  ќе следуваат соодветни поднесоци.  

 

На 15.10.2026 во 01:50 часот во СВР Тетово е пријавено дека на регионалниот пат Тетово- Јажинце, во с.Доброште, патничко возило „сеат“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 20-годишниот А.М. од с.Теарце, тетовско, излетало од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и неговиот сопатник А.И. од с.Теарце, тетовско, констатирани во Клиничка болница Тетово. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Тетово.

 

На 14.10.2026 во 17:30 часот во Свети Николе, полициски службеници од ОВР Свети Николе го лишија од слобода Ѓ.В.(30) од Свети Николе, постапувајќи по претходна пријава од неговиот 57-годишен татко дека физички го нападнал. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.

 

На 14.10.2026 околу 19:20 часот во СВР Скопје, А.Н.(29) пријави дека на подрачјето на Ѓорче Петров бил физички нападнат од Д.Ј.(32), С.Ј.(44) и Н.С.(39), сите од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 14.10.2026 околу 22:35 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров настанал пожар од кој биле зафатени патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Б.А.(28) и патничко возило „рено“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на М.Н.(47), двајцата од Скопје. Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

 

На 15.10.2026 околу 02:55 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на општина Аеродром настанал пожар во кој целосно било опожарено патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице, а паркирано од С.Т.(43) од Скопје. Од пожарот било зафатено и патничко возило „опел астра“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на И.Р.(43) од Скопје. Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.   

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против А.Ј.(28) од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 11.10.2026 во угостителски објект, пријавениот со метален предмет го нападнал З.М.(39) и физички ја нападнал Л.М.М..          

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против Х.Ч.(18) од Берово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи”. Во периодот од 02.12.2025 до 04.12.2025 во својот дом, пријавениот поседувал пиротехнички средства, кои биле пронајдени.

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.К.(38) од с.Прељубиште, Општина Јегуновце, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. На 16.08.2026 на бул.„Маршал Тито“ во Тетово, пријавениот физички нападнал полициски службеник додека вршел службени дејствија и му нанел повреда.

 

На 14.10.2026, со судска наредба, полициски службеници од СВР Охрид извршиле претрес во домот на Љ.Б.(64) од Скопје, со престој во с.Годивје, општина Дебрца. При претресот биле пронајдени и одземени две пушки и 158 куршуми, кои нелегално ги поседувал. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

 

На 14.10.2026 во 11:45 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода Б.А.(45) од Велес, затоа што при преглед кај него била пронајдена и одземена кафеава прашкаста материја. Тој бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 14.10.2026 во 19:20 часот во Тетово, полициски службеници го лишија од слобода Ф.А.(33) од Тетово, постапувајќи по претходна пријава од неговата 34-годишна сопруга дека подолг период ја навредувал, вознемирувал, а во текот на денот и физички ја нападнал. Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок. 

 

На 14.10.2026 во 18:30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода Ј.А.(35) од Велес. Тој се сомничи дека од гаража, сопственост на 50-годишен велешанец, одзел предмети. Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 14.10.2026 во 18:45 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода З.С.(63) од Велес, постапувајќи по претходна пријава дека агресивно се однесувал во домот и скршил предмет. По преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека тој бил под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,01 промили алкохол во крвта. Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 14.10.2026 во 06:35 часот полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода Н.А.(50) од неготинско село, постапувајќи по претходна пријава дека по кратка расправија физички ја нападнал неговата 43-годишна партнерка. Известен бил јавен обвинител, а на Н.А. му е предадено решение од Основен суд Неготино со мерки за забрана за приближување. По документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 16-годишно лице од Битола, со привремен престој во Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. При претрес во дом на друго лице во Охрид, полициски службеници го затекнале малолетникот при користење марихуана. Во присуство на родител, со него е извршен службен разговор во СВР Охрид.

 

На 14.10.2026 во 23:50 часот на ул.„Цветан Димов“ во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишија од слобода М.Д.(21) од Кавадарци и Љ.С.(23) од Росоман. При контрола во патничко возило „фолксваген поло“ со кавадаречки регистарски ознаки, кое го управувал М.Д., а во кое бил и Љ.С., полициските службеници констатирале дека М.Д. го управувал возилото за време на активна забрана и под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,11 промили алкохол во крвта. Додека, при преглед во возилото била пронајдена и одземена бела грутчеста материја. Тие биле приведени во полициска станица, возилото било одземено и по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

Мени за пристапност