Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок на дел од дневните настани 14.10.2026

Извадок на дел од дневните настани 14.10.2026

 

ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против Б.М.(34), Г.М.(33), А.М.(26) и Е.М.(38) од Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 22.09.2026 во с.Кривогаштани, Општина Кривогаштани, пријавените физички го нападнале В.З.(39) од истото село и му нанеле повреди.

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против В.К.(40), В.Б.(43) и Д.Б.(58), сите од Пехчево, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“ и „учество во тепачка”. На 22.09.2026, по претходна расправија, пријавените го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка, при што првопријавениот се здобил со тешка телесна повреда од остар предмет.

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднесе кривична пријава против М.А.(38) од Пробиштип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 19.09.2026, пријавениот физички го нападнал Б.Г. пред неговиот дом.

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Ј.А.(28) од Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено изработување, држење на оружје или распрскувачки материи“. На 09.07.2026 бил извршен претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени куршуми.  

 

На 13/14.10.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Ј.Х.(30), А.В.(33) и Р.М.(40), сите од Скопје, С.А.(20) и 14-годишна малолетничка, двајцата од с.Ново Село, скопско и М.Б.(41) од Струга, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста материја. По целосно документирање на случаите,  против нив ќе следуваат соодветни поднесоци. 

 

На 13.10.2026 во 13:20 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на ул.„Влашки пат“ во Кичево, патничко возило „форд“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Б.М.(44) од с.Шутово, кичевско, удрило во бетонски столб од куќа. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила 71- годишната сопатничка Љ.М. од с.Шутово, додека сопатникот С.М.(75) од с.Шутово, се здобил со телесни повреди, констатирани во Медицински центар Кичево. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кичево.

 

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Основно јавно обвинителство Куманово, поднесе кривична пријава против М.Н. поради основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“ по член 288 од Кривичниот законик.  Пријавениот, вработен во Одделот за специјални полициски операции при МВР, на 01.08.2026, надвор од работно време, во два наврати, пред угостителски објект и на плоштадот во Кратово, испукал повеќе куршуми во воздух од службениот пиштол кој го должел. Одделот за внатрешна контрола ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на одговорност за кршење на работниот ред и дисциплина и ќе изрече задолжителни мерки отстранување од работното место до завршување на дисциплинската постапка - суспензија.

 

На 13.10.2026 во 13:20 часот во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода С.Д.(30) од Неготино. Тој се сомничи дека одзел паркирано патничко возило, сопственост на 54-годишен неготинец. Возилото било пронајдено и вратено на сопственикот и по документирање на настанот против С.Д. ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 13.10.2026 во 19:20 часот во ОВР Свети Николе, 29-годишна жена од светиниколско село пријави дека нејзиниот поранешен вонбрачен партнер В.С.(40) од струмичко, дошол во домот на нејзините родители во светиниколско и ѝ упатил закани. За настанот е известен јавен обвинител и по целосно документирање ќе следува соодветна пријава.

 

На 14.10.2026 во 02:00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Н.Д.(40) од кумановско село, постапувајќи по претходна пријава од неговата 35-годишна сопруга дека физички ја нападнал и со остар предмет ѝ се заканувал. По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.   

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против В.С.(45) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“. На 23.08.2026 во Тетово, пријавениот физички нападнал 13-годишник од Тетово.

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Р.Б.(52), поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 25.05.2026, пријавениот преку социјална мрежа упатил пораки со заканувачка содржина кон женско лице и кон полициски службеник.

 

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода тројца возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Сите тројца возачи управувале возило без положен возачки испит и тоа: Н.П.(31) од с.Слепче, демирхисарско, Д.Г.(43) и 16-годишник, двајцата од Скопје. По целосно документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

 

На 13.10.2026 во 11:29 часот во ОВР Струга е пријавено дека И.М.(71) од струшкото село Мислешево бил прегазен од неговиот трактор „имт 539“ во неговиот двор. Според пријавеното, додека работел на тракторот, тракторот се придвижил и го прегазил со задното тркало, при што се здобил со повреди, констатирани во Општа болница во Струга. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

 

На 13.10.2026 во 11:30 часот во СВР Битола e пријавено дека во с.Скочивир, битолско, била пронајдена граната. Од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување Битола гранатата била безбедно подигната, при што било констатирано дека се работи за  артилериска граната од Првата светска војна.

 

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Р.Р.(26) од кичевското село Зајас поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „точење алкохолни пијалаци на дете“ по член 204 од Кривичниот законик. На 02.10.2026 во угостителски објект каде работел, пријавениот послужил со алкохолен пијалок малолетник од Дебар, по што, поради влошена здравствена состојба бил префрлен во Општата болница во Дебар.

 

На 13.10.2026 во 18:00 часот во ОВР Гостивар, 61-годишна жена со престој во Гостивар пријави дека во периодот од јули до 27.09.2026, нејзиниот поранешен партнер Д.К., кој престојува надвор од државата, преку телефонски повици и преку мобилна апликација ѝ упатувал закани. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 13.10.2026 во 20:15 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Е.Ш.(22) од с.Мала Речица, тетовско, поради сомнение за сторено кривично дело „компјутерска измама“ по член 251-б од Кривичниот законик. Тој се сомничи дека со компјутерска измама, без да плаќа, одреден период користел паркинг услуга во Тетово. Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава. 

 

На 13.10.2026 во 17:30 часот, полициски службеници од Полициското одделение Теарце го лишија од слобода Л.А.(35) од тетовско село, постапувајќи по претходна пријава од неговата сопруга дека во семејниот дом физички и психички ја малтретирал сопругата и ѝ упатувал закани. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

На 13.10.2026 во 20:15 часот во СВР Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода Ѓ.В.(41) од Битола, затоа што во семејниот дом во Битола физички ја нападнал неговата 36- годишна вонбрачна сопруга. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 14.10.2026 во 04:20 часот во Скопје, на подрачјето на Шуто Оризари, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода М.Б.(40) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека на 13.10.2026 околу 23:30 часот во домот физички ја нападнал неговата 41-годишна вонбрачна партнерка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 13.10.2026 во 19:00 часот во СВР Скопје, И.М.(52) од Скопје пријави дека околу 13:15 часот на автобуска постојка на подрачјето на Карпош, неговиот малолетен син бил физички нападнат од неколку малолетници. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

 

На 13.10.2026 во 18:30 часот во СВР Скопје, М.С.(24) од Скопје пријави дека на 12.10.2026 околу 16:30 часот на подрачјето на општина Аеродром бил физички нападнат од И.Ц., кој со тврд предмет му го оштетил мобилниот телефон. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 13.10.2026 околу 11:10 часот во СВР Скопје В.Т.(75) од Скопје пријави дека на подрачјето на општина Аеродром, додека влегувала во лифт од зграда, две лица физички ја нападнале и ѝ го одзеле паричникот со пари и документи. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 13.10.2026 околу 16:00 часот во СВР Скопје, Л.П.(50) од Скопје пријави дека на подрачјето на општина Аеродром, кога се вратила во нејзиниот стан забележала дека вратата од станот била насилно отворена и оштетена, но не можела да влезе затоа што била блокирана со столица. Откако успеала да ја тргне столицата, влегла внатре и забележала едно лице, кое ја нападнало со тврд предмет и побегнало. После тоа, таа забележала дека од станот биле одземени пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

 

 

Мени за пристапност