Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок на дел од дневните настани 13.10.2026

Извадок на дел од дневните настани 13.10.2026

 

СВР Струмица поднесе кривична пријава против А.А.(39) од Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 12.02.2026 во Струмица, при контрола на патничко возило „киа“, управувано од едно лице, била пронајдена марихуана, која ја купил од пријавениот.

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ж.К.(65) од с.Брвеница, тетовско,  поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување на општа опасност“. На 03.08.2026 во двор од семејната куќа, пријавениот запалил отпаден материјал, но огнот се проширил и зафатил соседна земјоделска парцела.   

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против У.С.(35) од тетовско село, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“. На 11.08.2026 во семејниот дом, пријавениот физички ја нападнал неговата сопруга.

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против Б.С.(36) од Берово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување на употреба наркотични дроги“. Во август 2025 година во неговиот дом во Берово, пријавениот овозможил на 20-годишник од Берово да користи марихуана.

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.С.(38) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 27.08.2026 во Тетово, по претходна расправија, пријавениот со метален предмет ги нападнал А.А. и Б.А.. 

 

На 13.10.2026 во 02:12 часот во СВР Скопје, А.М.(42) од Скопје пријави дека на ул.„Крсте Асенов“ во Скопје било опожарено патничко возило  „бејџинг бејч“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Државна лотарија на Македонија, кое тој претходно го управувал. Пожарот е изгаснат од Бригадата за против пожарна заштита. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 12.10.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода З.А.(29), А.А.(24), Д.П.(20) и 17-годишничка, сите од Скопје, како и Б.Б.(19) од нас.Илинден, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста материја. По целосно документирање на случаите, против нив  ќе следуваат соодветни поднесоци.  

 

На 12.10.2026 во СВР Велес е пријавено дека околу 09:00 часот на автопатот Велес-Скопје, во близина на наплатна станица Отовица-Велес, патничко возило „пежо“ со велешки регистарски ознаки, управувано од З.Ј. (59) од Чашка, удрило во заштитната ограда и се превртело на коловозот. По несреќата, возачот З.Ј. е пренесен во ЈЗУ Општа болница Велес, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес.

 

На 12.10.2026 во 17:00 часот во село Моноспитово, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода М.Н.(46) од истото село, затоа што при преглед кај него биле пронајдени и одземени ќеса и едно пакување со марихуана. За настанот е известен јавен обвинител, а по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 12.10.2026 во СВР Велес е пријавено дека околу 21:20 часот на ул.„Ганчо Хаџи Панзов“ во Велес,  О.Е.(58) од Велес, управувајќи мопед „томос апн“ со велешки регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот. При падот тој се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во ЈЗУ Општа болница Велес. Увид на местото извршила екипа од СВР Велес.

 

ОВР Дебар поднесе кривична пријава против Е.К.(24) од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „лажно пријавување кривично дело“ по член 366 од Кривичниот законик. На 15.09.2026 во ОВР Дебар, Е.К. пријавила дека било влезено во нејзината куќа и биле одземени златен накит и други предмети во вредност од околу 3000 евра. По преземени службени мерки и по консултација со јавен обвинител, полициските службеници утврдиле дека Е.К. лажно пријавила кривично дело.  

 

На 12.10.2026 во 16:15 часот во Полициското одделение Ропотово е пријавено дека во близина на с.Црнилиште, општина Долнени, Ф.С.(48) од с.Црнилиште, управувајќи трактор, паднал и се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општа болница Прилеп.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против А.Н.(26), М.Ј.(45), Д.И.(34) и М.И.(48), сите од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 25.06.2026 во атар на с.Пекљани, виничко, по претходна расправија, пријавените физички ги нападнале Н.Н., Д.П. и еден малолетник, сите од Кочани.

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против 17-годишник и О.Ш.(19) од Делчево, В.А.(26) од Скопје, Д.Ч.(22), П.С.(20) и Д.Д. (20) од Делчево и М.Д.(20) од с.Разловци, делчевско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 05.08.2026 пред угостителски објект во Делчево, пријавените физички го нападнале И.К.(24) од Пехчево, при што првопријавениот со стаклен предмет му нанел расекотина.

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава против И.М.(49) од Крива Паланка, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неизвршување на судска одлука“. На 16.09.2026 пред семејниот дом на неговата вонбрачна партнерка, пријавениот ѝ упатувал закани, со што постапил спротивно на решението за забрана за приближување на растојание помалку од 100 метри до живеалиштето.

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Х.Р.(69) од Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување држење посредување и тргување со оружје и експлозивни материи“. На 06.10.2026, полициски службеници извршиле претрес во домот и помошни простории кај пријавениот, при што биле пронајдени и одземени автоматска пушка, две рамки и 180 парчиња муниција.

 

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до ОЈО ГОКК - Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција поднесе кривична пријава против А.Љ., поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,злоупотреба на службената положба и овластување“, казниво по член 353 од Кривичниот законик. Пријавениот А.Љ., на работно место раководител на смена во ПС за ГП Јажинце при РЦ за ГР Север, на 27.06.2026 одлучил да не ја изрече предвидената глоба од 100 евра во денарска противвредност, возилото не го исклучил од сообраќај и му овозможил на возачот и понатаму да учествува во сообраќај со возилото, за кое претходно друг полициски службеник констатирал сообраќаен прекршок од Законот за возила - управување возило со истечен рок на сообраќајната дозвола од 30 дена. ОВККИПС против А.Љ. ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и отстранување - суспензија од работното место до завршување на дисциплинската постапка.

 

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода седум возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Од нив, пет управувале возило без положен возачки испит и тоа: А.А.(18) од Скопје и 17-годишник од с.Сарај, скопско, М.Р.(40) од с.Радуша, скопско,  И.Б.(29) од с.Стримница, тетовско и А.Т.(31) од Кичево. Под дејство на алкохол возеле Л.М.(54) од с.Љубодраг, кумановско и М.Н.(63) од Скопје. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

 

На 12.10.2026 во 23:25 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Д.К.(28) од скопско, постапувајќи по претходна пријава дека околу 20:00 часот физички ја нападнал неговата 28-годишна сопруга. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.  

 

На 13.10.2026 во 00:40 часот во Скопје, на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од СВР Скопје го приведоа Г.Ј.(50) од Скопје, затоа што околу 00:20 часот во казино физички го нападнал Б.Ѓ.(33) од Скопје, кој работел како обезбедување, а потоа пред објектот агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.  

 

На 13.10.2026 во 03:00 часот во СВР Скопје, А.Б.(36) пријави дека околу 00:30 часот на подрачјето на Центар две лица му побарале пари, а откако не им дал, едниот од нив физички го нападнал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.   

 

На 12.10.2026 во 21:20 часот во СВР Скопје, 52-годишен маж од с.Долно Лисиче, скопско, пријави дека околу 17:30 часот во парк во Долно Лисиче, неговиот малолетен син бил физички нападнат од друг малолетник. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 12.10.2026 во 10:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Бутел, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Д.Т.(18) и Е.С.(20), двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

 

На 12.10.2026 во 11:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Чаир, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу А.Б.(56) и Н.А.(58), двајцата од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

 

На 12.10.2026 во 22:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека околу 19:00 часот во двор од СОС Детско село, малолетен штитеник бил физички нападнат од друг малолетник. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 12.10.2026 во 19:30 часот во СВР Скопје, Д.С.(22) и С.С.(21), двајцата од с.Трубарево, скопско, пријавија дека околу 01:30 часот на подрачјето на Хиподром биле физички нападнати од К.С. и уште неколку други лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

 

На 12.10.2026 во 21:15 часот во Полициската станица Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода А.А.(25) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека во домот на подрачјето на Гази Баба физички ја нападнал неговата сопруга, со која е во бракоразводна постапка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.  

 

Мени за пристапност