На 11.10.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода А.А.(29) од с.Сарај, скопско, Л.С.(20) од с.Марино, скопско и странски државјанин Е.Л.(22) затоа што кај нив е пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случаите, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.
На 11.10.2026 во 13:00 часот во Штип, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Штип го лишија од слобода Д.М.(52) од Штип. При преглед кај него е пронајдена и одземена марихуана. За настанот е известен јавен обвинител и по целосно документирање ќе следува соодветна пријава.
СВР Штип поднесе кривична пријава против Р.М. (46) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“. На 07.08.2026, пријавениот, вработен како поштар, не доставил препорачано писмо до едно лице од Министерство за образование и наука, а се потпишал во нејзино име на листата за доставени пратки, со што ѝ нанел штета во однос на пропуштање на роковите за жалби при остварувањето на нејзините работнички права, а во врска со конкурирање на интерен конкурс за ментор - наставник.
На 11.10.2026 во 21:30 часот на Граничен премин Деве Баир, полициски службеници го лишија од слобода О.О.К.(28) од Турција. При извршена пасошка контрола и гранични проверки било констатирано дека О.О.К. на увид приложил фалсификувана зелена карта за возилото кое го управувал. Тој бил предаден на полициски службеници во ОВР Крива Паланка и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
На 10.10.2026 во ОВР Гевгелија е пријавено дека во 21:20 часот на регионален пат, од крстосница за село Ѓавато до кртосница за село Богородица, гевгелиско, мотоцикл „бмв“ со гевгелиски регистарски ознаки, управуван од Н.Р.(32) од Гевгелија, удрил во дива свиња, која излегла на патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и сопатничката В.Р.(30) од Гевгелија, констатирани во Медицински центар Гевгелија. Увид на местото изврши екипа на Полициската станица Гевгелија.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против Б.И.(62) Свети Николе поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Пријавениот, како директор на ЈП „Национални шуми“ - подружница Шумско стопанство „Шумарство“ - Свети Николе, од јули до ноември 2023 година склучил три договори за купопродажба на дрвни сортименти без претходно спроведена постапка, без однапред утврдени критериуми и без обезбедување на транспарентен и конкурентен избор на правно лице, со што му овозможил на правно лице од велешко да се стекне со противправна имотна корист од 3.422.592 денари.
На 11.10.2026 во СВР Струмица е пријавено дека во 22:30 часот во дворно место на куќа во село Баница, струмичко, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М. и К.М. од една страна и П.С., М.С., Т.С., С.С., С.С. и С.С., од друга страна, сите од село Баница, во која со различни предмети си нанеле повреди по главата и телото. Повредените биле пренесени во Медицински центар Струмица, каде кај лицата Р.М., К.М., Т.С. и М.С. биле констатирани тешки телесни повреди. Предметите кои ги користеле при пресметката се пронајдени и одземени. За настанот е известен јавен обвинител. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
На 11.10.2026 во 22:35 часот во Велес, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес го лишија од слобода Т.А.(36) од Велес. На улица „Благој Ѓорев“ во Велес било сопрено такси возило со кое се превезувал Т.А.. При обид да му се изврши преглед, се обидел да побегне, но набргу бил фатен, при што проголтал бела прашкаста материја и бил пренесен во Општа болница Велес за укажување лекарска помош, а потоа бил приведен во полициска станица. Известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 11.10.2026 во 13:50 часот во СВР Велес пријавено е дека на некатегоризиран пат во близина на село Челавец, демиркаписко, М.Ѓ.(44) од Неготино, управувајќи четирицикл со неготински регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и паднал, при што се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општа болница Кавадарци. Увид извршила увидна екипа од ОВР Неготино.
На 11.10.2026 во 20:40 часот во Велес, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес го лишија од слобода И.А.(42) од село Горно Оризари, велешко, затоа што при преглед кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. Тој бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 11.10.2026 во 18:00 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода Г.П.(44) од Велес, постапувајќи по претходна пријава дека во домот се заканувал на неговата 32-годишна сопруга. По преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека Г.П. бил под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,86 промили алкохол во крвта. Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 11.10.2026 во Полициското одделение Ростуше, жена од гостиварско село пријави дека пред куќата во селото, по претходна расправија, била физички нападната од А.Џ.(65), роднина на нејзиниот сопруг. Според пријавеното, таа подолг период била изложена на психичко и физичко малтретирање од нејзиниот сопруг С.Џ.. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот, по што ќе слеџува соодветен поднесок.
Денеска (12.10.2026) во 01:30 часот во СВР Скопје, од Јавна установа Меѓуопштински центар за социјална работа на Град Скопје било пријавено дека на 11.10.2026 околу 17:00 часот во СОС „Детско село“, малолетничка била физички нападната од вработено лице како згрижувачка. Според пријавеното, малолетничката и претходо била физички нападната од истата згрижувачка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 11.10.2026 во 17:40 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Ново Село, општина Ѓорче Петров, бил пронајден починат Е.П.(69) од Грција, кој бил во лов со пријатели. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по насоки на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, а пушката која починатиот ја носел со себе е подигната од увидна екипа за понатамошна постапка.
Денеска (12.10.2026) во 01:33 часот во СВР Скопје, 29-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 01:30 часот во семејниот дом на подрачјето на Бит Пазар во Скопје била физички нападната од нејзиниот сопруг Б.Р.(33) од Скопје, кој употребил и тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Денеска (12.10.2026) во 03:00 часот во СВР Скопје, О.О.(27) од Турција пријави дека околу 23:40 часот на паркинг простор на подрачјето на Центар во Скопје, три лица со употреба на физичка сила му одзеле пари и клуч од патничко возило. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Денеска (12.10.2026) во 01:55 часот во СВР Скопје, Х.П.(32) од Скопје пријавила дека околу 01:15 часот пред угостителски објект во с.Марино, скопско, била физички нападната од Ф.А. од с.Марино, скопско, кој фрлил кон неа дрвен предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Денеска (12.10.2026) во 04:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред ноќен клуб на подрачјето на Центар во Скопје бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу А.Т.(29) и 20-годишната И.С., двајцата од Скопје. И.С. се однесувала и агресивно кон полициски службеници додека извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.
На 11.10.2026 во 19:25 часот во СВР Скопје, В.Л.(29) од Скопје пријавил дека околу 15:00 часот на подрачјето на Чаир во Скопје, по претходна вербална расправија, бил физички нападнат од Е.С. од Скопје, кој му упатувал и закани со остар предмет. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Во СВР Скопје било пријавено дека на 09.10.2026 околу 18:00 часот на подрачјето на Гази Баба во Скопје, поради претходно нетрпение, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу А.Г.(28) од с.Кадино, скопско и Ј.С.(18) од с.Трубарево, скопско. По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.
На 11.10.2026 во 15:10 часот во СВР Скопје, од Јавната здравствена установа „Св.Наум Охридски“ Скопје било пријавено дека кај нив со повреда бил донесен Б.С.(48) од Куманово. Според пријавеното, тој се здобил со повредата додека извршувал работни задачи во касарна „Гоце Делчев“ во Скопје, каде е вработен. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.