Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок на дел од дневните настани 11.10.2026

Извадок на дел од дневните настани 11.10.2026

На 11.10.2026 во 01:00 часот во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишија од слобода С.Р.(29) од село Корешница, демиркаписко, затоа што при преглед кај него биле пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста материја. Тој бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 10.10.2026 во 18:30 часот во ПС ГН Охридско Езеро било пријавено дека во близина на месноста „Извиднички“, на околу 200 метри од брегот на Охридското Езеро, се превртело кану управувано од А.Н.(57) од Охрид. На местото биле упатени полициски службеници и екипа на Итната медицинска помош, чиј лекар констатирал смрт кај лицето. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Охрид. По наредба на јавен обвинител телото е дадено на обдукција.

 

На 10.10.2026 во 16:45 часот во ОВР Кичево, А.Ј.(32) од Битола пријавила дека неколку дена не може да стапи во контакт со нејзиниот татко Л.Ѓ.(66) од Кичево. Полициски службеници излегле на местото и во неговиот дом во Кичево го пронашле починат. На телото немало видливи траги на насилство. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.

 

ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против Т.С. (59) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ и „фалсификување на огнено оружје“. На 26.01.2026 полициски службеници извршиле претрес во домот и други простории, кои ги користел пријавениот, при што биле пронајдени и одземени две пневматски пушки без  дозвола, една цевка со затворач дел од пушка, ловен карабин „Застава М-98“  калибар 7.9 милиметри и ловен карабин, кои пријавениот ги поседувал со дозвола.

 

На 10.10.2026 година во 09:45 часот, во ОВР Гостивар е пријавено дека на влезот од Ургентниот центар во Гостивар, патничко возило „мерцедес“ со гостиварски регистарски ознаки, сопственост на Општа болница Гостивар, а управувано од Ф.А.(52) од с.Чегране, удрило во пешакот З.В.(63) од с.Горна Бањица. По незгодата, З.В. била пренесена во Ургентниот центар Гостивар, каде ѝ биле констатирани тешки телесни повреди, по што била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Увид на местото на настанот извршила екипа од ОВР Гостивар.

 

На 11.10.2026 во 07:30 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на регионален пат Богданци-Дојран, патничко возило „киа“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Л.Н.(40) од село Фурка, гевгелиско, изгубило контрола и излетал надвор од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Медицински центар Гевгелија, а увид на местото извршила екипа на Полициската станица Гевгелија.

 

 

На 10/11.10.2026 во Скопје, на различни локации полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода В.В.(29), В.Ѓ.(55), Е.С.(29), Б.Т.(20), Д.Р.(37), Е.П.(37), В.П.(43), А.С.(33) , В.Д.(37) и В.П.(42) сите од Скопје , И.Ч.(26) од Штип и М.Т.Б.(30) од Обединетото Кралство, затоа што кај нив се пронајдени и одземени марихуана , бела прашкаста материја , бела грутчеста материја и таблети. По целосно документирање на случаите против нив ќе следуваат соодветни поднесоци .

На 10.10.2026 во 09:40 часот на Граничниот премин Богородица на излез од државата полициски службеници го лишија од слобода М.К.М.А.(32) од Јордан затоа што при гранична контрола констатирано било дека холандската дозвола за престој што ја приложил била фалсификувана. Тој бил задржан во Полициската станица Гевгелија за понатамошна постапка.

 

На 09.10.2026 година во село Куклиш, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода О.Р.(25) од Струмица. При извршен преглед кај него, тој извадил и предал кутија од цигари во која имало марихуана. За настанот е известен јавен обвинител, а по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

Ноќеска (11.10.2026) во 01:00 часот во струмичко село, полициски службеници од СВР Струмица лишија од слобода 50-годишен жител на тоа село, кој според пријавеното агресивно се однесувал кон неговата снаа, сопруга на неговиот син. Запознаен е јавен обвинител, а по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

Ноќеска (11.10.2026) во 01:10 часот во струмичко село, полициски службеници од СВР Струмица лишија од слобода 38-годишен жител на тоа село, постапувајќи по претходна пријава дека агресивно се однесувал кон неговата 28-годишна сопруга. Лицето било задржано во Полициската станица Струмица, а за настанот бил известен јавен обвинител. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 11.10.2026 во 00:50 часот во Македонска Каменица, полициски службеници од Полициско одделение Македонска Каменица го лишија од слобода Б.С.(36) од Општина Македонска Каменица, по пријавен физички напад од неговата 30-годишна сопруга. За настанот е известен јавен обвинител и по целосно документирање ќе следува соодветна пријава.

 

На 11.10.2026 во 02:30 часот во Делчево, полициски службеници од ОВР Делчево лишија од слобода 16 и 17 годишни малолетници од Делчево. При преглед кај нив е пронајдена и одземена марихуана. За настанот е известен јавен обвинител и по целосно документирање ќе следува соодветна пријава.

 

 

На 10.10.2026 во 19:10 часот полициски службеници од ОВР Прилеп, на патот Прилеп-с.Селце,прилепско лишија од слобода двајца малолетници на возраст од 16 и 17 години затоа што при преглед кај истите била пронајдена марихуана. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.

 

 

На 10.10.2026  во 19:30 часот во Градски Парк во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода  С.Б.(31) од Битола бидејќи при преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.

 

 

На 10.10.2026 во 22 :00 часот во Скопје, на подрачјето на Центар полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода К.П.(38) од Валандово по претходна пријава дека со остар предмет упатувал закани кон неговата 54-годишна партнерка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 11.10.2026 во 04:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во угостителски објект на подрачјето на Центар бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Г.З.( 29 ) и Б.В.( 53) двајцата од Скопје , а од страна на Г.З. бил употребен тврд предмет со кој му нанел повреда на Б.В.. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 10.10.20 26 во 19 : 05 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Кисела Вода во спортска обложувалница Д.З.( 41 ) физички го нападнал В.М.( 29 ) двајцата од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 10.10.2026 во СВР Охрид А.А.(39) од Охрид пријави дека неговата сопруга А.А. со која биле во бракоразводна постапка се оддалечила заедно со нивната 5-годишна ќерка и истата била недостапна. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

 

На 10.10.2026 во 12:00 часот во СВР Скопје Х.Х.В.(27) од Шведска пријави дека околу 02:00 часот во Градскиот парк во Скопје му се доближиле неколку малолетни лица, по што едното од нив со физичка сила му одзело личен накит. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 10.10.2026 во 17:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Гази Баба бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Р.С.(32), А.С.(28) и А.С.(50) од една страна и Ф.И. од друга страна сите од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 10.10.2026 во 12:40 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош полициски службеници од СВР Скопје го приведоа Д.А.(66) од Скопје по претходна пријава дека физички ги нападнал С.С.(50) и З.Б.(66) двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 10.10.2026 во СВР Скопје О.А.(54) од Турција, со привремен престој во Скопје пријави дека околу 04: 00 часот биле опожарени три возила од кои две возила „сеат“ и едно возило „бмв“ сите со скопски регистарски ознаки. Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита. Повредени лица нема. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 10.10.2026 околу 11:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Долна Матка,скопско поточно во реката Треска на кајакарска патека дошло до физичка пресметка помеѓу А.Н.( 46 ) од Скопје и В.Н.( 27 ) од Велес.Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 

Мени за пристапност