На 09.10.2026 во 15:40 часот во ОВР Ресен било пријавено дека на магистрален пат Ресен-Охрид кај м.в Рибник с.Крушје случена е сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „рено" со битолски регистарски ознаки управувано од А.С.(69) од Битола и сопатничкa Л.С.(68) од Битола и патничко возило „бмв" со битолски регистарски ознаки управувано од В.М.(51) од Битола и сопатник П.А.(55) од Битола и патничко возило „пасат" со битолски регистарски ознаки управувано од Б.М.(57) од Битола. Во несреќата со тешки телесни повреди, констатирани од доктор од Клиничка болница Битола се здобила сопатничката Л.С. Увидот го извршила увидната екипа на СВР Битола.
На 09.10.2026 во 10:40 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на бул.„Гоце Делчев" во Прилеп е случена сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел" со прилепски регистарски ознаки управувано од К.Ш.(72) од Прилеп и мопед со прилепски регистарски ознаки управуван од 16- годишен малолетник од с. Алинци, прилепско. По несреќата малолетникот е пренесен во Градска болница Прилеп каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Увидот го извршила увидната екипа на ОВР Прилеп.
На 09.10.2026 година во 21:50 часот во СВР Тетово, М.З.(38) од Тетово пријавила дека истиот ден, додека била на гости кај нејзината мајка во с. Брвеница, по претходна вербална расправија била физички нападната од нејзината сестра Н.Н.. Се преземат мерки за расчистување и документирање на случајот.
На 09./10.10.2026 во Скопје, на различни локации полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода С.Р.(29), В.Г.(22), М.П.(32), М.Х.(25), Д.И.(19), Е.Р.(22) и 17-годишен малолетник сите од Скопје затоа што кај нив се пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста материја. По целосно документирање на случаите против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.
СВР Велес поднесе кривична пријава против Н.М.(42) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 02.10.2026 во Велес, во близина на неговиот дом, пријавениот бил забележан како на неколку одредени места оставал мали ќеси со кокаин и опиум, кои подоцна биле пронајдени и одземени.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Ресен поднесе кривична пријава против М.П.(47) и М.Ш.(53) од Ресен поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“. На 12.09.2026 на патот Ресен - Горно Дупени, пријавените физички ја нападнале сопругата на првопријавениот и роднина на второпријавената.
На 10.10.2026 во СВР Велес е пријавено дека на улица „Академик Пенчо Давчев“ во Велес, 21-годишната К.Ѓ. од Велес, управувајќи мотоцикл „хонда“ со велешки регистарски ознаки, изгубила контрола, излегла надвор од коловозот и паднала, при што се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Општа болница Велес. Увид извршила увидна екипа од СВР Велес.
На 09.10.2026 во 11:20 часот во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишија од слобода С.М.(32) од Кавадарци, постапувајќи по претходна пријава дека физички ја нападнал неговата 34-годишна вонбрачна сопруга, при што употребил и тврд предмет. Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 09.10.2026 година во 15:25 часот, полициски службеници од Полициското одделение Камењане, на локалниот пат с. Камењане – с. Јеловјане, го лишиле од слобода И.Ј.(21) од с. Пршовце. При преглед кај него е пронајдена и одземена најлонска кеса со марихуана. По целосно документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 09.10.2026 во 11:55 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода Ш.Р.(50) од Струмица. Според пријавеното тој околу 11:00 часот во семејниот дом агресивно се однесувал кон неговата 44-годишна сопруга. Лицето е задржано во Полициската станица Струмица, а за настанот е известен јавен обвинител. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 09.10.2026 во 19:00 часот во Штип, полициски службеници од ОВР Штип го лишија од слобода Д.В.(47) од Штип. Според пријавеното, истиот по вербална расправија, физички го нападнал Т.К.(40) од Штип, употребувајќи метален предмет, а во продолжувањето на дејствието бил спречен од трето лице, по што Т.К. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Штип. За настанот е известен јавен обвинител и по целосно документирање ќе следува соодветна пријава.
На 09.10.2026 во 23 : 00 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Ф.Г.(29) од Скопје, по претходна пријава дека околу 12 : 50 часот заедно со уште едно лице со тврд и остар предмет физички го нападнале Џ.Б.(45) од Скопје кој се здобил со повреди. Се преземаат мерки за расчистување на случајот и по целосното документирање ќе следува соодветен поднесок.
На 09.10.2026 во 11 : 00 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Р.П.(31) од Скопје, по претходна пријава дека откако дошол пред домот на неговиот чичко насилно ја искршил влезната врата, по што влегол внатре и кршел покуќнина, а откако дошла неговата сестра и нејзе физички ја нападнал. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 09.10.2026 во 08: 00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Центар со тврд предмет бил искршен излог од угостителски објект. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 10.10.2026 во 09: 40 часот во Полициската станица Карпош, полициски службеници од СВР Скопје извршија службен разговор со Д.Д.(37) од Скопје, по претходна пријава дека во домот физички го нападнал неговиот 35-годишен брат. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 09.10.2026 во 10 :10 часот во СВР Скопје И.К.(48)од Охрид пријави дека на подрачјето на Центар бил физички нападнат од В.Б.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 09.10.2026 во 21:40 часот во СВР Скопје Ф.Ш.(37) пријави дека околу 20:30 часот на подрачјето на Ѓорче Петров бил физички нападнат од Д.Д.(32). Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 09.10.2026 околу 15:00 часот во Полициската станица Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје извршија службен разговор со Х.Д.( 34 ) од Скопје, по претходна пријава дека во домот физички ја нападнал неговата 33-годишна сопруга. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 09.10.2026 во 15 : 00 часот во СВР Скопје 74-годишна жена пријави дека на 07.10.2026 во домот на подрачјето на општина Аеродром била физички нападната од нејзиниот син Р.М.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 09.10.2026 во 13:30 часот во СВР Скопје 54-годишна жена пријави дека на 08.10.2026 во основно училиште на подрачјето на Карпош нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од неколку негови соученици. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 09.10.2026 во 19 : 30 часот во СВР Скопје И . М .(45) од Скопје пријави дека околу 11 : 45 часот во с.Трубарево,скопско додека извршувал работни задачи во фирма се здобил со повреда . Излезено е од полициски службеници од СВР Скопје.