СВР Скопје поднесе кривична пријава против М.С.(25) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 02.10.2026, при контрола на патничко возило „сеат леон“, управувано од пријавениот, била пронајдена марихуана. Подоцна, при претрес во домот во кој живее, исто така, била пронајдена марихуана.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против Б.М.(45) од Берово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“. На 26.02.2026 во семејната куќа во Берово, пријавениот физички ја нападнал неговата сопруга.
СВР Велес поднесе кривична пријава против Т.Т.(35) од Неготино, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги , психотропни супстанци и прекурсори“. На 03.02.2026, полициски службеници извршиле претрес во домот и помошни простории на пријавениот, при што била пронајдени марихуана, амфетамин и масло од растението канабис. Истиот ден кај друго лице била пронајдена марихуана, која му ја продал пријавениот.
СВР Битола поднесе кривична пријава против О.Д.(51) од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторенo кривичнo делo „неовластено изработување, држење, тргување и посредување со оружје и експлозивни материи“. При претрес во домот на пријавениот, биле пронајдени 20 парчиња муниција и 103 парчиња пиротехнички средства.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Д.С.(50) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 05.10.2026 во Тетово. полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле хероин.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Македонски Брод поднесе кривична пријава против М.Т.(38) од Македонски Брод поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“. На 05.09.2026 во с.Брезница, општина Македонски Брод, пријавениот косел трева околу неговата куќа и од искрење од моторот на косилката настанал пожар од кој опожарен е простор од 2000 метри квадратни, зафатена е куќа и целосно е изгорен простор каде што се чуваат дрва, сопственост на Б.М.. Исто така, опожарен е и столб со електрична инсталација.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ј.М. од Чешка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 03.10.2026 на ГП Табановце, на влез во државата, во патничкото возило кое го управувал пријавениот, била пронајдена марихуана.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против Б.П.(42) од с.Тработивиште, општина Делчево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“. На планината Средна, на место викано Собориштето, пријавениот со моторна пила извршил бесправна сеча на огревно дрво.
На 08.10.2026 во 12:10 часот на ул.„Кеј Вардар“ во Гостивар, полициски службеници од Мобилниот тим „Task Force“ од ОВР Гостивар го лишија од слобода М.Р.(27) од Гостивар. Откако забележал полициска патрола тој фрлил пакување со марихуана, која била пронајдена и подигната за понатамошна постапка. По документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок.
На 08/09.10.2026 на подрачјата на Гази Баба и општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода А.Т.(37) и Б.М.(25), двајцата од Скопје, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случаите, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.
На 08.10.2026 во 20:40 часот во Полициската станица Гевгелија е пријавено дека на локален пат од село Црничани кон Нов Дојран, патничко возило „хјундаи“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од А.Ж.(21) од Гевгелија, излетало надвор од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот А.Ж. и сопатникот А.Г.(18) од Гевгелија, констатирани во Медицински центар Гевгелија. Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Гевгелија.
На 08.10.2026 во 10:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од ул.„Самоилова“ со ул.„Прохор Пчински“ и сервисна улица која води кон паркинг простор Кале во Скопје, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Н.(68) од Скопје и мопед со скопски регистарски ознаки, .управуван од З.С.(54) од с.Стајковци, скопско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот З.С., констатирани во Јавна здравствена установа „Св. Наум Охридски“. Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Скопје.
На 08.10.2026 во 18:30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода А.С.(29) од село Горно Којнаре, кумановско. Тој бил баран по судска наредба за издржување казна затвор за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик. Лицето е спроведено во Казнено - поправната установа Затвор К’шање за издржување на казната.
На 07.10.2026 околу 21:00 часот во ОВР Делчево е пријавено дека на ул.„Маршал Тито“ во Делчево се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед, управуван од Г.Ц.(38) од с.Турија, делчевско и патничко возило „фолксваген голф“ со делчевски регистарски ознаки, управувано од М.М.(23) од Делчево. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот Г.Ц., констатирани во Итна медицинска помош Делчево. Увид на местото извршила екипа на ОВР Делчево.
На 08.10.2026 на место викано „Бела вода" во Крушево, полициски службеници од ОВР Крушево ги лишија од слобода А.И., В.И., М.С., тројцата од с.Житоше и Е.Џ од с.Јакреново, крушевско. При контрола во сообраќајот, полициските службеници пронашле и одзеле трактор со приколка во која имало натоварено 13 метри кубни нежигосани огревни дрва и моторна пила. По документирање на настанот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против В.Д.(36) од струшкото село Делогожда, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без поседување лиценца“ по член 284-а од Кривичниот законик. При контрола извршена на 10.09.2026, полициски службеници од СВР Охрид го затекнале пријавениот при вршење такси превоз на патници во внатрешниот сообраќај со неговото возило „фолксваген голф“ со струшки регистарски ознаки, при што било констатирано дека немал лиценца за вршење на јавен превоз на лица за возилото.
На 09.10.2026 во 00:05 часот во Штип, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Штип ги лишија од слобода Д.К.(24), Б.П.(25) и Б.М.(26), тројцата од Штип. При преглед над нив и контрола во возилото во кое биле, до возилото е пронајдено и одземено пакување со марихуана. За настанот е известен јавен обвинител и по целосно документирање ќе следува соодветна пријава.
На 08.10.2026 во 13:30 часот во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишија од слобода С.Ј.(64) од село Марена, и И.Б.(57) од село Мајден, кавадаречко. Тие се сомничат дека од нива во место викано „Краиште“, кавадаречко, сопственост на правно лице, одзеле поголема количина ореви. Исто така, полициски службеници од ОВР Кавадарци извршија службен разговор со О.С.(59) од Кавадарци. Тој се сомничи дека од нива, сопственост на правно лице во место викано „Белград“ кавадаречко, одзел бадеми. Одземеното било пронајдено и вратено на сопствениците и по документирање на настаните ќе бидат поднесени соодветни пријави.
ОВР Дебар поднесе кривична пријава против Б.М.(79) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“ по член 225 од Кривичниот законик. Тој, на катастарска парцела во државна сопственост во атар на дебарското село Гари, противправно оградил поголема површина, со што постапил спротивно на одредбите од Законот за градба.
На 08.10.2026 во 06:45 часот, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода С.З.(41) од кичевско село, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом физички ја нападнал неговата сопруга. По целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 08.10.2026 полициски службеници од ОВР Кавадарци извршија службен разговор со 46-годишен кавадарчанец. Тој се сомничи дека од објект, сопственост на правно лице во Кавадарци одзел разни предмети. Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот и по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 08.10.2026 во 11:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на 03.10.2026 околу 18:30 часот на детско игралиште на подрачјето на Карпош, малолетник бил физички нападнат од пет малолетници, од кои двајца ги познавал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 08.10.2026 во 13:20 часот во СВР Скопје, К.П.(45) од Скопје пријави дека на подрачјето на Карпош, по претходно недоразбирање во сообраќајот, бил физички нападнат од едно лице, кое потоа заедно со уште едно лице му го оштетиле возилото. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 08.10.2026 во 22:00 часот во Полициското одделение Шуто Оризари, полициски службеници од СВР Скопје ги приведоа М.Ш.(40) и К.Ш.(39), двајцата од Скопје, затоа што го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 08.10.2026 околу 17:30 часот во близина на граничната линија со Република Грција, на место викано „Ќупот“ во атар на гевгелиското село Моин, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Богородица забележале и спречиле група од околу 40 мигранти да остварат илегален влез во државата, додека 15 мигранти биле лишени од слобода и биле предадени во Прифатно-транзитен центар Гевгелија за понатамошна постапка. При преземање на мерки, полициските службеници испукале неколку предупредувачки истрели од огнено оружје во воздух.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против Б.С.(36) од Берово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 20.08.2025, полициски службеници извршиле претрес во домот и помошни простории кои ги користи пријавениот, при што биле пронајдени и одземени марихуана и семки од растението канабис.