На 17.08.2025 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода С.С.(43), А.И.(22), М.Д.(41), О.Р.(42), сите од Скопје и Д.Б.(28) од Чешка, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени прашкаста материја и марихуана. По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.
На 17.08.2025 во СВР Велес било пријавено дека околу 08:40 на регионалниот пат Велес-Штип, во близина на Градската депонија Велес, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сеат“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Д.М.(24) од Италија и патничко возило „даеву тико“ со велешки регистарски ознаки, управувано од С.С.(53) од Велес. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на возилото „даеву тико“, а со телесни повреди се здобил неговиот сопатник О.А.(19) од Лозово, констатирани во Општа болница Велес. Увид извршила увидна екипа од СВР Велес.
На 17.08.2025 во СВР Велес било пријавено дека околу 10:00 часот на улица „Димитар Влахов“ во Велес се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Ј.В.(65) од село Отовица, велешко и мопед „томос“, управуван од М.Ј.(72) од Велес. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Општа болница Велес. Увид извршила увидна екипа од СВР Велес.
На 17.08.2025 во 13:50 часот во СВР Тетово било пријавено дека на ул.„Његошева“ во Тетово, патничко возило удрило во пешакот Х.Г.(74) од Република Албанија, по што возачот со возилото го напуштил местото на настанот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Клиничката болница Тетово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 17.08.2025 во 09:30 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на крстосница од ул.„Седек Костоски“ и бул.„Браќа Ѓиноски“ во Гостивар, Х.З.(50) од Гостивар, управувајќи мопед „пиаџо“ со гостиварски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Општата болница Гостивар. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.
На 17.08.2025 во 10:00 часот во ОВР Кичево било пријавено дека на магистралниот пат Кичево-Гостивар, кај с.Длапкин дол, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од К.К.(44) од с.Стрелци, кичевско, патничко возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.П.(47) од Скопје и автобус „сетра“ со скопски регистарски ознаки, управуван од А.Ј.(39) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил деветгодишен патник во автобусот од Република Турција, додека со телесни повреди се здобиле Ф.А.Д.(44) од Република Турција, исто така патник во автобусот, 13-годишник од Скопје и И.П.(46) од Скопје, сопатници од возилото „форд“ и 11-годишник од с.Стрелци, кичевско, сопатник од возилото „ауди“, констатирани во Медицински центар Кичево. Известен бил јавен обвинител, увид извршила увидна екипа од ОВР Кичево.
На 17.08.2025 во 11:10 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода П.Г.(56) од Република Грција. При преглед во возилото „даимлер“-кампер со германска национална ознака, кое го управувал, била пронајдена и одземена марихуана. Лицето било предадено и задржано во Полициска станица Куманово и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 17.08.2025 во ОВР Кичево од Итна медицинска помош Кичево било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен Ф.С.(36) од Кичево. Според пријавеното, тој се здобил со повредите при пад од четирицикл во неговиот двор и поради сериозноста на повредите бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје.
На 17.08.2025 во ОВР Кичево било пријавено дека во 16:00 часот во с.Зајас, кичевско, настанал пожар во помошна просторија, сопственост на А.С.(35), при што биле опожарени огревни дрва и неговото паркирано патничко возило „фолксваген голф“ со кичевски регистарски ознаки. Екипа на Територијална противпожарна единица го изгаснала пожарот, а повредени лица нема.
На 17.08.2025 во 11:10 часот на подрачјето на Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје ја пронашле Ќ.Р.(79) од Скопје, за која на 16.08.2025 нејзиниот син пријави дека се оддалечила од домот.
СВР Битола поднесе кривична пријава против Е.А.(32) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 06.08.2025 полициски службеници го затекнале пријавениот како продава кокаин.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против З.А.(68) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“. На 19.07.2025 во Гостивар, пријавениот агресивно се однесувал кон С.Ќ.(43) од с.Чајле, гостиварско, при што се обидел да го нападне со нож.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против С.Т.(68) од Берово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 12.03.2025 полициски службеници, со судска наредба, извршиле претрес во домот на пријавената, при што е пронајдена и одземена ловна пушка, без одобрение за поседување издаден од надлежен орган.
На 17.08.2025 во 22:44 часот во СВР Струмица било пријавено дека на патот Валандово – Дојран, кај село Фурка, општина Нов Дојран, настанал пожар во патничко возило „фиат дукато“ со српски национални ознаки во движење, управувано од Г.З.(56) од Република Србија. Од екипа на Територијалните противпожарни единици Гевгелија и Дојран пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Увид бил извршен.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Д.(43) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“ во обид. На 25.07.2025 во хотел на охридското крајбрежје во Охрид, тој физички нападнал жител на Скопје, при што употребил и нож, по што набргу бил совладан и лишен од слобода.
ОВР Кичево поднесе кривична пријава против М.Г.(32) од Република Србија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 14.08.2025 во 03:00 часот, таа била затекната во ноќен клуб во Кичево и при преглед кај неа бил пронајден и одземен кокаин.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава против Г.Ф.(50) од Крива Паланка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“. На 21.07.2025 во с.Узем, кривопаланечко, пред продажен објект, тој со остар предмет упатил закани кон вработената во објектот.
Денеска (18.08.2025) околу 01:10 часот во СВР Скопје, од Казнено – поправната установа Затвор Идризово било пријавено дека на 17.08.2025 околу 21:00 часот била извршена контрола и претрес во надворешното отворено одделение и објектите во дворот на установата, при што во стар автобус паркиран во гаражата била пронајдена една торба во која имало марихуана. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 17.08.2025 во 14:50 часот во СВР Скопје, С.Х.(28) од с.Врапчиште, гостиварско, пријавил дека пред угостителски објект на подрачјето на Центар, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од Ф.Б. и уште едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 17.08.2025 во 22:30 часот во СВР Скопје, 69-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 13.00 часот во куќа на подрачјето на Бит Пазар била физички нападната од нејзиниот малолетен внук. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 17.08.2025 во 09:00 часот СВР Скопје 40-годишен маж пријавил дека на 16.08.2025 околу 00.10 часот во домот на подрачјето на општина Аеродром бил физички нападнат од неговата сопруга К.А.(40) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 17.08.2025 околу 20:50 часот во СВР Скопје, од Казнено – поправната установа Затвор Идризово било пријавено дека околу 17.45 часот на влез во установата при претрес кај осуденикот М.М.(62) од Скопје, кој се враќал од отсуство, била пронајдена бела прашкаста материја, која била ставена во кеса со храна. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.