На 16.08.2025 во 08:55 часот во СВР Тетово е пријавено дека на регионалниот пат с.Сиричино- с.Желино, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „голф" со тетовски регистарски таблици, управувано од М.Х. од с. Желино и патничко моторно возило „фолксваген фокс" со тетовски регистарски таблици, управувано од И.А. (65) од с.Озурмиште. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката во возилото „голф“ Ф.Х.(66) од с. Желино, констатирани во Клиничка болница Тетово. Увид на лице место извршила екипа од СВР Тетово.
На 17.08.2025 во 01:00 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на магистралниот пат Кичево- Гостивар, во близина на угостителски објект, патничко моторно возило „мерцедес" со германски национални ознаки, управувано од А.С.(22) од с.Ростуше, излетало од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот А.С., констатирани во Ургентен центар во Гостивар. Увид на лице место извршила екипа од ОВР Гостивар.
На 16.08.2025 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода од М.Р.(44) од Скопје и Р.И.(22) од с.Радуша,скопско, затоа што кај нив е пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
Денеска (17.08.2025) околу 02:20 часот во СВР Штип е пријавено дека на регионалниот пат Кадрифаково-Три Чешми, патничко моторно возило „фолксваген“ со штипски регистарски таблици, управувано од Љ.Р.(27) од Штип, излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Штип.
На 15.08.2025 во 09:45 часот во СВР Струмица е пријавено дека на магистралниот пат Струмица-Ново Село, кај с.Секирник, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотокултиватор „окај“ без регистарски таблици, управуван од Д.М.(77) од с.Секирник и товарно возило „мерцедес“ со струмички регистарски таблици, управувано од А.Ј.(40) од Струмица. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Д.М., констатирани во Медицинскиот центар Струмица. Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Струмица.
На 16.08.2025 во 16:30 часот во СВР Струмица е пријавено дека на локалниот пат с.Босилово-с.Радово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со струмички регистарски таблици, управувано од С.Т.(18) од с.Радово, и патничко возило „фолксваген голф“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Н.Ј.(53) од с.Босилово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Н.Ј., а со телесни повреди се здобил возачот С.Т., констатирани во Медицинскиот центар Струмица. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Струмица.
На 16.08.2025 во 04:20 часот во Полициската станица Радовиш е пријавено дека на регионалниот пат од с.Подареш кон с.Ораовица, на место викано „Смрдлива дупка“, радовишко, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко моторно возило „опел“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од И.А.(55) и запрежно возило, управувано од Ј.Т.(66), двајцата од с.Подареш. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле две сопатнички од запрежното возило Л.Т.(66) и М.Т.(37), а со телесни повреди се здобил Ј.Т., констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Радовиш.
На 16.08.2025 во 21:05 часот, во ОВР Кичево е пријавено дека во угостителски објект во кичевското село Добреноец, Б.М.(44) од Кичево, испукал повеќе куршуми во воздух од гасен пиштол. Повредени лица нема, а по целосно расчистување на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 16.08.2025 во 13:43 часот, во ОВР Струга е пријавено дека пред угостителски објект во Струга, две лица со остри предмети го нападнале Д.Н. од струшкото село Велешта, нанесувајќи му убодни рани по телото. Тој, веднаш бил префрлен во Општата болница во Струга за укажување на медицинска помош. Увид на местото на извршиле јавен обвинител и полициски екипи и по целосно расчистување на настанот, против напаѓачите ќе бидат поднесени соодветни пријави.
На 16.08.2025 во СВР Велес е пријавено дека во 13:00 часот на улица „Благој Ѓорев“ во Велес, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко моторно возило „бмв“ со велешки регистарски таблици, управувано од А.И.(24) од село Горно Оризари, велешко и мопед „јонвеј“ со велешки регистарски таблици, управуван од Ѓ.Т.(54) од Велес. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Општа болница Велес. Увид извршила увидна екипа од СВР Велес.
Денеска (17.08.2025) во 03:10 часот пред угостителски објект во Стара чаршија во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го приведоа Е.Ц.(27) од Р.Турција затоа што го нарушил јавниот ред и мир и агресивно се однесувал. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Денеска (17.08.2025) во 03:00 часот на подрачјето на Ѓорче Петров полициски службеници од СВР Скопје ги приведоа А.Ч.(18) и 16-годишна малолетничка, двете од Скопје, поради тоа што агресивно се однесувале кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 16.08.2025 во 12:10 часот во СВР Скопје Ж.Б.(77) од Скопје пријави дека околу 11.10 часот на Зелен пазар во Скопје бил физички нападнат од А.Д.(59) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 16.08.2025 во 18:30 часот во СВР Скопје 40-годишна жена од Скопје пријави дека околу 00.10 часот во домот на подрачјето на општина Аеродром била физички нападната од нејзиниот сопруг А.А.(40), со кого била во бракоразводна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 16.08.2025 во 20:00 часот во Полициската станица Аеродром Б.Р.(53) од Скопје пријави дека од домот се оддалечила неговата мајка Ќ.Р.(79), која имала здравствени проблеми. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
На 16.08.2025 околу 21:20 часот во СВР Скопје Ф.С.(46) од Скопје пријави дека на подрачјето на Чаир, од заталкано зрно од огнено оружје му била оштетена хаубата од неговото патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 16.08.2025 во 11:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека во временскиот период од 00.30 до 07.45 часот ул.„Самоилова“ било насилно влезено во угостителски објект и бил одземен метален сеф во кој имало пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 16.08.2025 во 14:50 часот во СВР Скопје од КПУ Идризово е пријавено дека околу 12.00 часот при извршен претрес на пакет донесен за осуденикот Е.А.(38) од Скопје од страна на неговата сопруга А.А., која дошла на посета, бил пронајден мобилен телефон. Исто така, А.А. се обидела да пренесе и марихуана. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 16.08.2025 во 15.55 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници ги лишија од слобода Е.К.(46) и В.Л.(33) од Грција. При гранична проверка на лицата и возилото „мерцедес“ со холандски национални ознаки, со кое дошле, а го управувал Е.К., биле пронајдени тегла со густа течност, десет таблети со бела прашкаста материја, кафена материја и четири шишенца со течност. По документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
На 17.08.2025 во 01.15 часот во с. Љубојно, ресенско, полициски службеници од ПСГН „Маркова нога“ го лишиле од слобода М.С. (25) од Битола. При преглед кај него,
била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 16/17.08.2025 во Полициската станица Бит Пазар биле лишени од слобода С.Д.(50), С.С.(56), А.А.(19), С.Џ.(18), Џ.Р.(21), А.Д.(25), С.Д.(18) и Д.Д.(31), сите од Скопје, по претходна пријава дека на 16.08.2025 околу 19:00 часот на ул.„Славеј планина“ меѓусебно физички се пресметувале, а користеле и разни тврди и остри предмети. Со тешки телесни повреди се здобиле С.Д.(33) и А.Д.(27), двајцата од Скопје, а уште неколку лица се здобиле со повреди. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 16.08.2025 во 23:50 часот пред угостителски објект во с.Миравци, полициски службеници од НККР Гевгелија го лишија од слобода В.Т. (27) од Гевгелија затоа што кај него пронашле бела грутчеста материја. По документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 16.08.2025 во 22:00 часот во СВР Струмица 40-годишна жена од струмичко пријави дека нејзиното тримесечно внуче било физички малтретирано од мајка му (снаа на пријавителката). Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 16.08.2025 во 13:00 часот во с.Опае полициски службеници од СВР Куманово ја пронајдоа Р.Х.(19) од с.Сопот, која претходниот ден беше пријавена дека се оддалечила од домот.
На 16.08.2025 во 22:30 часот во СВР Куманово Ф.И.(44) пријави дека во Куманово неговиот малолетен син бил физички нападнат од неколку лица кои ги познавал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 16.08.2025 во 18:15 часот во Полициското одделение Матејче Ј.Ш.(73) од с.Ваксинце пријави дека во с.Ваксинце бил физички нападнат од Ќ.Р. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Денеска (17.08.2025) во 01:30 часот во Полициската станица Прилеп 48-годишна жена пријави дека на 16.08.2025 околу 16:00 часот во домот во Прилеп била физички нападната од нејзиниот сопруг Ш.Ш.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 16.08.2025 во 11:45 часот во СВР Битола Л.С.(76) пријави дека околу 09 часот во Битола бил физички нападнат од Б.П.(42), двајцата од Битола. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 16.08.2025 во 02:15 часот во Свети Николе полициски службеници од ОВР Свети Николе го лишиле од слобода Т.Д.(52) по претходна пријава дека им се заканувал на неговите две ќерки. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 16.08.2025 во 18:16 часот во СВР Штип од Клиничката болница Штип било пријавено дека кај нив бил донесен Ш.М.Д.Х(22) од Бангладеш, кој, според пријавеното, се здобил со повреди додека извршувал работни задачи во фабрика во Штип. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Штип.
На 16.08.2025 во 13:23 часот во СВР Штип Г.Г.(47) од Штип пријави дека во временскиот период од 12 до 16.08.2025 со употреба на сила бил отстранет катанец од метална врата од ограден простор под магистралниот пат Штип-Радовиш и биле одземени сандаци од пчелни семејства, мед и др. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.