Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок на дел од дневните настани 18.01.2026

Министерство за внатрешни работи Министерство за внатрешни работи

На 17.01.2026 во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Т.Ј.(19) и Ф.П.(22), двајцата од Скопје затоа што кај нив е пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.

 

На 17.01.2026 во 10:45 часот, во СВР Велес е пријавено дека настанал пожар во свињарска фарма на правно лице, во село Долно Чичево, општина Градско. Во пожарот угинале шест животни, а причинета е и материјална штета. Поради вдишување на чад, едно лице било пренесено во Општа болница Велес, додека четири лица се јавиле на преглед во Општа болница Неготино и три лица во Општа болница Кавадарци. Пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица Велес. Увид извршиле јавен обвинител, вешто лице и увидна екипа од СВР Велес.

 

На 17.01.2026 во Полициската станица Струмица е пријавено дека на место викано „Белик“, во атар на село Градско Балдовци, трактор кој влечел приколка натоварена со дрва, паднал во речното корито на река Тркање. На местото на настанот починал Д.Н.(58) од Струмица, кој го управувал тракторот, а смрт била констатирана од лекар од Медицински центар Струмица. Увид на местото извршија јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и екипа на СВР Струмица.

 

На 17.01.2026 во 17:40 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишија од слобода А.А.(27) и Е.А.(37) од село Марена, кавадаречко. При извршување службени задачи во село Марена, полициските службеници сопреле патничко возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, кое го управувал А.А., а сопатник бил Е.А., при што биле пронајдени и одземени огревни дрва без соодветна документација и без жиг. Тие биле приведени во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

 

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Ј.Д.(37) и А.А.(46), двајцата од Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „обид за убиство“ по член 123 од Кривичниот законик. Тие се спроведени во Казнено поправната установа „Затвор-Битола“ откако, судија на претходна постапка им одреди мерка притвор од 30 дена. Пријавените, на 04.01.2026 година во 14.45 часот, на улицата „Загорје“ во Кичево, беа лишени од слобода откако претходно, на земјен пат кај месноста „Сеферов бунар“, во близина на Кичево, со нож го нападнале Б.А. (39) од Кичево, по што избегале. Повредениот, бил пренесен во Општата болница во Кичево од каде, по дадената медицинска помош, а поради сериозноста на повредите, бил префрлен во Градската општа болница „8 септември“ во Скопје. При претрес во нивните домови, извршени по судска наредба, полициските службеници од криминалистичката полиција, пронајдоа ножеви, кои се одземени за натамошна постапка.

 

На 18.01.2026 во 01:30 часот во СВР Скопје Д.Ч.(48) од Скопје пријави дека на подрачјето на Кисела Вода бил физички нападнат од Д.П.. Исто така околу 03:20 часот Г.Ч.(20) пријави дека на 16.01.2026 Д.П. насилно му го одзел мобилниот телефон. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 17.01.2026 во 14:30 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Ф.С.(30) од Скопје, затоа што околу 06.10 часот физички го нападнал А.М.(22) од Скопје и ја турнал на земја неговата сопруга. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

 

На 17.01.2026 во 14:40 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Н.С. од Скопје поради тоа што на 16.01.2026 пред угостителски објект со неговото возило го оштетил возилото на Г.Ѓ.(23) од Скопје, а потоа со возилото го удрил Г.Ѓ.. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

 

На 17.01.2026 во 17:00 часот во СВР Скопје од КПУ Затвор Идризово е пријавено дека во пералната во установата, во облека на осудено лице била пронајдена марихуана. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

 

На 17.01.2026 во 16:20 часот во СВР Скопје Т.Б.(52) од Скопје пријави дека околу 00:30 часот на подрачјето на Гази Баба бил физички нападнат од А.А.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 17.01.2026 во 05:20 часот во СВР Скопје пријавено е дека на подрачјето на Центар, во објект на финансиско друштво насилно било влезено и одземен бил сеф со пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

 

На 17.01.2026 во 04:44 часот во СВР Скопје пријавено е дека на подрачјето на Гази Баба, во објект на финансиско друштво насилно било влезено и одземени биле пари од сеф. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

 

На 17.01.2026 во 19:00 часот  во казино лоцирано на ул. „Партизанска" во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода Т.Р. (28) од Битола поради сомнение дека физички ја нападнал неговата 79-годишна баба во семејниот дом во Битола, при што и нанел тешки телесни повреди. Од страна на екипа на Итна медицинска помош Битола, повредената била пренесена во Клиничка болница Битола. Во координација со јавен обвинител, против Т.Р. ќе биде поднесена кривична пријава по член 123 во врска со член 19 од КЗ.

Мени за пристапност