Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок на дел од дневните настани 17.01.2026

Министерство за внатрешни работи Министерство за внатрешни работи

На 16.01.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода О.А.(25) и Н.З.(30), двајцата од Скопје, како и Ј.М.(22) од с.Батинци, скопско, затоа што кај нив се пронајдени и одземени марихуана и дробилка. По целосно документирање на случаите, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.

 

На 16.01.2026 во 08:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Војвода Васил Чакаларов“ во Скопје, патничко возило „киа“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.П.(52) удрило во 48- годишната Р.Д., двајцата од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Р.Д., констатирани во Комплекс  клиники „Мајка Тереза“ Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

 

На 16.01.2026 во 14:25 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода И.И.(28) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека упатувал закани на 41-годишна жена и нејзиниот сопруг, двајцата од Скопје, а притоа им барал и пари. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

Во СВР Скопје, 29-годишна жена од скопско, пријави дека на 10.01.2026 во семејниот дом на подрачјето на општина Петровец била физичка нападната од нејзиниот сопруг К.Ј.(33), кој употребил тврд предмет, а притоа и упатувал ѝ закани со остар предмет. Претходно, според пријавеното, К.Ј. физички ја нападнал и нивната малолетна ќерка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

 

На 16.01.2026 во 09:20 часот во СВР Скопје, 45-годишна жена од скопско, пријави дека во претходните денови неколку пати била физички нападната од нејзиниот сопруг А.Б. (48) од скопско, кој притоа и го оштетил мобилниот телефон и нејзиното патничко возило. Се преземаат мерки за расчистување на случајот и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

 

На 15.01.2026 во 22:05 часот во СВР Скопје е пријавено дека во двор од куќа во с.Инџиково, скопско, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 62-годишната Ж.Т., Т.Т.(62) и Б.Т.(37) од една страна и С.Д.(43) и Д.Ј.(42) од друга страна, сите од с.Инџиково, кои притоа употребиле и тврди предмети. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 16.01.2026 во 13:00 часот во ПС Гостивар С.А. (34) од Гостивар пријави дека преку СМС порака добил известување и линк за наводна достава на пакет од „Пошта на Северна Македонија“. Откако ги внел податоците од својата дебитна картичка на лажната веб-страна, од неговата сметка во неколку наврати биле извршени неовластени трансакции во вкупен износ од 89.106 денари кон примач во странство. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 16.01.2026 во 10:48 часот во ОВР Свети Николе е пријавено дека околу 10:30 часот на ул. „11 Македонска бригада“ во Свети Николе настанал пожар во куќа, сопственост на К.Ј.(32) од Свети Николе. Повредени лица нема. Од страна на екипа од Територијалната противпожарна единица Свети Николе пожарот бил изгаснат, а извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Свети Николе.

 

На 16.01.2026 во 20:24 часот во СВР Штип, А.С.(59) од с.Почивало, штипско, пријави дека  околу 19:00 часот во „Шумската куќа“ во с.Почивало, додека извршувал работни задачи како шумски техничар во „Национални шуми“, бил физички нападнат од Ф.У.(31) од с.Почивало, кој ја оштетил и влезната врата од објектот. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 16.01.2026 во 10:05 часот во ОВР Свети Николе од Јавна здравствена установа Свети Николе е пријавено дека кај нив бил донесен Ф. С. (35) од Скопје, вработен во приватна фирма, кој според пријавеното, околу 09:30 часот се здобил со тешка телесна повреда, додека извршувал работни задачи- поправки во Одделението за катастар на недвижности Свети Николе во објектот на Општина Свети Николе. За настанот е известен трудов инспектор.

 

На 16.01.2026 во 23:00 часот, во ОВР Струга е пријавено дека во спортска обложувалница во село во струшко, две маскирани лица, од кои едното имало оружје, од вработените одзеле пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

 

 

 

Мени за пристапност