Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок на дел од дневните настани 16.01.2026

Министерство за внатрешни работи Министерство за внатрешни работи

СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.Ј.(28) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 05.03.2025 на улица „Февруарски поход“ во Скопје, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана.

 

Надворешната канцеларија за криминалистички Дебар поднесе кривична пријава против Б.В.(35) од Дебар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. Пријавениот преку мобилна апликација упатувал закани на 52-годишно лице од Дебар.

 

СВР Скопје поднесе кривична пријава против И.Е.(28) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 31.12.2025 во с.Горно Количани, полициски службеници извршиле претрес на неговото патничко возило, при што бил пронајден и одземен кокаин, додека на 01.01.2026 извршен е претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени и одземени 800 куршуми калибар 9 мм.

 

На 15.01.2026 во 23:55 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода Б.А.(42) од Велес. При сообраќајна контрола на улица „Сараевска“ во Велес,  сопрено е патничко возило „опел“ со велешки регистарски ознаки кое го управувал Б.А. и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,82 промили алкохол во крвта. Тој е задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.

 

На 15.01.2026 во 23:32 часот во СВР Битола е пријавено дека на регионалниот пат Битола - Прилеп, патничко возило „форд ескорт“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Ф.Б.(25) од Прилеп, излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничка болница Прилеп. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Битола.

 

На 15.01.2026 во 17:15 часот во атар на с.Беловодица, прилепско, полициски службеници од ОВР Прилеп  ги лишија од слобода Н.Б.(47) и Е.А.(45), двајцата од Прилеп, затоа што кај нив се пронајдени и одземени две моторни пили и бесправно исечени  дрва. Пилите и дрвата се предадена на шумска полиција за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.  

 

На 15.01.2026 во 08:15 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода Н.Ј.(34) од Косово. При извршена пасошка контрола и гранични проверки е констатирано дека Н.Ј. евидира на „стоп“ листа по барање на СВР Скопје.

 

На 15.01.2026 во 13:55 часот на ул.„Ѓорѓи Ѓоргон“ во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го лишија од слобода Х.Ќ.(29) од Струга поради сомнение дека извршил тешка кражба во продажен објект во Струга. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени повеќе разновидни производи кои потекнуваат од делото. Одземеното е вратено на сопственикот и по целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

 

На 16.01.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода В.Ј.(33) и Д.М.(30), двајцата од Скопје, како и С.Х.(26) од Холандија, со престој во Скопје, затоа што кај нив се пронајдени и одземени бела грутчеста материја и марихуана. По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.

 

На 16.01.2026 во 01:45 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип лишија од слобода двајца 17-годишници од Штип затоа што на ул.„Сутјеска“ во Штип биле забележани како фрлаат марихуана, која е пронајдена и одземена. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 15.01.2026 во 19:30 часот во Скопје, на подрачјето на Драчево, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода С.Г.(41) од Скопје, затоа што физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 16.01.2026 во 03:35 часот во СВР Скопје е пријавено дека во простории на финансиско друштво во трговски центар на подрачјето на Карпош било влезено со употреба на сила и биле одземени пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 15.01.2026 во 21:55 часот во СВР Скопје, од Казнено - поправната установа Затвор Идризово е пријавено дека околу 21:00 часот бил извршен претрес во повеќе простории во установата, при што се пронајдени и одземени марихуана, таблети и други предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против П.А.(59) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 26 и 27.12.2025 во семејниот дом во Гостивар, пријавениот се заканувал на неговата 54-годишна сопруга.

 

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Г.А.(25) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 15.07.2025 полициски службеници запреле патничко возило, управувано од пријавениот, при што тој од прозорец фрлил пакување со кокаин, марихуана и капсули, кои се пронајдени и одземени.

Мени за пристапност