Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок на дел од дневните настани 19.01.2026

Министерство за внатрешни работи Министерство за внатрешни работи

 

На 18.01.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода В.Р.(56), Ф.И.(22) и В.Г.(43), сите од Скопје, затоа што кај нив е пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.

 

На 18.01.2026 во 18:17 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека на кеј „9 Септември“ во Прилеп, патничко возило „фолксваген голф“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од П.С.(63) од Прилеп, удрило во паркирано патничко возило „опел“ со прилепски регистарски ознаки, паркирано од О.М.(50) од Прилеп. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил П.С., констатирани во Градската болница Прилеп. Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Прилеп.

 

На 18.01.2026 во 18:00 часот на Граничен премин Деве Баир, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода Е.К.(46) од Турција затоа што при гранична проверка и контрола на увид приложил фалсификувани зелени крати за товарното возило „форд“ со полуприколка со турски национални ознаки, кое го управувал. Тој е предаден на полициски службеници од ОВР Крива Паланка и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.    

 

На 18.01.2026 во 17:10 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода Џ.Д.(36) од Кавадарци. Тој се сомничи дека на улица „Ангел Мишев“ во Велес, на Ф.Б.(42) од село Горно Јаболчиште, општина Чашка му го одзел мобилниот телефон. Одземеното е пронајдено и вратено на сопственикот, а Џ.Д. е приведен во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 18.01.2026 во 18:30 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје ги приведоа В.А.(24) од Скопје, Г.С.(33) од Виница и А.Б.(47) од Скопје затоа што, по претходна расправија, го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 18.01.2026 во 19:40 часот во СВР Скопје, А.Б.(47) од Скопје пријави дека околу 18:30 часот на подрачјето на општина Аеродром, неговиот малолетен син бил нападнат со тврд предмет од В.А.(24) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 18.01.2026 во 23:35 часот во Скопје, на подрачјето на Чаир, полициски службеници од СВР Скопје го приведоа А.Ќ.(24) од с.Љуботен, скопско, затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 18.01.2026 во 14:04 часот во СВР Скопје, Ж.П.Т.(54) од с.Долно Лисиче, скопско, пријави дека во неговото дворно место, по претходна расправија, бил нападнат со тврд предмет од сосетката М.Т.. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.Б.(42) од с.Челопек, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност’’. На 14.08.2025 во негова нива во атар на село Челопек, тетовско, покрај регионалниот пат с.Брвеница - с.Радиовце, пријавениот запалил стрниште, по што настанал пожар кој се проширил и зафатил поголем дел од нивата.

 

На 18.01.2026 во 13:15 часот Е.О.(37) од Скопје пријави дека на подрачјето на Маџари нејзиниот малолетен син, кој бил заедно со уште двајца негови другари кои заминале на фудбалскиот стадион „Борис Трајковски“ да гледаат фудбалски натпревар, бил физички нападнат од неколку лица со фантомки, најверојатно малолетници, кои употребиле и тврди предмети, а двајца од нив снимале и со мобилен телефон. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 18.01.2026 во Полициската станица Струмица, Д.М. од село Самоилово, струмичко, пријавил дека на селска депонија во село Ново Коњарево, струмичко, пронашол граната. Извршен е увид и известен е инспектор од Дирекција за заштита и спасување.

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против Б.Р.(60) од Делчево поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“ и „загрозување на сигурностa”. На ден 06.12.2025 во дом во Делчево, по кратка расправија, пријавениот под дејство на алкохол со нож упатил закани кон родителите на жената со која живеел.   

Мени за пристапност