ОВР Берово поднесе кривична пријава против С.К.(32) од Берово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 11.12.2025 во Берово, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што се пронајдени и одземени бела грутчеста материја, дигитална вага и дробилка со остатоци од марихуана.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против Љ.С.(75) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 11.09.2025 во с.Трубарево, скопско полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што се пронајдени и одземени ловна пушка карабин, пиштол „М57“ со рамки, чаури и 87 куршуми различен калибар, кои неовластено ги поседувал.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против З.Р.(55) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување службено лице во вршење службено дејствие“. На 15.09.2025 во Гостивар, пријавената попречувала полициски службеник додека вршел службени дејствија.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против П.А.(28), С.А.(30), Е.А.(23), Г.А.(44) и А.А.(19), сите од с.Желино, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 26.09.2025 во с.Желино, по претходна расправија, пријавените физички нападнале 19-годишна девојка од истото село.
На 16.12.2025 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода П.Д.(34) од Скопје, Љ.Ј.(35) од с.Желино, тетовско и А.Н.(29) од Германија, затоа што кај нив се пронајдени и одземени бела прашкаста материја и марихуана. По целосно документирање на случаите, ќе следуваат соодветни поднесоци.
На 16.12.2025 во 17:35 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на магистралниот пат Кочани- Виница, на место викано „Сланечки дол“, патничко возило „пежо“ со винички регистарски ознаки, управувано од Б.Ќ.(48) од Виница, излетало надвор од коловозот. Од здобиените повреди на местото на настанот починал возачот, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт. По насоки на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кочани.
На 16.12.2025 во 17:45 часот во ОВР Кавадарци е пријавено дека на магистралниот пат Прилеп- Градско, во близина на Росоман, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Х.С.(32) од с.Манастирец, општина Росоман и трактор „имт 539“ со кавадаречки регистарски ознаки со приколка, управуван од А.Ѓ.(47) од с.Росоман. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Х.С., а со телесни повреди се здобил А.Ѓ., констатирани во Општата болница Кавадарци. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кавадарци.
На 16.12.2025 во 15:20 часот на Граничниот премин „Меѓународен Аеродром Скопје“, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода О.А.(46) од Р.Турција, затоа што при извршена гранична контрола и проверки во оперативна евиденција констатирано е дека евидира со мерка „апси“ по барање на Интерпол. Тој бил задржан во Полициската станица Кисела Вода за понатамошна постапка.
На 16.12.2025 во 01:50 часот на Граничниот премин „Meѓународен Аеродром Скопје“, на влез во државата, полициски службеници ги лишија од слобода М.Х.(26) од Италија и Ч.Л.(27) од Кина, затоа што при извршени гранични проверки констатирано е дека приложиле фалсификувани документи. Тие биле задржани во Полициската станица Гази Баба за понатамошна постапка.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Џ.С.(51) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 02.11.2025 во Гостивар, пријавениот се заканувал на полициски службеници кои вршеле службени дејствија.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против Д.В.(44) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 21.11.2025 во Скопје, полициски службеници извршиле преглед на пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ј.Х.(55) од тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“ и „неизвршување на судска одлука“. На 09.12.2025 во семејниот дом, пријавениот не го почитувал решението издадено од Основен суд Тетово за заштита од семејно насилство и упатувал закани на неговата сопруга.
На 16.12.2025 во 20:35 часот во СВР Скопје, Б.М.(36) од Скопје пријави дека околу 20:00 часот во угостителски објект на подрачјето на општина Аеродром, бил физички нападнат од С.Ж. и О.Ж.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 16.12.2025 во 15:50 часот во СВР Скопје, М.К.(39) од Скопје пријави дека на 15.12.2025 околу 15:00 часот во спортска сала од основно училиште на подрачјето на Центар, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од Б.П.-татко на негов соученик. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 16.12.2025 во 08:40 часот во СВР Скопје, од Градска општа болница „Св. Наум Охридски“ е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесен Р.Ј.(44) од с.Никиштане, скопско, кој, според пријавеното, со повредите се здобил додека извршувал работни задачи пред објектот на „Македонската Филхармонија“ во Скопје. Известен е трудов инспектор.
На 16.12.2025 во СВР Скопје, И.К.(41) од с.Петровец, скопско пријави дека околу 18:00 часот во с.Петровец, скопско, по претходно недоразбирање околу паркинг простор, Д.Д. се обидел физички да го нападне, а потоа му упатил закани со огнено оружје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.