Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок на дел од дневните настани 16.12.2025

Министерство за внатрешни работи Министерство за внатрешни работи

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ф.Р.(30) од с.Орашје, општина Јегуновце, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено изработување, држење, поседување и тргување со оружје или распрскувачки материјали“ и „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори’’. На 11.12.2025, полициски службеници извршиле претрес во домот и помошни простории на пријавениот, при што се пронајдени и одземени автоматска пушка, две рамки со 22 куршуми калибар 7.62 мм, 78 куршуми, марихуана, дигитална вага и дробилка.

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против З.М.(65) и В.Р.(42), двајцата од Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „бесправно градење“ и „несовесно работење во службата“. Првопријавениот, во март 2025 година во населба во Гостивар, во својство на инвеститор на станбен објект во градба, изградил објект на два ката без соодветна документација издадена од надлежен орган. Додека, второпријавениот, во својство на овластен градежен инспектор во општина Гостивар постапил спротивно на Законот за градење, односно не излегол на терен по службено барање од ОВР Гостивар во врска со вршење на увид на градбата.  

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против О.К.(33) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „телесна повреда“ и „загрозување на сигурноста“. На 12.10.2025 во семејниот дом, пријавениот се заканувал и физички ја нападнал неговата сопруга.  

 

На 15/16.12.2025 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода И.М.(31) од Охрид, С.С.(29) од с.Огњанци, скопско, Е.Х.(19), С.Р.(28), М.И.(40), Д.Џ.(21) и Б.Д.(21), сите од Скопје, затоа што кај нив се пронајдени и одземени бела прашкаста материја и марихуана. По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.

 

На 15.12.2025 во 12:40 часот во ОВР Свети Николе е пријавено дека кај плоштад Илинден во Свети Николе се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген пасат“ со светиниколски регистарски ознаки, управувано од В.Ц.(49) и велосипед, управуван од Д.М.(73), двајцата од Свети Николе. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Свети Николе.

 

На 15.12.2025 во 13:30 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека на крстосницата од ул.„Прилепски Бранители“ со ул.„Тризла“ во Прилеп, патничко возило „југо“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Ѓ.С.(84) удрило во 53-годишната Р.Ј., двајцата од Прилеп. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Р.Ј., констатирани во Општата болница Прилеп. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Прилеп.

 

На 15.12.2025 во 13:25 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека на крстосница од ул.„Тризла“, ул.„Горан Миноски“ и ул.„11 Октомври“ во Прилеп се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Ф.Р.(48) и мопед „томос“, управуван од малолетник, двајцата од Прилеп. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Клиничката болница Битола. Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Прилеп.

 

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното ОЈО за ГОКК– Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција поднесе кривична пријава против Б.И., командир на Полициско одделение Чегране, К.Б., Т.Е., В.Т. и Б.Е. , сите полициски службеници од Полициско одделение Чегране при СВР Тетово, поради основи на сомнение за сторно кривично дело ,,попречување на правдата“, предвидено и казниво по член 368 став 8 од Кривичниот законик. Пријавените полициски службеници во повеќе наврати во текот на 2025 година, постапувајќи по поплака за бесправно градење од подносител, измениле и изготвиле дополнителен службен материјал со кој ја промениле фактичката состојба, со што го спречиле, прикриле и го отежнале докажувањето за утврдување на бесправното градење во постапка која се води пред суд или друг орган надлежен за утврдување на бесправно градење. Воедно, пријавените извршиле преквалификација на примената поплака за бесправно градење во прекршок за лажно пријавување спрема подносителот на поплаката на начин што без да ја констатираат фактичката состојба изготвиле записник за констатиран прекршок и барање за поведување на прекршочна постапка против подносителот на поплаката. ОВККИПС по добиена согласност од ОЈО за ГОКК, против полициските службеници ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на одговорност за кршење на работниот ред и дисциплина и ќе изрече задолжителни мерки за одземање на службеното оружје и муниција и упатување  на задолжителен психолошки  и психијатриски преглед.

 

На 15.12.2025 полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода М.Х. (18) од Египет, поради сомнение дека во Транзитен центар во Табановце одзел предмети од контејнер, сопственост на Општинската организација на Црвен крст Куманово. М.Х. е приведен во полициска станица и против него до ОЈО Куманово е поднесена кривична пријава по брза постапка.

 

На 15.12.2025 во 15:30 часот во СВР Скопје, И.В.(45) од с.Идризово, скопско, пријави дека околу 03:00 часот, додека бил на работно место во хотел на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, бил физички нападнат од Е.Ј.Ч.(40) од Р.Турција, гостин во хотелот. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

               

На 15.12.2025 во 11:30 часот во СВР Скопје, А.Џ.(37) од  Скопје пријави дека на 12.12.2025 околу 12:00 часот пред основно училиште на подрачјето на Гази Баба, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од тројца негови соученици. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 15.12.2025 во 16:30 часот во СВР Скопје, 19-годишна жена пријави дека на 14.12.2025 околу 19:10 часот на автобуската постојка на подрачјето на Гази Баба, била физички нападната од нејзиниот поранешен партнер М.Ј.(29). Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

               

На 15.12.2025 околу 15:30 часот  во СВР Скопје, И.Н.(40) од с.Мршевци, скопско пријави дека околу 10:30 часот во основно училиште во с.Миладиновци, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од двајца негови соученици кои употребиле тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 15.12.2025 во 23:30 часот во Скопје, на подрачјето на Центар полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода П.К.(38) од Скопје, поради тоа што физички ја нападнал неговата 46-годишна вонбрачна партнерка. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

 

На 16.12.2025 во 04:58 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Љубанци, скопско, настанал пожар во куќа сопственост на Љ.С.(87). Повредени лица нема. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат. Извршен е увид.

 

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Е.П.(36) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 21.08.2025 во Скопје, полициски службеници извршиле преглед на пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана.

 

 

Мени за пристапност