Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок на дел од дневните настани 15.12.2025

Министерство за внатрешни работи Министерство за внатрешни работи

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ш.Р.(33) од Тетово и С.М.(19) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори’’. На 07.04.2025 во Тетово, полициски службеници извршиле преглед на второпријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана, која ја набавил од првопријавениот.

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.С.(36) од с.Слатино, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење на работи на безбедноста“. На 23.05.2025 на локалниот пат с.Џепчиште- с.Једоарце, тетовско, пријавениот физички нападнал полициски службеници кои вршеле службени дејствија. 

 

ОВР Демир Хисар поднесе кривична пријава против А.В.Г.(50), К.А.К.(44) и Т.К.К.(48), сите од Република Бугарија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело  „неовластена трговија со добра под привремена заштита, културно наследство и природна реткост“. На 09.12.2025 на ул.„Вељко Влаховиќ“ во Демир Хисар, полициски службеници извршиле преглед на товарно возило „пежо“ со бугарски регистарски ознаки, управувано од првопријавениот и патничко возило „голф“, управувано од третопријавениот, а сопатничка била второпријавената, при што се пронајдени и одземени предмети кои претставуваат културно наследство.

 

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Б.Р.(25) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“. На 19.10.2025 во Скопје, пријавениот со употреба на физичка сила од 31-годишен маж од Скопје одзел пари и му нанел повреди. 

 

На 14/15.12.2025 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода М.Е.(19) од с.Кондово, скопско, Т.П.(42), С.Б.(27), Б.Б.(37), Ф.Ч.(33), И.А.(37) и двајца 16-годишници, сите од Скопје, затоа што кај нив се пронајдени и одземени бела прашкаста материја, марихуана и нож. По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.

 

На 14.12.2025 полициски службеници од СВР Битола ги лишија од слобода К.Б.(35) и О.Н.(40), двајцата од Битола. Имено, по претходно издадена наредба од Основен суд Битола, полициски службеници од СВР Битола извршиле претрес во домот на К.Б.(35) од Битола, каде бил затекнат О.Н., а пронајдени се дигитална вага и други предмети со остатоци од прашкаста материја. Подоцна, исто така, со судска наредба, извршен е и претрес во домот на О.Н., при што се пронајдени и одземени повеќе дигитални ваги. По документирање на настанот, против двајцата ќе следува соодветна пријава.

 

На 15.12.2025 во 05:40 часот во СВР Битола е пријавено дека на крстосница од ул.„Филип Втори Македонски“ и ул.„Столарска“ во Битола, патничко возило „хјундаи” со битолски регистарски ознаки, управувано од 21-годишната И.А. од Битола, удрило во пешакот Ј.Н.(57). Во несреќата Ј.Н. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола. Увид извршила увидна екипа на СВР  Битола.

 

На 14.12.2025 во 16:40 часот  во СВР Скопје, од Казнено- поправната установа Затвор Идризово е пријавено дека околу 14:50 часот е извршен претрес кај осуденикот Б.В.(47) од Скопје, при што кај него се пронајдени марихуана и кафеава материја. Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје ја подигнале дрогата за понатамошна постапка, а по расчистување на случајот ќе следува соодветна пријава. 

 

На 14.12.2025 во 00:45 часот во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје го приведоа С.Ц.(45) од Скопје затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои вршеле службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 14.12.2025 во 16:20 часот на Граничен премин Табановце, полициски  службеници го лишија од слобода О.А.(27) од Република Турција. При излез од државата тој не поседувал никакви документи, а по извршени проверки утврдено е дека по барање на Интерпол по него е распишана меѓународна потерница и бил баран за издржување на затворска казна од осум години. Тој е пренесен во прифатен центар за странци во Скопје за понатамошна постапка. 

 

На 15.12.2025 околу 02:25 часот во СВР Скопје, Ј.Ј.(42) од Пробиштип пријави дека на паркинг простор на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, по претходна расправија, бил физички нападнат од О.А.(37) од Скопје. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

 

На 14.12.2025 околу 14:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека во штала во с.Арнакија, скопско, по претходно нерасчистени имотно-правни односи бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу М.З.(24), Л.З.(21) и Р.З.(59), од една страна и А.З.(63), С.З.(30) и Б.З.(35) од друга страна, при што биле употребени и тврди предмети. Притоа, со тешки телесни повреди се здобил Р.З., додека со повреди се здобиле М.З. и Б.З., констатирани во Градската општа болница „8 Септември“ и Комплексот клиники „Мајка Тереза“. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава. 

 

На 14.12.2025 во 12:30 часот во СВР Скопје, Н.С.(49) од Скопје пријави дека на 13.12.2025 околу 20:30 часот на подрачјето на Центар, нејзиниот 13-годишен син и негови тројца другари биле физички нападнати од неколку малолетници, од кои едниот употребил и тврд предмет, а кои претходно им барале пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 15.12.2025 во 01:50 часот во Полициската станица Гази Баба, И.Т.(51) од с.Инџиково, скопско, пријави дека од домот се оддалечил неговиот син А.Т.(30). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

 

ОВР Неготино, до Основното јавно обвинителство Кавадарци, поднесе кривична пријава против Л.П.(42) од Демир Капија, П.Ј.(50) од Неготино, против општина Демир Капија и јавно претпријатие за комунални работи „Бошава“ од Демир Капија поради постоење основи за сомнение дека сториле кривично дело „загадување на животната средина и природата“ по член 218 од Кривичниот законик. Во периодот од јуни до октомври 2025 година, Л.П. во својство на поранешен градоначалник на општина Демир Капија и П.Ј., во својство на поранешен директор на јавното претпријатие за комунални работи „Бошава“, овозможиле инсталирање на несоодветна електрична и водоводна мрежа на претходно избушен бунар за вода за пиење во село Прждево, демиркаписко, без да поседуваат документација за техничка исправност на бунарот. Во наведениот период во повеќе наврати овозможиле дотур на водата до резервоарот за вода за пиење и со тоа ги занемариле законските обврски и дозволиле бунарот да биде слободно достапен на жителите на село Прждево, со што придонеле за настанување на состојба на контаминација на водата за пиење, која била закана по здравјето на околу 120 жители на селото.

 

 

 

Мени за пристапност