СВР Штип поднесе кривична пријава против Н.С.(39) од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. Во јуни 2025 година полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавената, при што се пронајдени и одземени дигитална вага со остатоци од хероин.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.А. (44) од с.Боговиње и Ф.А.(45) од с.Боговиње, во својство на управител на правен субјект, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „уништување или оштетување на јавни инсталации’’. На 29.09.2025 првопријавениот во дворот од Клиничка болница Тетово, додека изведувал работни задачи со работна машина – багер, во сопственост на правното лице, оштетил електрични кабли за струја, по што, голем дел од градот Тетово останал без електрична енергија.
СВР Штип поднесе кривична пријава против З.Е.(38) од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“. На 01.09.2025 пријавениот без дозвола и согласност од лице од Штип, со намера за искористување на нејзините банкарски податоци, неовластено навлегол во банкарскиот систем - банкомат од банка, додека се уште била активна сесијата од бесконтактната најава со банкарска картичка, по што извршил една трансакција, стекнувајќи се со противправна имотна корист во вкупен износ од 25.000 денари.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Е.Б.(33) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. Пријавениот, се претставил како вработен во туристичка агенција во Куманово и со намера да прибави противправна имотна корист, довел во заблуда едно лице за резервација за летување за две семејства во Р.Турција, во износ од 373 890 денари.
На 17/18.12.2025 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Г.Ф.(35) од Радовиш и 16-годишник од Скопје, затоа што кај нив се пронајдени и одземени бела грутчеста материја и марихуана. По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.
На 17.12.2025 околу 20:25 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосницата од ул.„Лука Геров“ со ул.„Андон Кецкаров“ во Скопје, патничко возило „порше“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ќ.К.(52) од Скопје, удрило во 56-годишната Ц.Ц. од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Ц.Ц., констатирани во приватна болница во Скопје. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
На 17.12.2025 околу 07:45 часот во СВР Велес е пријавено дека на регионалниот пат од Градско кон Неготино, во близина на мостот на Црна Река, патничко возило „форд“ со велешки регистарски ознаки, управувано од П.Б.(44) од Градско, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општата болница Велес. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Велес.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.Х.(44) од село во општина Боговиње, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „фалсификување исправа“ и „употреба на исправа со невистинита содржина“. Во текот на 2024 година пријавениот извршил противправно присвојување на имот кој не му припаѓа, односно изготвил фалсификуван документ кој наводно го потпишал неговиот покоен татко и незаконски се стекнал со земјиште, при што со купопродажен договор склучен на нотар, го продал земјиштето на лице од с.Боговиње, а потоа истото земјиште со договор на нотар му го подарил на лице од с. Пирок.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава против 16-годишен малолетник од Крива Паланка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 30.11.2025 на место викано „Самоков“, атар на с.Трново, кривопаланечко, пријавениот со употреба на дрвен предмет, нападнал 13-годишник.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднесе кривична пријава против Д.И.(48) од Пробиштип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување службено лице во вршење службено дејствие“. На 28.10.2025 во Пробиштип, по завршување на настан организиран од „Здружение на пензионери“ од Пробиштип, одржан во Пензионерски дом-Пробиштип, пријавениот ја спречил новинарката А.П., како службено лице ангажирана од медиум, да му постави прашања на заменик- министер, кој присуствувал на настанот.
На 18.12.2025 во 01:00 часот во СВР Скопје, Е.М.(61) од Скопје пријави дека на подрачјето на општина Аеродром, едно лице со употреба на физичка сила и одзело чанта со паричник со лични документи, пари и два мобилни телефони. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 17.12.2025 во 13:50 часот во СВР Скопје, О.Т.(64) од Скопје пријави дека околу 13:30 часот на подрачјето на Ѓорче Петров, едно лице со употреба на физичка сила и одзело паричник со пари и лични документи. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 17.12.2025 во 22:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека во угостителски објект на подрачјето на општина Аеродром, по претходна расправија бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу П.А.(19) и Л.Ѓ.(19), двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 18.12.2025 во 04:30 часот во СВР Скопје, 44-годишен маж од скопско, пријави дека на 17.12.2025 околу 23:30 часот во семејниот дом, неговата 42-годишна сопруга физички го нападнала нивниот малолетен син, кој е со здравствени проблеми. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против З.Ј. од с. Љубодраг, кумановско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи’’. На 26.08.2025 полициски службеници извршиле претрес во домот и други простории на пријавениот, при што се пронајдени и одземени куршуми калибар 9 мм.
На 17.12.2025 полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода Е.Ќ.(36) од Битола, постапувајќи по претходна пријава, дека на 15.12.2025 во семејниот дом на 34- годишен маж од Битола одзел пари. При обид да избега, бил затекнат од сопственикот, кого физички го нападнал и употребил остар предмет. Од судија на претходна постапка на Е.Ќ. му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена, по што е спроведен во Казнено - поправната установа Затвор Битола за издржување на мерката.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Т.(55) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“. Тој, на имот во државна сопственост, во близина на течението на реката Грашница во Охрид, неовластено и спротивно на одредбите од Законот за градба, изградил објект.