На 16/17.11.2025 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода А.К.К.Ч.(26) од Турција, Ф.А.(39) од с.Љуботен, скопско, Д.Р.(23) и Ф.С.(27), двајцата од Скопје, затоа што кај нив се пронајдени и одземени кафеава прашкаста материја, прашкаста материја и марихуана. По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.
ОВР Радовиш поднесе кривична пријава против А.И.(30) од Радовиш поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 08.07.2025, полициски службеници извршиле претрес во домот и други простории кај пријавениот, при што се пронајдени и одземени марихуана и дробилка.
На 16.11.2025 во 16:50 часот во Полициската станица Валандово е пријавено дека на регионален пат помеѓу село Удово и Валандово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Е.А.(42) од село Старо Балдовци, општина Босилово и мотоцикл „бмв“ со кавадаречки регистарски ознаки, управуван од Г.Б.(52) од Кавадарци. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле мотоциклистот и неговата сопатничка Е.Б.(50) од Кавадарци, а со телесни повреди се здобил малолетен сопатник во патничкото возило, констатирани во Медицински центар Гевгелија. Увид на местото врши екипа на ОВР Валандово.
СВР Куманово поднесе кривична против Н.П.(45) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување на употреба наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори’’. На 25.05.2025 во Куманово, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „форд“, управувано од пријавениот, при што кај неговиот сопатник Е.Г. од Куманово е пронајдена марихуана, која претходно ја набавил од пријавениот.
На 16.11.2025 во 10:40 часот во СВР Тетово е пријавено дека на крстосница од бул.„Видое Смилевски Бато“ со ул.„29 Ноември“ во Тетово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од М.Ф.(33) од с.Долно Палчиште и патничко возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Џ.Ј.(64) од Тетово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило „бмв“, додека со телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило „мерцедес“, констатирани во Клиничка болница Тетово. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Тетово.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Љ.(29) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 12.04.2025, полициски службеници извршиле претрес во домот и помошни простории на пријавениот, претреси во две куќи во Тетово и во објект во населба Дреновец, сопственост на Е. Љ., каде биле затекнати М.Љ., татко на Е.Љ., и пријавениот, при што се пронајдени и одземени кокаин и пиштол.
На 16.11.2025 во 21:00 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода К.Ж.(23) од Куманово. Имено, по завршување на кошаркарскиот натпревар во спортска сала во Куманово помеѓу екипите на МКК Куманово и КК Пелистер од Битола, настанала физичка пресметка помеѓу навивачите на двете екипи, а биле физички нападнати полициски службеници кои извршувале службени дејствија. Притоа, К.Ж. е забележан како со тврд предмет ги оштетува возилата на гостинскиот тим и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сите учесници во пресметката и за целосно расчистување на случајот.
ОВР Струга поднесе кривична пријава против Н.Т.(37) од с.Мешеишта, општина Дебрца, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 02/03.10.2025 во атарот на струшкото село Мислешево, полициски службеници од ОВР Струга го затекнале пријавениот како управува патничко возило „митсубиши паеро“ без регистарски таблички натоварено со огревно дрво без документација. Притоа, тој се обидел со возилото да ги удри полициските службеници, по што е лишен од слобода.
На 16.11.2025 во 17:00 часот во ОВР Струга, полициски службеници од ОВР Струга го лишија од слобода К.Р.(33) од струшкото село Октиси, постапувајќи по претходна пријава дека околу 16:30 часот на ул.„Маршал Тито“ во Струга со употреба на физичка сила ѝ го одзел личниот накит на Е.Ш.(21) од с.Делогожда, струшко. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против Б.А.(37) и Д.А.(23), двајцата од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 07.09.2025 во продажен објект во Кочани, пријавените агресивно и недолично се однесувале кон вработени во објектот.
На 16.11.2025 во 21:00 часот во близина на струшкото село Радолишта, полициски службеници од Полициската станица за Граничен надзор Франгово го приведоа О.Ц.(20) од Република Албанија. Тој претходно нелегално ја преминал македонско-албанската државна граница и бил затекнат како со патничко возило „сузуки“ без регистарски ознаки врши нелегален транспорт на огревно дрво без жиг и без да поседува соодветна документација. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднесе кривична пријава против В.М.(31) од с.Злетово, пробиштипско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“. На 24.09.2025 пред продажно место во селото, пријавениот физички нападнал 12-годишник.
На 16.11.2025, врз основа на претходно изготвен план, во соработка со Центарот за социјални работи Куманово, полициски службеници од СВР Куманово ги лишија од слобода С.А.(28), Т.Џ.(42) и С.Б.(33), сите од Куманово и С.С.(27) од Скопје затоа што тие биле забележани како питачат со нивните малолетни деца. Против нив ќе бидат поднесени кривични пријави за „запуштање и малтретирање на дете“ по член 201 од Кривичниот законик.
СВР Велес поднесе кривична пријава против А.С.(36) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 11.11.2025 во Велес, полициски службеници извршиле преглед на пријавениот, при што се пронајдени и одземени кокаин и хероин.
На 16.11.2025 околу 04:00 часот во ОВР Кавадарци, од Општа болница Кавадарци e пријавено дека кај нив со повреда бил донесен малолетник од Кавадарци. Според пријавеното, додека бил во домот на негов малолетен другар во Кавадарци, пронашлe воздушна пушка и додека ја разгледувале, едниот малолетник случајно испукал една дијабола и го повредил другарот. Во ОВР Кавадарци бил извршен службен разговор со малолетникот во присуство на родител и адвокат за малолетници, а воздушната пушка била пронајдена и одземена. Увид извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци, известени биле јавен обвинител и Центар за социјални работи Кавадарци и по документирање на настанот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 15.11.2025 во 16:45 часот во скопско село, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Д.З.(40), постапувајќи по претходна пријава дека околу 15:00 часот во семејниот дом физички ја нападнал неговата 71-годишна мајка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
СВР Куманово поднесе кривична против тројца малолетници, сите од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“. На 23.09.2025 во Куманово, пријавените физички нападнале друг малолетник.
На 16.11.2025 во 19:35 часот во СВР Скопје е пријавено дека на 15.11.2025 околу 13:00 часот на подрачјето на општина Аеродром, Р.З.(65) од с.Трубарево, скопско, по претходна расправија, бил физички нападнат од две женски лица, во чиј двор претходно извршувал работни задачи. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 16.11.2025 во 19:20 часот во СВР Скопје, Д.Д.(31) од Скопје пријави дека околу 16:00 часот на подрачјето на Гази Баба бил физички нападнат од С.В.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 16.11.2025 во 12:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека во домот на подрачјето на Драчево пронајден е починат М.А.(55) од Скопје. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.