На 15/16.11.2025 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Е.М.(44), Е.М.(22), И.Д.(36), А.В.(26), А.П.(24) од Скопје, 16-годишник од с.Идризово, скопско и Р.М.(25) од Гостивар затоа што кај нив се пронајдени и одземени бела прашкаста материја, бела грутчеста материја и марихуана. По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.
На 15.11.2025 околу 23:10 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Борис Трајковски“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Х.(56) од Скопје и патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано Ф.П.(28) од Скопје. Од здобиените повреди на местото на несреќата починал возачот на патничкото возило „фолксваген голф“ С.Х., а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Со телесни повреди се здобиле неговите сопатници Н.Х.(52) и 24-годишната М.Р.А., двајцата од Скопје и Ф.М.(28) од Косово и возачот на патничкото возило „бмв“, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ и Комплекс клиники „Мајка Тереза“. Увид на местото на несреќата извршиле јавен обвинител и полициски екипи, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено за обдукција.
СВР Велес поднесе кривична пријава против И.С.(50) од с.Мелница, општина Чашка, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 10.01.2025, полициски службеници извршиле претрес во домот и помошни простори на пријавениот, при што се пронајдени и одземени марихуана и канабис.
На 15.11.2025 во 17:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Сава Михајлов“ во Скопје, 15-годишна малолетничка од с.Инџиково, скопско, управувајќи електричен тротинет изгубила контрола и паднала на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката и нејзината 14-годишна сопатничка, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.
На 14.11.2025 во 16:00 часот во СВР Охрид е пријавено дека при изведување градежни работи и ископ во струшкото село Калишта била пронајдена неексплодирана артилериска граната калибар 105 милиметри. Овластено лице од Дирекцијата за заштита и спасување безбедно ја подигнал гранатата, а увид изврши екипи од СВР Охрид.
На 15.11.2025 околу 16:40 часот во ОВР Валандово е пријавено дека на регионален пат во с.Јосифово, валандовско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу трактор „имт“, управуван од Д.М.(40) од с.Удово, валандовско и патничко возило „сузуки“ со косовски национални ознаки, управувано од Љ.П.(37) од с.Јосифово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи, констатирани во Општа болница Гевгелија. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Валандово.
СВР Битола поднесе кривична пријава против Н.Р.(40) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено произвотство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. Полициски службеници извршиле претрес во домот и помошните простории на пријавениот, при што се пронајдени и одземени хашиш, марихуана, дигитална вага и други предмети.
На 15.11.2025 во 15:10 часот во СВР Охрид е пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Ресен, кај охридското село Лескоец, патничко возило „фолксваген поло“ со охридски регистарски таблички, кое го управувала Н.А.(54) од истото село, удрила во мопед кој го управувала В.М.(53) од Охрид. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила В.М., констатирани во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид. Увид на местото на незгодата извршила екипа од СВР Охрид.
На 15.11.2025 во 22:10 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип ги лишија од слобода Т.М.(19) од Штип и И.К.(21) од с.Таринци, општина Карбинци. При преглед во возилото во кое биле, кај нив се пронајдени и одземени бела прашкаста материја и марихуана. Запознаен е јавен обвинител и по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против правно лице од тетовско, против С.Д.(32) - сопственик на правниот субјект и А.Д.(35) - вработен во правниот субјект поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. Имено, на почетокот на февруари 2025 година пријавените како посредници се договориле со лице од Косово, кој има транспортна фирма, да изврши транспорт на стока од Германија до Албанија за фирмата нарачател од Албанија. Откако бил извршен транспортот, фирмата од Албанија извршила исплата на средствата за транспорт на пријавените, но тие не му платиле на лицето од Косово, по што тој во јуни го пријавил настанот.
На 15.11.2025 во 14:50 часот во ОВР Дебар е пријавено дека на регионалниот пат Бошков Мост- село Гари, Ј.Ц.(43) од Дебар, управувајќи мотоцикл со дебарски регистарски ознаки, изгубил контрола и со мотоциклот паднал на коловоз. Тој е пренесен во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на незгодата извршија полициски екипи.
На 15.11.2025 во 20:00 часот во СВР Скопје, А.С.(28) од Скопје пријави дека околу 18:30 часот на подрачјето на Центар во Скопје бил физички нападнат од две лица, од кои едниот употребил метален предмет, при што му биле одземени пари, му го оштетиле мобилниот телефон, а настанот го снимиле со мобилен телефон. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 15.11.2025 во 10:47 часот во СВР Скопје, од Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ Скопје е пријавено дека кај нив со тешка телесна повреда е донесен Џ.З.(58) од Скопје. Според пријавеното, тој се здобил со повредите додека извршувал работни задачи во приватна фирма во нас.Пинтија, скопско. Извршен е увид и известен е трудов инспектор.
На 16.11.2025 околу 01:30 часот во СВР Скопје, И.А.(37) од Драчево, скопско, пријави дека на 15.11.2025 околу 21:00 часот на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од С.О. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Ноќеска (16.11.2025) околу 01:10 часот во СВР Скопје е пријавено дека во домот на подрачје на Карпош во Скопје е пронајден починат З.С.(55) од Скопје. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.
На 15.11.2025 во 22:40 часот во СВР Скопје, М.П.(37) од Скопје пријави дека нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од неговиот дедо – татко на нејзиниот поранешен сопруг. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
На 15.11.2025 во 22:00 часот во СВР Скопје, М.Н.(22) од с.Стајковци, скопско, пријави дека околу 19:00 часот во с.Стајковци, скопско, неколку лица му се заканувале, по што побегнал, а откако подоцна повторни ги сретнал со неговото возило, едно од лицата со дрвен предмет му го оштетил возилото. Според пријавеното, тој и претходните денови добивал закани од С.Ј. поради нерасчистени должничко-доверителски односи. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 15.11.2025 во 09:50 часот во СВР Штип е пријавено дека на ул.„Првомајска“ во Пехчево настанал пожар во куќа, сопственост на Д.А.(74). Од екипа на Територијалната противпожарна единица Штип пожарот е изгаснат, а повредени лица нема. Увид е извршен.