На 14/15.11.2025 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода О.Б.(25), Ф.П.(20) и Ш.И.(28) сите од Турција, со привремен престој во Скопје, О.Ф.(20), М.Д.(28), Н.М.(26), Д.С.(42), Е.С.(18), Д.К.(28), О.Б.(29), Г.Р.(39), А.Д.(20) и 19-годишната Т.З., сите од Скопје, затоа што кај нив се пронајдени и одземени бела грутчеста материја, бела прашкаста материја, прашкаста материја, марихуана и дробилка.По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.
Денеска (15.11.2025) во 06:00 часот во ОВР Гевгелија е пријавено дека на регионалниот пат од место викано „Чавдарова чешма“ кон обиколница Богданци, патничко возило „ауди“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(26) од с.Црничани, дојранско, удрило во канделабра и во сообраќаен знак, откако претходно избегнал и не удрил во домашно животно. Во несреќата со тешки телесни повредо се здобил возачот, констатирани во Општа болница Гевгелија. Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Гевгелија.
Денеска (15.11.2025) во 00:25 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од бул.„Словенија“ и стар Качаначки пат во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.И.(36) од с.Брест, скопско и патничко возило „порше“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.А.(43) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Р.И., а со телесни повреди се здобил возачот Ф.А. и неговите сопатници Џ.А.(43) и 16-годишник, двајцата од Скопје, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Надворешната канцеларија за криминалстички работи Кочани поднесе кривична пријава против С.М.(38) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 28.03.2025 во Кочани, полициски службеници извршиле преглед на пријавениот, при што пронајдоа и одзедоа хероин, марихуана и дигитална вага.
На 14.11.2025 во 21:25 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од бул.„Борис Трајковски“ и ул.„Народни херои“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.К.(33) од с.Морани, општина Студеничани и патничко возило „опел“ управувано од Д.М.(45) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила 30-годишната С.К. од с.Морани, сопатничка во возилото „голф“, а со телесни повреди се здобил 10-годишник од с.Морани, сопатник во истото возило, како и возачот Д.М., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ и во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
На 14.11.2025 во 22:26 часот во СВР Битола е пријавено дека на бул.„1 Мај“ во Битола, патничко возило „опел корса“ со битолски регистарски ознаки, управувано од К.Ј.(66) од Битола, удрило во 23-годишната П.Р. и 23-годишната М.М., двете од Битола. Притоа, П.Р. се здобила со тешки телесни повреди, додека со телесни повреди се здобила М.М., констатирани во Клиничка болница Битола. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против Ф.С.(32) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување на употреба наркотични дроги“. На 17.04.2025 на магистралниот пат Кичево-Охрид, полициски службеници извршиле преглед над патничко возило „фиат’, управувано од пријавениот, во кое било уше едно лице, при што во возилото е пронајдена и одземена дробилка со остатоци од марихуана.
На 14.11.2025 во 09:15 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на ул.„Драге Тодороски“ во Гостивар, 41-годишната С.А. од Гостивар, управувајќи електричен тротинет, изгубила контрола и паднала на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.А., констатирани во Медицински центар Гостивар. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.
На 14.11.2025 во 15:10 часот во Полициското одделение Нов Дојран, Ј.К.(55) од Стар Дојран пријави дека при извршување земјоделски работи со трактор во нива во Нов Дојран пронашол три експлозивни направи. Пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување безбедно ги подигнал експлозивните направи и констатирал дека се работи за три неексплодирани артилерски гранати.
На 14.11.2025 во 15:30 часот во СВР Охрид е пријавено дека на две различни локации во водите на Охридското езеро кај охридското село Пештани пронајдени се четири неексплодирани експлозивни направи. Извршено е обезбедување на местата, а известен е и пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување за безбедно подигнување на гранатите.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Х.Х.(39) од с.Жеровјане, општина Боговиње и против негов правен субјект од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“. На 27.06.2025, К.К. (29) од Тетово застанала под тенда на правниот субјкет, која се откачила поради невреме и паднала врз неа и врз уште едно лице.
На 14.11.2025 во 13:30 часот во СВР Скопје, А.А.(27) од Скопје пријави дека околу 13:00 часот, по претходно случена сообраќајна незгода на подрачјето на Чаир, бил физички нападнат од А.М.(43) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 14.11.2025 во 23:50 часот во СВР Скопје, В.Р.(58) од Скопје пријавила дека на опдрачјето на општина Аеродром во Скопје, едно лице физички ја нападнало и ѝ одзело чанта со пари и лични документи. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
СВР Штип поднесе кривична пријава против А.Ч.(43) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непријавување на кривично дело или сторител“ и „помагање на сторител по извршување на кривично дело“. На 02.10.2025, додека извршувал работни задачи во СВР Штип, пријавениот свесно пропуштил да пријави извршено кривично дело „тешка телесна повреда” од страна на едно лице, на кого со прикривање на трагите и предметите кои потекнуваат од извршеното кривично дело, му помогнал да не биде откриен.
На 14.11.2025 во 13:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека настанал пожар во стан на ул.„Коце Металец“ на подрачје на Гази Баба во кој немало никој. Пожарот е изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема. Увид е извршен.
На 14.11.2025 во СВР Скопје, од Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ е пријавено дека кај нив со прострелна рана на десната нога е донесена Љ.И.(46) од Скопје. Како што пријавил нејзиниот син Д.И.(21), на 13.11.2025 околу 17:00 часот во нивната викенд куќа во с.Брест, скопско, пукал со воздушна пушка во мета и не ја забележал неговата мајка Љ.И., која поминувала пред него, по што ја погодил на ногата. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 15.11.2025 околу 06:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Гоце Делчев“ во Скопје настанал пожар во автобус на ЈСП во движење, кој бил без патници. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот е изгаснат, а повредени лица нема.